Видео: Џо Бајден опцу новинар

Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на „Фокс њуз", откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори.

Имено, на крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на „Фокс" од Белата куќа, Питер Дуси праша дали инфлацијата е политичка одговорност?

– Тоа е голема предност – поголема инфлација, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен, додавајќи – Каков глупав „кучкин син"!

Потрошувачките цени во САД значително се зголемија во декември, забележувајќи го најголемиот годишен пораст на инфлацијата во последните речиси четири децении. Помалку од еден час по инцидентот, Бајден наводно му се јавил на Дуси на мобилен телефон и му објаснил дека „не било ништо лично".

Бајден положи заклетва пред една година со ветување дека ќе заземе цврст став против секој и најмал знак на грубост меѓу членовите на неговата Администрација.

– Ако некогаш работите со мене и се однесувате со своите колеги со непочитување и понижување, ветувам дека веднаш ќе бидете отпуштени, без никакво „ако", или „но". Секој има право на почит и достоинство, рече тој во една прилика.

Претходникот на Бајден, републиканецот Доналд Трамп, беше познат по вербалните напади врз новинарите.

Дуси го следи Бајден долго време и често му поставува скептични и критички прашања. „Фокс њуз" е критичен кон Бајден и демократите.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово.

Најстудено утрово е во Лазарополе -2 степена, -1 степен е измерен на Попова Шапка, еден во Маврови Анови, Битола, Крушево и Тетово, два во Крива Паланка, Прилеп, Охрид и Претор, три во Берово, четири во Струмица, Виница, Штип, Скопје-Петровец и Скопје-Зајчев Рид, пет во Велес и Демир Капија, шест во Кавадарци и Гевгелија, а 10 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало на Попова Шапка со седум литри на квадратен метар, пет во Тетово, четири во Пожаране, Крива Паланка и Крушево, три во Охрид, два во Прилеп, Виница, Маврови Анови и Претор и еден литар на квадратен метар во Лазарополе, Демир Капија, Берово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Битола, Ѓуриште.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно ведро со мала до умерена локална облачност.

Утрово во крајните западни и источни делови има појава на умерена облачност, а наместа долж речните долини има појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста

Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети и изрази задоволство од прецизноста и досегот.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.

Севернокорејската агенција не даде повеќе детали за фабриката. Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.

Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.

Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.

притисни ентер