3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
СветВидео: Гори најголемото складиште на електрична енергија со батерии во светотВластите во округот Монтереј во централна Калифорнија издадоа наредби за евакуација откако избувна пожар во складиште на електрична енергија со батерии долж Централниот брег, за кое се тврди дека е најголемо во светот.Вистра енерџи, која е сопственик на електраната на природен гас Мос Лендинг и соседното складиште на литиум-јонски батерии на брегот на округот Монтереј, во е-пошта потврди дека избувнал пожар и дека го евакуирала персоналот од локацијата. One of the largest lithium battery facilities in the world is currently on fire in California 🚨 It appears to be an isolated incident. There is no doubt this will have a significant impact on Tesla and could be a message to Elon Musk ⚠️ pic.twitter.com/TZwV2e5bYJ — Matt Wallace (@MattWallace888) January 17, 2025 „Истрагата започнува кога пожарот ќе се изгасне“ „Причината за пожарот се уште не е утврдена, но истрагата ќе започне откако пожарот ќе се изгасне“, изјави портпаролката Џени Лион. Шерифот на округот Монтереј претходно ги советуваше околните жители да ги затворат прозорците како мерка на претпазливост. Калифорниската автопат патрола го затвори и автопатот 1 околу централата. Вистра со седиште во Тексас ја заврши најновата фаза на изградба на капацитет за складирање енергија во 2023 година, како дел од напорите на Калифорнија да ја зајакне електричната мрежа со чиста енергија. Објектот има моќност од 750 мегавати, што е доволно за снабдување со електрична енергија приближно 562.000 домаќинства до четири часа. Калифорнија проектира дека ќе има потреба од 52.000 MW капацитет за складирање енергија до 2045 година, три пати повеќе отколку што има моментално, за да ги задоволи потребите за енергија и да ја постигне својата цел за нето-нула емисии. A fire broke out at the Moss Landing Power Plant on Thursday, prompting firefighters to respond. Social media reports mistakenly claimed that the nearby Tesla battery factory was also on fire; however, the facility is operated by Vistra Energy. The Elkhorn Battery Energy Storage… pic.twitter.com/ZITHeaLDQw — Shadow Prince (@AnimeAlchemy24) January 17, 2025 Комплексот на батерии претрпе оштетувања од неисправен детектор за топлина во 2021 година. Мал пожар, исто така, избувна во 2022 година во соседна фабрика за батерии во сопственост на „Pacific Gas & Electric“, обезбедена од системите на „Tesla“. Загриженоста за безбедноста поттикна гласање минатата година во заливот Моро, подолу на брегот, за блокирање на дозволата за Вистра да изгради фабрика за батерии во близина на тамошната електрана. Мерката беше донесена во ноември, но нема значително да влијае на проектот, кој наместо тоа се спроведува преку забрзан процес на одобрување на државно ниво. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28