Видео: Кога нема рекет Ноле одлично се снаоѓа и со тава !!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ заедно со семејството времето во изолација поради пандемијата од коронавирус го минува во Марбеља, Шпанија.

Опасниот вирус ја прекина сезоната во белиот спорт, но популарниот Ноле и кога нема натпревари и тренинзи знае како повторно да „влезе во натпреварувачки ритам“.

Ѓоковиќ и во домашна изолација пронајде начин за игра и забава со тениското топче. Но, наместо рекет во раце зема тава за пржење.

„Натпреварувањето никогаш не престанува“, напиша Ноле под видеото на кое тој игра партија тенис со импровизиран рекет во рацете.

притисни ентер