Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
1Клиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделник
АвтомобилизамВидео: Јапонскиот технолошки гигант Сони го претстави својот електромобилДа добро читате, Сони зачекори во автомобилската индустрија со концептното возило Vision-S на струја, кое воопшто не изгледа лошо.Експанзијата на електричните автомобили доведе до тоа во автомобилската индустрија да се приклучат се повеќе фирми кои претходно немале никаква врска со производство на возила. Така пред неколку години британската технолошка компанија „Dyson“, позната по производство на правосмукалки и други куќни апарати, започна развој на електричен автомобил. Автомобилот требало да биде со радикален дизајн и наменет само за ексклузивна целна група на купувачи, на него од 2015 работеле околу 500 инженери. „Dyson“ сепак минатата година се откажа од тој проект, затоа што, како што е соопштено, проектот бил премногу комплексен и како тако не бил комерцијално изводлив, односно исплатлив. Британците можеби не успеаја, но тоа не значи дека еден ден некој друг произведувач на електронски уреди нема да направи сопствен автомобил. Самостојно или во соработка со некоја автомобилска компанија. И така, веќе на почетокот на 2020 јапонската компанија Сони ни приреди несекојдневно изненадување со споменатиот концептен автомобил „Vision-S“. Овој автомобил дебитираше на саемот за електроника „CES“ во Лас Вегас, каде што сите попрво би очекувале да видат некој иновативен телевизор од компанијата Сони. Сепак, зад овој концепт кој со својот дизајн потсетува на некои други електрични автомобили не стои само Сони. На јапонскиот технолошки гигант во развојот на овој концепт му помогнале компаниите „Nvidia“, „Continental“, „Bosch“,„ ZF“ и „Qualcomm“, а механичката платформа е креирана од „Magna Steyr“, кои во нивната фабрика произведуваат модели од познати светски автомобилски марки. Како што велат од компанијата Сони, целта била да му прикажат на светот што се во состојба да направат на планот на развој на електричните автомобили. „Vision-S “ е опремен со високоразвиени системи за автономно возење, кои со помош на 33 сензори детектираат пешаци, возила и други објекти. Просторната кабина со голем стаклен покрив е проектирана за удобно возење на 4 лица. Сони се уште ги нема објавено сите детали околу ова возило, но откри дека во него ќе бидат вградени два електромотори со по 272 коњски сили и дека ч од 0 до100км/ч ќе може да забрза за 4,8 секунди, додека максималната брзина изнесува 240км/ч. Командната табла е составена од огромен дигитален дисплеј кој се протега скоро низ целата ширина на возилото. Сони не би бил Сони доколку не посвети посебно внимание на системот за озвучување. Овој автомобил има „360 Reality Audio“ систем кој обезбедува супериорно аудио доживување без оглед на кое место во автомобилот седите. Јапонската компанија не соопшти дали се планира продукциска верзија од овој концепт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина загинати во поплави во Турција – издадено предупредување за 45 провинцииПет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите што погодија неколку региони во Турција, како резултата на силните поројни дождови.Турската генерална дирекција за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции, вклучително и за Истанбул, поради најавените обилни врнежи и силен ветер, објавија турските медими. Поради опасноста од ненадејни поплави, свлечишта, удари од гром и град, граѓаните се повикани да бидат внимателни и да ги почитуваат предупредувањата на надлежните служби. Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарија, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНов бран насилни судири во Тирана – над 150 повредени, најмалку 160 приведени во изминатите деновиНов бран насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите избија синоќа во Тирана, четврти ден во Албанија. Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите, кои фрлаа камења и блокираа улици со запалени контејнери за отпад. Според извештаите, судирите продолжиле до доцна во ноќта во неколку делови од главниот град. Демонстрантите бараат оставка од премиерот Еди Рама, кој е на власт 13 години, а истовремено го изразуваат незадоволството од условите за студирање и висината на школарините на универзитетите. Албанскиот министер за внатрешни работи Ервин Дема соопшти дека во изминатите денови биле повредени 156 лица, од кои 97 полицајци. Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини неодредени странски сили дека стојат зад немирите и дека се обидуваат да го попречат патот на земјата кон членство во Европската Унија, отфрлајќи ги тврдењата дека протестите се резултат на реалните проблеми и незадоволството на граѓаните. Тагови: Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлиника за онкологија: Од дистрибутерот добивме уверување дека терапијата „Phesgo“ ќе се реализира во понеделникОткако вчера пациентки останаа без потребната терапијата „Фесго“, од Клиниката за радиотерапија и онкологија велат дека лекот очекуваат да биде обезбеден кон почетокот на следнава недела.Терапијата „Фесго“ во петокот беше недостапна поради ненавремена испорака од дистрибутерот, од кого добивме уверување дека испораката ќе биде реализирана во понеделник, велат од Клиниката за онкологија за Канал 5. Од таму, информираат и дека од иста причина во моментов има застој и во снабдувањето со Госерелин, но дека добиле уверување оддистрибутерот дека ќе биде обезбеден во текот на следната недела. Вчера од Клиниката упатија извинување до сите засегнати пациентки, признавајќи дека ситуацијата предизвикала загриженост, неизвесност и непријатности. Не е познато колку пациентки се погодени од одложувањето на терапијата „Фесго“, која се користи во третманот на одредени форми на карцином на дојка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter