Петрушевски: Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДС
2Петрушевски: Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДС
3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
ЗабаваВидео: Кристијано Роналдо како машина, направи 142 стомачни за 45 секундиКристијано Роналдо има 35 години но и понатаму е еден од најдобрите и најподготвените фудбалери на светот.Асот на Јувентус не застанува, Роналдо е голем работник што секогаш го покажува. Клучот за неговите успеси во фудбалот не е само неговиот талент, туку и напорната работа и тренинг со што стигна до таму каде што е, на врвот. Роналдо кога поголемиот број од спортистите одмараат , посебно по напорните сезони, тој тренира и тренира. Кристијано сега поради епидемијата на коронавирусот е во изолација со семејството во родната Мадеира.Капитенот на Португалија и сега секојдневно напорно тренира за да ја одржи својата врвна форма и става. Роналдо на социјалните мрежи објави видео на кое покажа дека е вистинска машина, за само 45 секунди тој успеа да направи дури 142 стомачни вежби. View this post on Instagram Hey guys, I have a new challenge for you to stay active: the Living Room Cup 🏆. Can you step up and beat my core crusher record? Show me what you got and use #livingroomcup #playinside @nike @cristiano so I can 👀 you! A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on Apr 5, 2020 at 9:11am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈО: Тетовец осомничен за загрозување на сигурноста на сопругата и ќеркатаОсновното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 50-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Неизвршување судска одлука според чОсомничениот, на 14 август, при вршење семејно насилство, сериозно се заканил дека ќе нападне врз животите на неговата сопруга и ќерка. Кога во нивниот дом дошле непознати лица, барајќи од осомничениот да им врати 200 евра кои му ги дале за наводно лекување и дијализа на девојчето, сопругата признала дека ги измамил и рекла дека ќе повика полиција. Во тој момент осомничениот започнал да го удира девојчето и да им се заканува дека ќе ги запали доколку го приведе полиција. Со ова тој предизвикал чувства на загрозување и страв кај оштетените, а ги прекршил и мерките за заштита од семејно насилство кои му биле претходно определени од Основниот суд во Тетово. Ценејќи ги сите овие околности, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДСФилипче кој е на Егејот веќе има симптоми на сончаница, целосно е дезориентиран и тој, а и СДС, граѓаните да немаат грижа и водата во Гостивар е безбедна за пиење.Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ СДС и раководството на партијата поставено од Зоран Заев освен што постојано сведочиме како шират лаги, паника меѓу граѓаните, веќе покажуваат и целосна дезориентираност. Така закажуваат, па презакажуваат, па откажуваат настани. Претседателот Венко Филипче кој е заедно со Заев на Егејот, најдобро да се врати час поскоро затоа што почнаа да се покажуваат првите симптоми кога ќе те удри сонце во глава, а тоа е дезориентираност. Видливо е дека во СДС навистина се во целосен хаос. Во оваа прилика ќе им укажеме дека нивните кажувања останаа на ширење лаги и паника кај граѓаните и не само лаги, туку и опасни информации по здравјето за граѓаните. Прво, факт е дека водата е безбедна за пиење во Гостивар. Сите надлежни инситутции во соодветен рок ги направија сите неопходни испитувања и вчера се покажа дека водата е веќе безбедна за пиење. Но, СДС и по оваа вест почна да зборува во празно, да бара документи. Второ, лагата за водата во Скопје ги надмина сите размери на политичка пропаганда, односно беше опасна здравствена информација за граѓаните на главниот град, но веднаш побиена со докази. За крај денеска имаме само едно да кажеме, граѓаните се безбедни и водата за пиење и во Гостивар е безбедна. Оваа Влада се грижи за секој еден граѓанин. А на СДС, најдобронамерно им кажуваме, час поскоро да се соземат, бидејќи хаосот во кој се, е преголем и им станува само дополнителен проблем во опстојување на политичката сцена. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Наместо срамна здравица пред камери, објавете го извештајот за водата во ГостиварВо Гостивар вчера видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица, пијат вода пред камери, велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“. А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Цел град беше отруен, 5.000 луѓе беа заболени. Прво најавуваа дека резултатите ќе бидат готови дури на 20 август. Сега, под притисок на јавноста, наеднаш велат дека водата е чиста - шест дена порано. Како до вчера, 20 август, а денес нагло сè е во ред? И се уште нема официјално објавен документ со кој се потврдува дека водата е чиста и здрава за пиење. Оваа ситуација бара одговорност, а не циркуз. Во прашање се здравјето и животите на граѓаните на Македонија. Пет недели граѓаните се изнаслушаа различни и контрадикторни информации од сите надлежни – од Мицкоски, Клековски, Ангелов.... Прво водата беше прогласена безбедна за употреба како техничка, потоа рекоа дека има бактерии. Пред прогласувањето на епидемијата исто така водата беше прогласена за исправна. А никогаш немаше ниту еден извештај, анализа, резултат. Граѓаните на Гостивар имаат право да знаат. Која институција направила анализа на водата и кои се резултатите? Кој го потпишал извештајот и кој со својот потпис гарантира дека водата е безбедна? За здравјето на луѓето мора да има стручна анализа, документ, потпис и одговорност. Граѓаните не бараат здравица. Бараат чиста вода и гаранција дека е безбедна. Бидете сериозни барем еднаш – објавете го документот. Прес-конференција на СДСМ, Маја Борозан СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter