Видео: Бијонсе збесна – сакале да и ги намалат облините!

Славната пејачка Бијонсе забранила публикување на промотивни фотографии на H&M откако видела дека нејзините занесни облини биле фотошопирани.

Бијонсе стана ново заштитно лице на познатиот шведски моден синџир "H&M", а многу обожаватели беа воодушевени од фотографиите на славната пејачка, која позира во бикини.

Но, таа не била задоволна кога дознала дека нејзините фотографии биле обработени во фотошоп.

- Кога Бијонсе дозна дека ги обработиле фотографиите и дека нејзиното тело веќе не изгледа како порано - навистина полуде. Таа е вистинска дива и беше гневна дека ги игнорирале нејзините желби - кажал извор на британскиот "The Sun".

По оваа, и претставникот на "H&M" признал дека имало "несогласувања" околу фотографиите.

притисни ентер