Видео: Адел се расплака на настап во Лас Вегас, во прегратка со Селин Дион - Канал 5

Видео: Адел се расплака на настап во Лас Вегас, во прегратка со Селин Дион

Адел се расплака на настап во Лас Вегас, откако ја виде и ја прегрна својата легендарна колешка, канадската пејачка Селин Дион, која се повлече од сцената поради болест.

Видео: Адел се расплака на настап во Лас Вегас, во прегратка со Селин Дион

Селин била на концертот заедно со своите синови - 14-годишните близнаци Нелсон и Еди. Додека ја изведуваше песната „When We Were Young“, британската поп-пејачка ѝ пријде на Канаѓанката и ја прегрна со солзи во очите. Специјалната посетителка, исто така расплакана, го прифати поздравот на својата 20 помлада колешка-музичарка.

Поп-ѕвездите се запознале пред неколку години, токму во американскиот „град на гревот“. Емотивниот миг е снимен и објавен на „Икс“.

По 10 концерти во Минхен, Германија, Адел се врати во Лас Вегас за да ги заврши обврските, по што следи долга пауза којашто самата Британка ја најави.

- Воопшто немам никакви планови за нова музика... Сакам голема пауза после сѐ ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време, изјави таа претходно за „ЗДФ“.

Сѐ тоа, зашто ѝ недостигал животот пред славата, како што вели Адел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува пробивањето на дел од булеварот низ Керамидница, кој треба директно да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба

- Удрија багерите кои треба да ја отворат новата сообраќајна артерија од Аеродром до Гази Баба. По неколкугодишен застој, од денеска продолжуваат работите на терен.

Почнува пробивањето на дел од булеварот низ Керамидница, кој треба директно да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба

По години чекање, денеска започна уривањето на дел од објектите во Керамидница, со што конечно почна пробивањето на трасата што треба да го поврзе мостот „Генерал Михајло Апостолски“ со булеварот Александар Македонски во Автокоманда.

Рушењето на објектите во Керамидница кое започна денеска, а според градските власти би требало да трае околу два месеци.

Проектот долго време беше во застој поради нерешени имотно-правни односи, кои во меѓувреме на овој крак се веќе расчитени.

За мостот да добие целосна сообраќајна функција, во меѓувреме продолжуваат постпаки за експропријација и на кракот што треба мостот да го поврзе со раскрсницата кај Ист Гејт. Според информациите на Канал 5, станува збор за 21 постпапка кои се во тек на расчитување.

Со изградбата на новата сообраќајница треба да се воспостави директна врска меѓу општините Аеродром и Гази Баба. Очекувањата се дека оваа делница ќе придонесе за подобро поврзување на двата дела од градот и за растоварување на сообраќајот на околните булевари.

- Мост што не води никаде – вака со години скопјани го нарекуваа мостот „Генерал Михајло Апостолски“. Но, ова место веќе не треба да биде симбол на недовршен проект, туку почеток на нова сообраќајна врска меѓу Аеродром и Гази Баба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начин

За парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.

Во Струмица одземени речиси 1,1 милион евра, пари стекнати на нелегален начин

Полицијата од една фирма и две физички лица од Струмица одзела речиси 1,1 милион евра, од кои во готовина речиси 600.000 евра, а другите се внесени на трансакциска сметка, објавија денеска на заедничка прес-конференција директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, претставници на СВР Струмица, УЈП, Финансиската полиција и Јавното обвинителство.

За парите тие немале потекло, па против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за даночно затајување и перење пари.

Надлежните институции проверуваат како и на кој начин биле стекнати средствата, како и евентуалната поврзаност со кривичните дела за кои се води постапката.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Западен нил“ попушта, но тројцата пациенти кои се на респиратот се во критична состојба

Епидемиолошката крива на западно-нилската треска почнува да опаѓа, но Скопје останува епицентарот на вирусот со општините каде што е прогласена епидемија, а досега има евидентирано само два случаи во внатрешноста - Куманово и Велес.

„Западен нил“ попушта, но тројцата пациенти кои се на респиратот се во критична состојба

Според официјалните податоци од Инфективната клиника, поради воспаление на мозокот предизвикан од вирусот „западен нил“ сега се хоспитализирани 9 пациенти, 8 се потврдени на вирусот, а од нив тројца се во критична состојба и се приклучени на апарати за дишење. Како оздравени се водат 40 случаи.

Од регистрираните случаи, 44 или околу 79% се машки, а 12 или 21 отсто се жени.

Според епидемиолошките податоци, најинтензивен период на појава на симптомите бил август што се смета за досегашен пик бидејќи дури 36 случаи, односно 64 проценти од вкупниот број се регистрирани тогаш. Во јули имало 17 случаи, два во јуни и еден во мај.

Дека вирусот циркулира и понатаму потврдуваат и од Агенцијата за храна и ветеринарство бидејќи по угинатиот гавран во Ресен, и кај уште два гаврани кои биле подигнати во Карпош 2 кај Драмски театар, и во Карпош 4 е детектирана западно нилска треска.

-Досега се добиени три позитивни лабораториски резултати. Присуството на вирусот е потврдено кај уште два угинати гаврани пронајдени на подрачјето на Скопје. Со досегашното следење на западнонилската треска е потврдена циркулација на вирусот кај птиците на територијата на град Скопје и нема потреба од понатамошно лабораториско испитување на поединечни случаи на угинати птици.- Агенција за храна и ветеринарство

Во Карпош досега нема евидентирано случаи со тешка форма на болеста, а според според интерактивната мапа на Министерството за здравство најголемата концентрација на потврдени случаи останува во општините каде е прогласена епидемија. Кисела вода, поточно Драчево останува на врвот по бројот на потврдени случаи 11, Бутел – 6, Гази баба - 5 потврдени, Аеродром – 4, а случаи има и во Чаир и Центар, како и во повеќе општини во скопската околина.

Инаку, според анализите на Институтот за јавно здравје најпогодени се повозрасните граѓани – 45 од заболените, односно 80,4 проценти, се на возраст над 60 години. Сите починати пациенти се мажи од Скопје, со просечна возраст околу 70 години, само кај еден од нив не се потврдени други хронични состојби, односно коморбидитети.

Според податоците од Институтот за јавно здравје досега 56 те потврдени случаи се бројка што е поголема од вкупниот број на евидентирани случаи во Македонија во последните 15 години. Во последната недела, според извештајот на ИЈЗ има шест нови случаи, а вирусот зеде 7 жртви со што смртноста кај тешката форма на болеста е околу 12 проценти.

Додека здравствените власти велат дека се преземаат сите активности со цел да се намали ризикот од пренос особено покрај потенцијалните жаришта како што се канали со застоена вода со прскања од копно, опозициската СДСМ бара одговорност за институционалните пропусти, и како што велат оттаму задоцнетата реакција што чини животи. Левица пак освен за ненавременото постапување, обвини и за неажурност од страна на Инстутутот и криење на извештаите за статистички податоци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер