Фински „Nokian“, познат по зимските гуми, претстави нови гуми под името „One“ кои можат да се пофалат со неверојатна долготрајност, дознава американски „Car and Driver“.
Станува збор за универзални, гуми за сите сезони, што значи дека со нив можете да возите во текот на целата година.
Како што тврдат од компанијата, гаранција за животниот век на овие гуми е речиси 130.000 километри, поточно 128.750 километри.
Гумите веќе се произведуваат во американската држава Тенесе, но и некои фабрики низ Европа, иако гумата е развивана за северноамериканскиот пазар.
Нивната тајна е во материјалите, поточно во влакната кои ја зајакнуваат структурата на пневматикот и овозможуваат поголема отпорност особено на оштетување кои се предизвикани од дупки на патиштата и слично.
Финскиот произведувач подготви и видео.