Видео: Фудбалери на Уругвај се степаа со колумбиските навивачи по полуфиналето на Копа Америка

По последниот судиски свиреж во полуфиналниот натпревар од Копа Америка меѓу Уругвај и Колумбија (0:1), дојде до тепачка меѓу играчите.

Судирот меѓу играчите предизвика немир на трибините, поради што уругвајските фудбалери Роналд Араухо и Дарвин Нуњез се степаа со колумбиските навивачи.

Колумбија ќе се соочи со Аргентина во финалето на Копа Америка. Натпреварот ќе се одигра на 15 јули.

Уругвајците ќе се сретнат со Канаѓаните во мечот за 3. место што ќе се одигра на 14 јули.

Изгасен и последниот активен пожар во државата

Никогаш не се исклучува можноста за пожари, никогаш не можеме да ги очекуваме или да бидат најавени пожарите на било која територија.

Најавите за конечно воспоставување на соодветен систем за справување со кризи се добри, но само ако истите итно почнат да се спроведуваат и не се заборават со згаснувањето на пожарите, ова се првичните реакции на упатените кои сугерираат на потребата од национална стратегија наспроти досегашната пракса на ад хок решенија. Еден од горливите проблами кај нас е и недостигот на пожарникари.

-Во делот на пожарството и во делот на пожарникарстовото се знае, недостатокот на луѓе, недостатокот на персонал кои што оперативно делуваат на секој потег, бројот на единиците кој што треба да се зголеми, сега согласно законот за пожарникарство што го имаме, актуелен, треба да се променат и бројките согласно новиот попис кој што е 2021 година, уште се дејствува по стариот попис од 2002 година така што во сите градови имаме зголемување на бројот пожарникари, а кај нас доаѓа недостатокот на пожарникари и на кадар кои што оперативно дејствуваат,- – Владимир Симоновски – заменик командант на БППЗ – Скопје.

Од друга страна оние кои се бореа со огнот половина месец можат да здивнат, бидејќи го изгасија и последниот активен пожар во земјава. Сепак летото е пред нас, а со тоа и високите температури, па Симоновски смета дека е неопходна претпазливост, бидејќи состојбата може да се повтори...

-Никогаш не се исклучува можноста за пожари, никогаш не можеме да ги очекуваме или да бидат најавени пожарите на било која територија, така да и август месец е критичен во делот на шумски пожари и дел од септември, некаде до 15ти септември, се додека деновите се поголеми и се додека ноќта е потопла има шанси,- – Владимир Симоновски – заменик командант на БППЗ – Скопје.

Управувачкиот комитет вчера донесе одлука владата да отпочне процес за целосна реформа на системот за управување со кризи..дел од предлозите се ЦУК и ДЗС со законски измени да бидат под една команда, но и да се формира специјална единица од 120 лица која прва ќе интевенира во време на кризи, а како приоритет е и закрепнувањето на Национални шуми кои се клучни во превенцијата на пожарите.

Министрите Тошковски и Дачиќ во посета на ГП Табановце, во рамки на кампањата „вози одморен“

Возачите да внимаваат на себе да одмараат, да консумираат вода и течности да се заштитат себеси и останатите учесници во сообраќајот, порачаа денеска надлежните од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Според податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, најголем број сообраќајни несреќи се случуваат во летниот период, поради уморот како последица од повеќе часовното возење. За да ја зголемат свеста кај возачите од опаснсота да се вози изморен, денеска на граничниот премин Табановце беше промовирана кампањата „Вози одморен“.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски повика најави воведување на олесните мерки за побрз проток на возилата на граничните премини, но не сакаше да прецизира од кога ќе стапат на сила.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ напомена дека заложбите на Србија е да се олесни протокот на возила на граничниот премин со Македонија, но секогаш има оправдани стравувања дека истите олеснувања можат да се злоупотребат за шверц и миграција.

Граѓаните кои ги затекнавме на Табановце не се жалеа на метежот. Рекоа дека за влез во Македонија се чека околу 15 минути.

По промоцијата на кампањата, министерот Тошковски замина во дводневна официјална посета на Република Србија каде што ќе оствари билатерална средба со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Кербер ќе се пензионира по Олимпијадата

Поранешната светска тенисерка број еден, Германката Анџелик Кербер ќе се пензионира по Олимписките игри во 2024 година во Париз.

- Пред почетокот на Олимпијадата, веќе можам да кажам дека никогаш нема да го заборавам овој турнир, бидејќи ова ќе биде мојот последен професионален како тенисер. Го сакам овој спорт со целото мое срце и благодарен сум за спомените и можностите што ми ги даде. Како дете можев само да сонувам да пораснам со рекет во раце и да го достигнам ова ниво. Сега ќе одвојам време да ја впијам секоја секунда од најновите натпревари на теренот. Ви благодариме на сите за поддршката. Таа ми значи многу, напиша Кербер на социјалните мрежи.

Триесет и шестгодишната Кербер има освоено 14 ВТА титули во сингл.

Таа, исто така, освои сребро на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро и стигна до финалето на Фед купот (2014) како дел од германската репрезентација.

притисни ентер