Петкова: Далновод Битола-Елбасан, гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосница
2Петкова: Далновод Битола-Елбасан, гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосница
ЗабаваВидео - Фото: Наташа Беквалац гола!!!Балканската музичка ѕвезда Наташа Беквалац објави супер провокативно видео на својот Инстаграм профил.Популарната српска Барбика во видеото е без ниту едно парче облека на себе, што со воодушевување беше прифатено од нејзините фанови. Во видеото кое за само три часа имаше 60 000 прегледи Наташа на себе има само пердуви кои ги кријат интимните делови од нејзиното голо тело. View this post on Instagram S.O.S.ZA LJUBAV 14.FEBRUAR 2020.ŠTARK ARENA ...LOVE MADE ME DO IT!🖤 A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on Oct 28, 2019 at 9:48am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаДвајца турски државјани седум години тероризирале татко и син во Гостивар за злато и имотКривична пријава е поднесена против двајца турски државјани, кои со закани присилувале двајца гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета, соопштија утрово од МВР.Се работело за турски државјанин на возраст од 54 и 55 години, под сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. Пријавените, во континуитет, од 2019 до 2026 година, со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама, при што незаконски, противправно и своеволно, им ја пресметале вредноста на златото како стопена суровина, а не како изработени производи со значителна поголема пазарна вредност. Исто така, пријавените со уцена и заканувачки пораки кон синот и семејството, во текот на февруари 2025 година го принудиле 66-годишникот да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот, чија содржина не му била прочитана кај нотар во Гостивар, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткова: Далновод Битола-Елбасан, гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија се поврзува со регионот и станува енергетска крстосницаМакедонија има една голема стратешка предност која мораме да ја искористиме, а тоа е нашата географска положба. Ние сме мала земја, без излез на море, но сме во срцето на Балканот и на крстопатот на два исклучително важни европски коридори, Коридор 8 и Коридор 10. Токму затоа, инвестициите во енергетското поврзување и инфраструктурата, ги гледаме како една од најголемите можности за економски развој на државата. Нашата цел е Македонија да биде поврзана со сите свои соседи и да стане дел од регионалните енергетски текови. Со проектот за поврзување со Албанија, заедно со постојните врски со Бугарија, Србија, Косово и Грција, создаваме услови Македонија да биде целосно интегрирана во регионалниот електроенергетски систем. Во тој контекст, интерконективниот далновод Битола – Елбасан е важен дел од затворањето на енергетската празнина што со години постоеше на Коридорот 8 и создава можност за посигурен пренос на електричната енергија и поголема поврзаност на земјите од регионот. Истата политика ја водиме и во областа на природниот гас. Започна и веќе е во завршна фаза изградбата на гасниот интерконектор со Грција, инвестиција вредна околу 60 милиони евра, со почетен капацитет од 1,5 милијарди кубни метри годишно, кој може да се зголеми до 3 милијарди. Овој проект е особено значаен затоа што е двонасочен и отвора пристап до нови извори на природен гас, со што се зголемува сигурноста и се создава поголема конкуренција на пазарот. Овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака, конечно стануваме значајна енергетска крстосница и дел од европската енергетска мрежа. Следниот чекор е поврзувањето со Србија. Со реализацијата на северниот интерконектор, Македонија ќе добие можност да стане транзитна земја за гасот што доаѓа од југ, од терминалот во Александрополис и од други извозни пазари, кон Централна Европа. Тоа е сериозна геостратешка можност за нашата држава, а на земјите од регионот ќе им обезбеди можност да го користат тој гас за производство на електрична енергија, што ќе ги движи идните центри за податоци, а вештачката интелигенција ќе ги користи тие центри за податоци. Македонија треба да биде меѓу земјите кои ќе ја препознаат оваа можност и навреме ќе создаде услови за такви инвестиции, да бидеме пионери и движечка сила во регионот. Но, ова не го гледаме само низ призма на енергетиката. Поврзаноста е услов за инвестиции, а големите инвеститори денес бараат сигурно снабдување со енергија, современа инфраструктура и можност своето производство да го пласираат на повеќе пазари, затоа ја градиме инфраструктурата денес, за економијата што сакаме да ја имаме утре. Други проекти кои ја позиционираат Македонија да биде раскрсница на Балканот се пуштањето на продуктоводот од солунското пристаниште со ОКТА, рестартирањето на гасоводот Велес-Штип, Гостивар-Кичево и отсечката која од Тетово ќе се насочи кон Косово. Нашата визија е Македонија да престане да биде на крајот од енергетските мрежи и да стане дел од нивниот центар, да имаме повеќе извори на енергија, повеќе можности за транзит и повеќе услови за инвестиции. Затоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, работи Македонија да биде поврзана, енергетски сигурна и препознаена како важна енергетска и инфраструктурна крстосница во регионот. Ангелинка Петкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСеверна Кореја со осуда за воените вежби на САД и Јужна КорејаСеверна Кореја ги осуди воените вежби на САД и Јужна Кореја и изјави дека ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана, објавија севернокорејските државни медиуми.Повикувајќи се на севернокорејската новинска агенција „KCNA“, Ројтерс објави дека Пјонгјанг изјавил дека Северна Кореја ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана за да се спротивстави на „воените закани од американските и јужнокорејските сили“. Соопштението на „KCNA“ ги осуди воените вежби, велејќи дека тие придонесуваат за зголемување на тензиите на Корејскиот Полуостров. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека му наредил на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет „значително да ги намали заедничките воени вежби“ со Јужна Кореја затоа што земјата не сака да им се придружи на САД во „денуклеаризацијата“ на Иран. „Врз основа на мојот многу добар однос со претседателот Ким од Северна Кореја, не сум задоволен од фактот што САД одамна се согласија да учествуваат во заеднички воени вежби со Јужна Кореја. Овие вежби не само што се скапи за САД, кои ги сносат поголемиот дел од трошоците (како и обично!), туку испраќаат сигнал кој е целосно несоодветен и непријателски настроен кон земја која, сè додека Доналд Џ. Трамп е претседател, не претставува никаква закана“, рече Трамп во претходна објава на социјалната мрежа „Truth Social“.Тагови: Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter