СДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот
1СДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот
Шоу бизВидео: Карлеуша во тесен фустан покажа премногуТесниот фустан не можеше да ги „скроти“ бујните облини на српската пејачка Јелена Карлеуша.Српската пејачка Јелена Карлеуша објави видео во кое го покажа новиот фустан и бујните облини. Но атрактивната Карли во таа прилика покажа повеќе отколку што планираше! По серијата слики од Дубаи, на кои позира на хауба и покрив на скап автомобил, облечена во мини здолниште со школки преку голите градите, Јелена сега објави видео „во домашна верзија“. На видеото кое се појави на Инстаграм, Јелена е облечена во црн тесен фустан, со голем отвор преку градите. Сексапилната и провокативна пејачка во тесниот фустан танцува и менува пози за во еден момент лентата да се лизни од градите и ...!!! View this post on Instagram A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКолина соопшти, Словенецот Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство! Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство, меѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се одигра во недела во 21:00 часот во Њу Џерси.ФИФА објави видео во кое претседателот на Судиската комисија на ФИФА и легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина го известува Винчиќ дека е избран за главен судија на финалниот натпревар. Словенечкиот судија емотивно реагираше на веста дека ја добил најголемата чест во својата кариера и не можеше да ги скрие емоциите, што предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. За 46-годишниот Винчиќ, ова е врвот на неговата судиска кариера. Тој претходно судеше на финалето во Лигата на Европа во 2022 година, во кое Ајнтрахт го победи Ренџерс по изведувањето пенали, како и на финалето во Лигата на шампионите во 2024 година, кога Реал Мадрид ја победи Борусија Дортмунд. The moment Pierluigi Collina (Atlanta 96 and 2002 World Cup final ref) announced Slovenian Slavko Vinčić as the ref for the 2026 World Cup final between Spain & Argentina. Vinčić officiated Saudi Arabia’s win over Argentina in 2022 but Spain have never lost a game he officiated. pic.twitter.com/Gmk3emA7cQ — Fisayo Dairo (@FisayoDairo) July 17, 2026 Винчиќ исто така стекна искуство на Светското првенство во Катар во 2022 година, а на овогодишното Светско првенство судеше на натпреварите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко и меѓу Јордан и Алжир, како и на натпреварот од осминафиналето меѓу Мексико и Еквадор.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законотПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори. Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , за чисти избори, зошто тоа не го предложи сама? Ако е за фер избори, зошто не каже јасно кои се проблемите со електронското гласање и зошто ВМРО-ОКГ инсистира токму на модел кој, како што самата признава, се применува во само две или три земји? Кога се знае кој ја води државата - Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, воведувањето на ризичен модел на гласање е исто како да му се дадат клучевите од трезорот на осуден крадец на банка и да се надеваме дека ништо нема да фали. Да потсетиме: Претседателката е членка на партија која организираше изборни кражби. Ако не учествувала директно, еднакво е одговорна затоа што молчеше. Како претседателка на сите граѓани, нејзината функција не се сведува само на протокол, танц и јога. Таа има обврска да се бори за еднаквост пред законот за секој граѓанин на Македонија. Како професорка по право која веќе призна дека со Преспанскиот договор се заштитени националниот идентитет и јазикот, таа можеше и требаше јасно да каже дека ослободувањето на Никола Груевски и на нивниот медиумски шеф Драган Павловиќ Латас е катастрофално за сите граѓани. Со тоа се покажа дека законот не важи еднакво за сите. Можеше да каже и дека враќањето на „Бела палата“ – имот стекнат со криминал и корупција - е преседан невиден во ниедна европска држава. Наместо тоа, Претседателката избра да зборува само за делови од Изборниот законик кои одговараат на ВМРО-ОКГ. Тоа не е грижа за дијаспората. Тоа е селективна политичка позиција која го штити режимот, а не интересот на граѓаните. Скопје, 17.06.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД започнаа бран напади врз Иран шеста ноќ по редСАД започнаа бран напади врз Иран шеста ноќ по ред, соопшти нивната војска, додека двете страни се борат за контрола врз Ормутскиот теснец.Централната команда на САД соопшти дека нападите имале за цел „ деградирање на иранските воени капацитети“,иранските државни медиуми објавија дека САД нападнале цивилна инфраструктура, вклучувајќи мостови, железничка станица и аеродром. Би-Би-Си потврди напад врз еден мост западно од Бандар Абас во покраината Хормозган. Американските ракети, исто така, погодија цели во близина на островот Кешм, во близина на теснецот, како и во Бандар Абас и Бушер – каде има нуклеарна централа. Командата на САД не спомена мостови во својот список на „десетици ирански воени цели“ погодени во последната рунда напади, која заврши во раните утрински часови. Деновиве, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на иран доколку земјата не се врати на разговорите.Откако Трамп во април изјави дека САД ќе бомбардираат цивилна инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови и електрани, комесарот за човекови права на ОН, Волкер Турк, рече дека „намерното напаѓање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство“. Седум лица беа убиени во нападите, објави државната новинска агенција ИРНА.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook