Видео: Девојче падна од балкон на 12 кат, но имаше голема среќа - Канал 5

Видео: Девојче падна од балкон на 12 кат, но имаше голема среќа

Доставувач со камион од Виатнам е херој на денот во својата земја.

Видео: Девојче падна од  балкон на 12 кат, но имаше голема среќа

31 годишниот возач седејќи во својот камион забележал како во зградата пред него се случува вистинска драма. На еден од балконите на 12 кат видел како на работ шета мало девојченце.

Нгуен Манх реагирал инстиктивно и веднаш излегол од возилото во обид да пронајде начин да го спаси девојченцето, кое секој миг можело да падне.

Одлично ја проценил ситуацијата и се качил да настрешницата во долниот дел на зградата под местото на кое девојченцето се обидувало да одржи рамнотежа.

Но малото дете не успеало да се одржи на балконот и почнала да паѓа, на среќа тука бил неверојатниот возач кој ја дочекал во својата прегратка и ја спасил од сигурна смрт.

Во видеото објавено на социјалните мрежи се гледа целиот ужас, од она што можело да се случи, се слушаат луѓе како врескаат...

-Слушнав дете како плаче, а потоа и некој кој вреска барајќи помош. Кога погледнав низ прозорецот на автомобилот имав што да видам. Девојченце виси над амбис од 50 метри! Излетав од колата и почнав да размислувам како да и помогнам. Се качив на два метри високата настрешница , во еден миг започнав да губам рамнотежа но за среќа успеав да се стабилизирам, детето во еден момент ми падна во поите прегратки, им разкажал Манх на локалните медиуми.

Кога го фатил девојченето видел дека и тече крв од устата и веднаш повикал Итна помош, која девојчето го однела во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. 

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY: Пишувам историја за македонскиот кикбокс

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY Kickboxing, една од најпознатите светски организации во овој спорт.

Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY: Пишувам историја за македонскиот кикбокс

„Денес со огромна гордост можам да кажам дека го направив еден од најголемите чекори во мојата кариера потпишав договор со „GLORY Kickboxing“.

Со ова не го остварувам само мојот сон, туку пишувам историја за македонскиот кикбокс.

Ова е голем чекор за мене, но и врата што се отвора за сите млади македонски кикбоксери кои сонуваат еден ден да стигнат до најголемата сцена. Сакам да покажам дека со многу работа, жртва, дисциплина и верба во себе соништата можат да станат реалност.

За мене ова е остварување на долгогодишен сон. Зад овој момент стојат безброј тренинзи, откажувања, падови, станувања и моменти во кои морав да продолжам и кога беше најтешко.

Ова е огромна работа за мене, но и за моето семејство, кое беше со мене од самиот почеток и веруваше во мене кога можеби никој друг не веруваше.

Од срце сакам да им се заблагодарам на сите кои на било каков начин ми помогнале да стигнам до овој момент на моите тренери,пријатели, луѓе кои ме поддржувале, како и на сите што верувале во мене и во мојот сон.

Ова е само почеток.

Македонијо, време е да се слушне нашето име на најголемата кик бокс сцена во светот🇲🇰

Сонот е остварен ,историјата е започната

Јас сум првиот кикбоксер од Македонија што потпиша за GLORY.

Посебна благодарност до Мајк Пасениер за дадената прилика, довербата и можноста да бидам дел од оваа голема организација.“- објави Илиоски на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска

Доколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните, уверува министерката за енергетика Сања Божиновска. 

Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска

Сепак таа потсетува дека засега единствено останува мерката со намалено ДДВ за дизелот од 18 на 10% и дека Министерството за финансии ги разгледува финансиските импликации што би можело да дојдат од дополнителни мерки. Божиновска посочи и дека во моментов нема нови преговори со ОКТА за дополнителен попуст.

-Значи, тоа е виша сила, војна врз која ние не можеме да влијаеме. Минатата недела имавме онлајн вонредна седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ и со ОКТА договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму.-Соња Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

А токму зголемените цени на нафтените деривати, според ССМ, дополнително го притискаат домашниот буџет. Септемвриската минимална синдикална кошница достигна 69.432 денари за четиричлено семејство, а со кирија надминува 84.000 денари. За еден месец е зголемена за 757 денари, а во споредба со септември лани за над 4.300. Од ССМ ја поздравуваат мерката за намалено ДДВ на дизелот, но велат дека ефектот врз семејниот буџет речиси не се чувствува, бидејќи поскапите горива веќе се прелеваат и врз транспортот, вклучително и меѓуградските автобуски билети. Решението го гледаат во што поскоро заседавање на Економско-социјалниот совет и договор за подолгорочни мерки за заштита на животниот стандард.

- Да речеме Тетово-Скопје за 50 денари во еден правец се зголемени. Така да 250 денари во еден правец, во двата е 500 денари. Истото е за Куманово, истото е за Велес. Пресметајте доколку некој работи во Скопје од овие градови коишто ете гравитираат околу Скопје, а верувам дека таму се и вработени, исто така ќе видиме дека имаме и многу средношколци, имаме многу студенти коишто исто патуваат и сето тоа го дооптоварува домашниот буџет. Така да мислам дека Економско-социјалниот совет треба што побрзо да седне и да се направи една долгорочна стратегија.-Љупчо Радовски – ССМ

Согласно пресметките на ССМ, во месец септември најмногу од домашниот буџет и натаму оди за храна и пијалаци, односно 25.259 денари, потоа следуваат облеката и обувките со речиси 6.800 денари, домувањето, струјата и гасот со над 6.300 денари, како и транспортот со нешто над 5.400 денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер