Видео: Како изгледа Ламборџини кога ќе му експлодира гумата? - Канал 5

Видео: Како изгледа Ламборџини кога ќе му експлодира гумата?

Се можело да заврши многу полошо и возачот да доживее несреќа, затоа може да се каже дека на крајот имал и среќа.

Видео: Како изгледа Ламборџини кога ќе му експлодира гумата?

Автомобилите кои нудат натпросечни перформанси бараат употреба на специјални гуми.

Затоа не треба да се штеди на гумите бидејќи тие пренесуваат голема сила на асфалтот. Нивниот индекс на брзина обично е многу висок, но тоа важи за нова гума.

За време на употребата, гумите може да се оштетат, а потоа возењето со големи брзини е рецепт за катастрофа. Сопственикот на зеленото Ламборџини Урус го дознал тоа на потешкиот начин.

Задната гума на возачот експлодирала при едно возење на теренецот. Експлозијата била толку силна што биле оштетени делови од каросеријата на автомобилот. Оштетени се пластичните капаци на браниците, страничните прагови и елементите на задниот браник.

Сепак, се можело да заврши многу полошо и возачот да доживее несреќа, затоа може да се каже дека на крајот имал и среќа.

Под хаубата на Ламборџини Урус се наоѓа 4.0-литарски V8 со 650 коњски сили и 850 Nm вртежен момент.

Ваквите параметри му овозможуваат да забрзува од 0 до 100 км/ч за само 3,6 секунди, додека максималната брзина е 305 км/ч.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати!

Освојувањето на Светското првенство им носи бројни награди на фудбалерите, но подарокот што го добија Фабијан Руиз и Гави е секако еден од најнеобичните.

За светските шампиони Фабијан Руиз и Гави – 150 килограми домати!

Двајца членови на шпанската репрезентација беа наградени со количина домати што одговара на нивната телесна тежина.

Руиз и Гави се вратија во својот роден град Лос Паласиос и Вилјафранка – место јужно од Севиља со помалку од 40.000 жители – каде што во средата им беше приреден свечен пречек во градското собрание.

Фудбалерот на „Пари Сен Жермен“, кој беше стартер во финалето против Аргентина, и играчот од средниот ред на „Барселона“ се појавија со златни медали околу вратот, а беа пречекани од градските власти и голем број навивачи.

За да го прослават својот успех, Руиз и Гави застанаа на вагата за да се одреди количината на подароци.

Резултатот беше:

Фабијан Руиз – 85 килограми домати

Гави – 68,5 килограми домати

Локалните власти наведуваат дека оваа традиција станала „заштитен знак на општината“ кога станува збор за оддавање чест на врвни спортисти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Градскиот базен во Кавадарци денес официјално е пуштен во употреба по завршената реконструкција.

Отворен целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци

Во реконструкцијата како што појасни градоначалникот Митко Јанчев, биле вложени околу 1 милион евра преку владин јавен повик.

Обновени се големиот и малиот базен, системот за филтрација и пречистување на водата, соблекувалните, санитарните јазли и останатите придружни содржини, а поставени се и нови водни атракции и детски реквизити.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Невремето во Скопје предизвика проблеми и во Македонска пошта. 

Невремето го оштети системот на Македонска пошта – три дена се доцни со достава на пратките

Поради обилниот дожд била оштетена серверската соба, односно електронскиот систем за распределба на пратките, поради што веќе три дена има доцнење во доставата.

Директорот на Македонска пошта, Куртиши, уверува дека проблемот се санира и очекува од утре доставата да се нормализира.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер