Видео: „Екстра бенд“ ви ја преставуваат новата песна - Канал 5

Видео: „Екстра бенд“ ви ја преставуваат новата песна

Момците од „Екстра бенд Скопје“ повторно со пријатно изненадување за својата публика и љубителите на новосоздадената народна македонска песна.

Видео: „Екстра бенд“ ви ја преставуваат новата песна

„ За мили чеда, свадби да правам“ е насловот на новата авторска песна на бендот, каде како комплетен автор се потпишува докажаниот Златко Миладиновски.

- Ова не е наша прва авторска песна. Не радува тоа што публиката која ја следи нашата работа, било да е на настапите, емисиите каде гостуваме или на социјалните мрежи, позитивно реагира на секој наш нов проект, а тоа ни е голем мотив, после промоцијата на оваа песна, која сакаме да допре до секој љубител на нашата народна музика, да продолжиме во оваа нова 2019 година со уште проекти кои сакаме да ги реализираме, велат момците од бендот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. 

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди.

Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.

Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.

Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштита на здравјето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени

„Nvidia“ ги демантираше гласините за прекин на производството на графичката картичка „RTX 5090“, иако признава дека ограничувањата во синџирот на снабдување би можеле да доведат до недостиг за гејмерите.

„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени

Во текот на изминатите неколку дена се појавија гласини дека „Nvidia“ го запрела производството на „RTX 5090“ – модел што првенствено се користи во гејмерски конфигурации. Компанијата сега стави крај на овие шпекулации, но сепак укажа на еден загрижувачки аспект.

Откако „RTX 5090“ ненадејно исчезна од веб-страниците на трговците и од официјалната страница на „Nvidia“, се појавија извештаи во кои се тврди дека компанијата го запрела производството за да ги пренасочи производствените капацитети кон забрзување на развојот на својот хардвер за вештачка интелигенција (AI). Вреди да се напомене дека, иако препорачаната малопродажна цена (MSRP) за „RTX 5090“ изнесува 1.999 долари, практично е невозможно да се купи по таа цена, бидејќи препродавачите на платформи од трети страни ја нудат по цена и до три пати повисока од таа.

Џеф Фишер, виш потпретседател во „Nvidia“, изјави за неколку тајвански медиуми – вклучувајќи ги „SJTV“ и „CNA“ – дека извештаите за прекин на производството се целосно неточни. Понатаму, тој нагласи дека „RTX 509“0 останува „исклучително важен, клучен производ“. Сепак, тој призна дека постојат проблеми со снабдувањето, уверувајќи ги купувачите дека „Nvidia“ вложува значителни напори за да ја врати графичката картичка на полиците во продавниците. Се разбира, каде што има чад, има и оган. Фишер не навлезе во детали зошто „RTX 5090“ воопшто исчезна од пазарот. Можно е „Nvidia“ да ја променила својата одлука по негативните реакции од гејмерската заедница – група која веќе е под значителен притисок, бидејќи компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција откупуваат огромни количини на графички процесори (GPU), меморија и други компоненти за да ги напојуваат своите најнови „AI“ модели.

Во текот на изминатата година, „RTX 5090“ се соочи со бројни проблеми, вклучувајќи ограничувања поврзани со „DLSS 5“, неисправни примероци, топење на конекторите за напојување и друго. Сепак, на пазар кој веќе се соочува со вртоглав раст на цените на хардверот, најновите изјави на Фишер нудат барем трошка надеж дека, во одреден момент, луѓето ќе имаат можност да го набават хардверот што им е потребен за играње игри.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Уште еден голем успех за македонскиот танц на меѓународната сцена! Македонската танчерка Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во хип-хоп и попинг, кое се одржа во Киелце, Полска, запишувајќи значаен резултат за Македонија.

Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска

Палчевска го освои третото место во категоријата „All Styles Battles Junior 1“, со што се вброи меѓу најдобрите натпреварувачи во својата категорија на светско ниво.

Со својот талент, посветеност и танцови вештини, Анастасија успеа да се искачи на светскиот подиум и гордо да го развее македонското знаме, остварувајќи резултат што претставува успех не само за неа, туку и за македонската танцова сцена.

Овој медал е уште една потврда дека Македонија има млади таленти кои со својата работа, упорност и љубов кон танцот можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Бронзениот медал на Анастасија Палчевска претставува повод за гордост и инспирација за новите генерации млади танчери во Македонија.

Со овој успех, македонскиот танц добива уште едно значајно меѓународно признание, а Анастасија Палчевска уште еднаш покажува дека талентот, трудот и посветеноста се вистинскиот пат до светскиот врв.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер