Видео -Фото: Хаос во Словенија,цели села под вода, поплавени автомобили... - Канал 5

Видео -Фото: Хаос во Словенија,цели села под вода, поплавени автомобили...

Синоќа Словенија ја погоди силно невреме проследено со обилни врнежи кои предизвикаа поплави во делови од земјата. 

Видео -Фото: Хаос во Словенија,цели села под вода, поплавени автомобили...

Неколку патишта се затворени, а некои места се отсечени поради лавини. Во текот на ноќта се евакуирани три кампа, а надојдените води носеле се пред себе. Засега нема информации за повредени.

Според податоците на словенечката управа за заштита и спасување, во последните 12 часа се регистрирани повеќе од 1000 несреќи, а на помош пристигнале пожарникари од 168 противпожарни служби.

„ Најголеми врнежи се случија во подрачјето на јужното подножје на Јулијанските Алпи и во областа помеѓу Идријски Хрибовје кон Горењска и Корошка. Во овие области наврнаа помеѓу 100 и 200 литри на метар квадратен“, изјавува Словенскиот метеоролог -Бране Грегорчич .

„Пожарникарите во текот на ноќта претежно црпеа вода од поплавените објекти, заштитија неколку одрони, отстрануваа отпад од под мостовите и спасувале потопени возила од поплавените коловози“, соопшти Управата за заштита и спасување на Република Словенија.

Поради очекуваните нови врнежи кои ќе предизвикаат натамошно издигнување и излевање на потоците Словенечката агенција за животна средина издаде црвен метео аларм за североисточна, северозападна и централна Словенија, кое важи до денеска на полноќ.

Словенската полицијата утрово соопштила дека пред куќа во месноста Камник бил пронајден мртов жител, но не може да ја провери информацијата, бидејќи поради обилната поплава не може да излезе на местото на настанот.

Во текот на денот се очекува поголемо излевање на реките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

По серијалот на контрадиктрони изјави на премиерот, Либерално-демократската партија (ЛДП) прашува: на кој Христијан Мицкоски треба да му веруваат граѓаните?

ЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?

Дали на оној Премиер кој во април јавно призна дека на неговиот сопствен вицепремиер Арбен Фетаи повеќе не му се работи во Владата и не му се живее во Македонија, па му овозможи на државна сметка и плата да замине за Брисел како „специјален претставник“? Или пак, треба да му веруваме на истиот тој Премиер кој сега, во август, изјавува дека бил „најсреќен“ кога на македонските граѓани им се затегнуваат условите за американски визи, за демек така да се спречело нивното иселување?

Не може да биде точно и едното и другото. Дали Мицкоски беше искрен во ТВ интервјуто во април кога со разбирање говореше за неодговорните функционери што бегаат од земјата, или е искрен во август кога им се радува на административните иселенички рампи за обичните граѓани? Или не бил искрен ниту тогаш, ниту сега? Или, пак, има толку лоши советници за односи со јавноста што го доведуваат во ситуација пред граѓаните да изгледа како тотален хипокрит?

Да излезете со вака длабоко спротивставени ставови во рок од само неколку месеци е сериозно загрижувачки за некој што ја води државата.

Државната политика за спречување на иселувањето не се води со радост за туѓите визни ограничувања, туку со создавање услови дома. Младите и семејствата не остануваат затоа што некој им ја затворил вратата надвор, туку кога овде ќе добијат подобри плати, квалитетни јавни услуги, подобро здравство и образование, и пред сѐ — институции на кои можат да им веруваат. И да, кога ќе видат дека законите важат за државните функционери - сите закони, и за работни односи, и за платите, и Кривичниот Законик. Без исклучок!

За функционерите на Владата очигледно секогаш има обезбедено државен билет и народно платена позиција во Брисел, додека за граѓаните и младите, премиерот Мицкоски нуди само желби и радости за затворени граници. Оваа хипокризија мора да престане — Владата треба да почне да работи на подобрување на животот во Македонија, наместо да ја прикрива сопствената неспособност зад визните политики на други држави и зад неказнивоста.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Најмалку 919 луѓе загинаа, а 4.793 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, откако огромен одрон на карпи и дел од глечер предизвика ненадејни поплавни бранови во хималајскиот регион.

Потврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнати

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани, а десетици луѓе се стравува дека се заробени во тунели на хидроцентрали. Непалските власти ги засилија операциите за пребарување и спасување во погодените области. Во акцијата учествуваат и странски спасувачки тимови, кои им помагаат на локалните екипи во потрагата по луѓе заробени во тунели на хидроцентрали. Според официјалните информации, најмалку 90 лица останале заробени во повеќе тунели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Чествување за војводата Александар Турунџев

Битола одбележа 121 година од погубувањето на Александар Турунџев македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Општина Битола: Чествување за војводата Александар Турунџев

Во име на Општина Битола пред споменикот кај „Ат Пазар“ и на неговиот гроб во Светонеделските гробишта положи цвеќе и се поклони советникот Александар Јаневски. Се поклонија и оддадоа почит и граѓани, здруженија како и членови на коњаницата Костурска чета Битола.

Александар Турунџев беше повеќе од борец, беше симбол на храброст, на жртва и на визија.

Ланската година со свечена церемонија и своевидна поворка која го симболизираше погибието на војводата Александар Турунџев, беше откриен споменикот на оваа значајна личност од македонската револуционерна борба под „Ат Пазар“ во Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер