Видео: Куче застана на задните нозе и ги воодушеви минувачите - Канал 5

Видео: Куче застана на задните нозе и ги воодушеви минувачите

Куче застана на задните шепи и стори нешто поради што минувачите останала со отворени усти.

Видео: Куче застана на задните нозе и ги воодушеви минувачите

Кучињата отсекогаш се верни пријатели на човекот, често не оставаат во чудо со своите постапки.

Гестовите со кои кучињата ја покажуваат својата верност се секојдневна појава, има и работи што знаат да не насмеат до солзи.

Еден таков пример е забележан со мобилен телефон од случајни минувачи, за време на прошетка.

Кучето одлучило да покаже што знае и да го израдува својот сопственик.

Пред скалите домашниот миленик застана на задните шепи и како човек започна да се качува по скалите на чии крај го чекаше неговиот пријател, случајните минувачи не можеа да веруваат што гледаат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Германските власти наредија евакуација на околу 1.800 луѓе рано утринава, откако шумски пожар во западниот дел на земјата се прошири кон село во близина на белгиската граница, пренесува Ројтерс.

Голем пожар во Германија, евакуирани околу 1.800 луѓе

Во соопштението објавено во 4:00 часот наутро, општинските власти им наложија на жителите на селото Гај (Gey) веднаш да ги напуштат своите домови.

Тие беа упатени кон прифатниот центар организиран во основното училиште во блискиот град Страс (Strass) и замолени со себе да ги земат само најнеопходните работи, личните документи и потребните лекови.

Во четвртокот, надлежните потврдија дека е започната голема интервенција поради пожар што зафати околу 25 хектари од блиската шума. Пожарникарите и службите за итни интервенции се обидуваат да го стават пожарот под контрола, а патот Б399 во тој дел е затворен за сообраќај.

Метеоролозите предупредуваат дека големи делови од Германија се соочуваат со суша и висок ризик од шумски пожари. Европа е континентот што најбрзо се загрева во светот и оваа година се соочува со невообичаено интензивна сезона на пожари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

Хрватското крајбрежје кај градот Омиш се соочува со пожари.

14 хоспитализирани, а изгорени се куќи и автомобили во Хрватска кај Омиш

36 лица биле примени во сплитската болница ,а 14 лица се хоспитализирани, изгорени се куќи и автомобили.

Пожарот што избувна во Локва Рогозница синоќа се прошири и во градот Омиш.

Неколку стотици луѓе се евакуирани, а за жал повредени се и локални жители и пожарникари. Информации пристигнуваат и од терен за изгорени куќи и автомобили. Пристигнуваат и канадери за да им помогнат на исцрпените противпожарни екипи.изгорената површина се проценува помеѓу 900 и 1000 хектари.

Во текот на ноќта, пожарот, носен од силни ветрови, се проширил сè до Омиш.

Во еден момент, пожарот се приближил на 50 метри од центарот на градот. Некои делови од градот останале и без електрична енергија.

Нема информации дали има македонски граѓани затеканати во градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Гостиварци извесно е дека од денеска ќе имаат безбедна  вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките пар

Од денеска се очекува укинување на забраната за пиење вода во Гостивар

Од локалниот кризен штаб за Канал 5 вчера потврдија дека до примероците земени вчера се добри и доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува денеска да биде укината забраната за нејзино користење за пиење.-трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа.

Резултатите што ги добиле се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште едни резултати.

Од кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од институтот за јавно здравје и агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер