Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио
1Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио
3Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
Шоу бизВидео: Џенифер Лопез во секси долна облека ќе го прослави Денот на вљубенитеСветската музичка ѕвезда Џенифер Лопез објави видео во секси долна облека, очекувано видеото предизвика „хаос“ на социјалните мрежи.Во видеото „жешката“ латиноамериканка позира во градник и гаќички, со што го најавува Денот на вљубените, но и соработка со престижен бренд кој се фокусира на долна облека. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУправата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радиоУправата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизијаВо врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности. Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлинаПретседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник. Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество. Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков. На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски. Со почит, Африм ГашиТагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурностДенеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство, за платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните.Економските резултати се мерат со бројки. А бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, платите и пензиите растат значително побрзо. Ајде да направиме директна споредба. Во јуни 2017 година, кога СДС дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.800 денари. До мај 2024 година, таа порасна на 41.250 денари. Тоа значи дека за 84 месеци, односно за седум години, просечната плата се зголемила за нешто над 18.400 денари, во просек, тоа е раст од околу 220 денари месечно. Сега да видиме што се случува со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше околу 40.900 денари, а во мај 2026 година достигна над 49.500 денари. За само 23 месеци, просечната плата е зголемена за околу 8.600 денари. Тоа е просечен месечен раст од над 370 денари, односно околу 70% побрз раст, во споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ. Но разликата не се гледа само кај платите, таа е уште појасна и поголема кај пензиите. Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари. Во мај 2024 година таа достигнала над 22.900 денари. Што значи, за седум години, пензијата се зголемила за скоро 7.700 денари, односно во просек растела за над 9 денари месечно. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, просечната старосна пензија во јули изнесувала 22.850 денари, која во мај 2026 година достигна над 29.700 денари. Тоа е зголемување од над 6.800 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од околу 300 денари, што значи дека месечниот раст на старосната пензија во периодот на оваа Влада е околу 325% поголем во споредба на периодот на претходната влада на СДС и ДУИ. Почитувани, Ова е разликата меѓу политики што носат резултати и политики што остануваат само на зборови. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е повисоки плати, повисоки пензии, повеќе инвестиции, повеќе работни места и повисок животен стандард за сите граѓани и во таа насока, уште попосветено ќе продолжи да работи. Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Драгана Бојковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter