САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
1САД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата
2СДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за Македонија
3Денеска се очекува 500 средни училишта во Франција да бидат затворени , продолжуваат протестите на учениците
Шоу бизВидео: Бред Пит и Пенелопе Круз во кампањата на ШанелХоливудските актери Бред Пит и Пенелопе Круз како љубовен пар се појавуваат во последната кампања на модниот бренд Шанел.Со видеото тие му оддадоа почит на еден славен филм со што го воодушевија светот. Како дел од претставувањето на новата колекција за есен и зима во 2024 година, Шанел на Модната недела во Париз му оддаде почит на класиката на француската кинематографија, филмот „Un homme et une femme“, во режија на Клод Лелуш. Филмот, кој беше награден со две златни статуетки на Оскарите во 1967 година, за најдобро сценарио и најдобар странски филм, сега го отвори шоуто на една луксузна француска куќа и воодушеви со новата актерска екипа, холивудски фаци – Бред Пит и Пенелопе Круз. Актерската двојка ја следиме за време на возење со автомобил, по што следи сцена на вечера во луксузниот ресторан „La Belle Epoque“.Откако холандската манекенка Ријан Ван Ромпеј во улога на келнерка пристигнува да ја преземе нарачката, Бред ја прашува Пенелопе: „А за стек?“, а таа со ентузијазам одговара: „Ммм, да, добро звучи“. Видеото реклама е снимена во Довил, францускиот приморски град каде Габриел „Коко“ Шанел го отворила својот прв бутик во 1913 година. Краткиот филм е во режија на Инез и Винод, холандска уметничка двојка, најпозната по фотографијата и кампањите за модните куќи Шанел, Келвин Клајн, Луј Витон и Миу Миу.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Магијата на Никола Јокиќ – феноменална асистенција од агол во аголКошаркарите на Денвер Нагетс синоќа загубија од Јута Џез со резултат 109:97 во натпревар од предсезоната во НБА. Еден од најдобрите светски кошаркари во последните пет години, центарот на Денвер, Никола Јокиќ, одигра само 14 минути и забележа 3 поени, 3 скока и 7 асистенции, но за една од нив особено се зборува. Додавањето преку целата одбрана е потег што Јокиќ го изведува речиси совршено, а овојпат се надмина себеси. Тој упати додавање зад грб низ тројца одбранбени играчи поставени на основната линија и го пронајде осамениот Камерон Џонсон во десниот агол за шут за три поени. NO-LOOK. CROSSCOURT. BEHIND-THE-BACK DIME. ARE YOU SERIOUS, JOKER 🤯 https://t.co/A5upVabWYw — NBA (@NBA) October 4, 2026 Магија. Едноставно кажано.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД ги повлекоа сите свои бомбардери од британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата САД ги повлекоа сите свои бомбардери од Раф Ферфорд, британската воена база каде се случи инцидентот што го истражува полицијата за борба против тероризмот.Во соопштението од официјален претставник на Пентагон се потврдува дека вчера ги отстраниле своите бомбардери - за кои се смета дека се околу десетина, од базата назад кон нивните матични станици во Америка.САД не наведоа причина за повлекувањето, но тоа следува по големиот инцидент на 27 септември кога полицијата беше предупредена за три „сомнителни возила“ во близина на воздухопловната база. Петмина мажи првично беа уапсени под сомнение за терористички дела во близина на базата, а потоа ослободени со кауција. Шестиот маж, британски државјанин со иранско државјанство, исто така беше подоцна уапсен и ослободен со кауција.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Две и пол години Мицкоски и ВМРО: милиони од тендери за бандата, сиромаштија за граѓаните, изолација за МакедонијаДве и пол години власт на Мицкоски и ВМРО-ОКГ донесоа пад на економијата, полош животен стандард, уништено стопанство, нови задолжувања и заглавен европски пат. Додека милиони евра народни пари завршуваат во партиски тендери за граѓаните нема пари. 5,53 милиони евра за диџеј, 200 милиони евра скандали со тендери, распродажба на земјата, водата, рудата. Пет нови рудници во планот до 2040 година, антимон кај Крива Паланка, дата центри, се за туѓи интереси, провизии и профити на сметка на народот. Бизнис-мрежата во енергетиката работи со полна пареа, договор за броила, зделки со автобуси поврзани со Орбан. За тоа време, потрошувачката кошничка со изнајмен стан достигна над 90.000 денари. Работниците се со најниски плати во Европа и едвај врзуваат крај со крај. Се е поскапено, горивата отидоа над 100 денари а Владата на Мицкоски не презема ништо, нема пари за 600 евра минимална плата. Земјоделците се на работ на егзистенција: без пари, без откуп, без пласман, субвенциите се намалени за 40 милиони евра, доцнат и не се исплаќаат, ИПАРД е загрозена поради корупција на директорот. Пензионерите се украдени, се соочуваат со неизвесност, додека дупката во ПИОМ достигнува една милијарда евра. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Долговите растат секоја недела. За само две и пол години Мицкоски и ВРМО ги зголемија за 4 милијарди евра, колку половина од вкупното задолжување во изминатите 30 години. Странските инвестиции се најниски во историјата, само 18.7 милиони евра во вториот квартал од 2026 година. Бидејќи во Буџетот нема пари, се спрема втор ребаланс само два месеци по првиот. И секако ново задолжување на грбот на народот. Тотален економски дебакл. Европскиот пат е блокиран. Македонскиот идентитет, јазик и култура се зачувани но Мицкоски се плаши од европско обвинителство и земјата ја турка кон изолација. Наместо реформи и европска иднина, арамијата турка агенди што ја оддалечуваат Македонија од ЕУ. Тоа донесоа две и пол години Влада на Мицкоски: сиромаштија, изолација, уништено стопанство, полош стандард и уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со граѓани кои имаат празни празни паричници и празни фрижидери. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook