ВИ што може да го прикрие акцентот на вработени во центрите за повици - Канал 5

ВИ што може да го прикрие акцентот на вработени во центрите за повици

Компанија со седиште во американската сојузна држава Калифорнија создаде вештачка интелигенција (ВИ) што го прикрива нагласокот на вработените лица во одделенијата за повици и информирање, со цел намалување на предрасудите и дискриминацијата.

ВИ што може да го прикрие акцентот на вработени во центрите за повици

Шарат Нарајана е еден од основачите на „Санас АИ“, чија технологија може да го прилагоди начинот на којшто звучи говорителот, со цел акцентот да биде прифатлив. Разликата може да биде суптилна, но Нарајана истакнува дека им помага на вработените да избегнат злоупотреба, пренесува „Гласот на Америка“.

- Во глобалната економија, на јавувањето до центарот за телефонски повици понекогаш веројатно ќе одговори и лице од подалечен дел на светот. Вработените во овие одделенија може да минат и месеци вежбајќи поубаво да комуницираат со клиентите чиј мајчин јазик и култура се разликуваат од нивните, но и со таквите обуки, нагласокот честопати повторно е пречка, појасни Нарајана.

Како што вели тој, секој ден од нивниот живот има барем по неколку случаи кога се соочуваат со одреден степен на дискриминација, а понекогаш и вистинска злоупотреба. Од друга страна, противниците и скептиците велат дека така се потиснува и се губи различноста меѓу луѓето.

- Не е дека се обидуваме да го скриеме фактот дека одредена личност е од Индија или дека онаа личност е од Филипините. Но, таа личност би звучела појасно, самоуверено и толку посвежо, што другата личност ќе сака да разговара со неа / него, вели управителот.

И самиот Нарајана порано работел како човек зза информации по телефон и, иако не го оправдува однесувањето на оние што се јавуваат, вели дека разбира за што се работи.

- Кога ќе слушнат нагласок, првото нешто што го гледам е недоверба во таа личност (која одговара на повикот). Оној што се јавува размислува на следниов начин: „Толку долго чекав да го решам овој проблем. Сега сум поврзан со некој со кого не 'се сложувам' или со чиј говор не може да се поврзам. Може ли таа личност да ми го реши проблемот“, вели Нарајана.

Социологот Анеш Анеш, од друга страна, стравува од дехуманизирачки трендови во технологијата, како и бришење на различноста.

- Поголем дел од нашата комуникација е посредувана од некоја технологија. Но, кога технологијата ќе почне да го менува нашиот акцент, таа нѐ претвора во свој аватар (олицетворение, б.п.). Во крајна линија, тогаш разбирањето не се развива меѓу луѓето, туку тоа е деловна трансакција во чувство дека бизнисот мора функционално да се прилагоди, објаснува Анеш.

Нарајана вели дека ВИ „Санас“ се користи по избор, и оти 97 отсто од вработените лица би го користеле секој ден, според нивното внатрешно испитување.

- Ако има технолошко решение за да не морам лично да го менувам начинот како звучам, но и за другиот да ме разбере најјасно, тогаш зарем тоа не е одлична работа, истакнува тој.

Се чини, како што се сложуваат познавачите, ВИ зема сè поголем замав во поврзувањето меѓу луѓето, и тоа на сè повеќе и сè поразлични начини. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло

Според Управата за хидрометеоролошки работи продолжува топлото време во Македонија и за Илинден.

Сончево и многу топло

Денес времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и

до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до

умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на

некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на

ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 2. август 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 2. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 2. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако денеска се обидете да го збогатите својот љубовен живот , преку некоја своја креативна идеја , тоа нема многу да успее.

Кариера

Ќе уживате во бавното темпо на работа. Некои дури и ќе претераат во опуштање. Добро е да се работи без стрес , но треба добро да се сработи.

Здравје

Немојте толку да се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Додека вие се трудите да бидете љубезни и да го одржувате балансот и мирот во врската, од внатре ќе чувствувате сомнеж.

Кариера

Објективно , не сте лоши и другите ве поддржуваат во работата , но без особен апричина некој од колегите би можел да биде деструктивен.

Здравје

Издржете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Конечно влегувате во поконструктивен љубовен период , кога критиките на ваша сметка се забораваат. Радувајте се.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓе и дружби , така што за работа нема многу да размислувате . Ќе работите автоматски.

Здравје

Ќе се снајдете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои можеби ќе почнат да размислуваат за личност што ја познаваат од работа. Нема да бидат сигурниз а што точно станува збор.

Кариера

Мислите за работа ќе доаѓаат сами по себе , но ќе бидат смирени , позитивни и амбициозни. Денот е добар за на мир да се направат нови планови.

Здравје

Барем на момент заборавете на се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Малку нешта може да ви попречат во овој момент на вашиот љубовен пат. Се се развива на добро , а вие сте задоволни.

Кариера

Денеска не ги слушајте пријателите ако ви дадат свое мислење за една ваша деловна идеја. Нема да ве разберат.

Здравје

Наспијте се .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска е можно убаво да се забавувате и да бидете гостин на атрактивна забава. Саканата личност ќе биде покрај вас.

Кариера

Оние кои сакаат спорт , ќе се најдат на напнат натпревар.Другите ќе уживаат , малку ќе работат , а малку ќе се забавуваат.

Здравје

Време е за повеќе вежбање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не очекувајте премногу од денешниот ден. Добар е за пребарување по спомени , но без конечни заклучоци.

Кариера

Ќе размислувате дали и колку ве сака шефот , какви ви се односите со соработниците и дали си ја сакате работата.

Здравје

Преспијте до утре , па донесете одлука.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете популарни и прифатени во секое друштво. Ако уште сте сами , излезете меѓу луѓе , па макар само на кафе.

Кариера

Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило.

Здравје

Држете се до својот план.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако имате потреба денот да го поминете сами , направете го тоа. Ако сакате да се поверите на близок пријател , и тоа е добро. Но , не очекувајте љубовен жар.

Кариера

Може само да бидете среќни што денеска немате многу работа , зашто не сте во топ форма. Одработете го она што го морате и опуштете се со содржини што ги сакате.

Здравје

Не размислувајте премногу.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе почувствувате дека може да уживате во ссосема обични работи и дека покрај љубов не вио се потребни атракции.

Кариера

Потрудете се добро да ги организирате работните часови , за подготвени да го дочекате она што доаѓа и да имате нергија да го завршите.

Здравје

Останете смирени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе сакате да најдете решение по секоја цена , а токму таквиот приод нема да донесе резултати. Ви преостанува само да чекате.

Кариера

Веројатно ќе го почувствувате новиот бран енергија , поради што ќе изгледате поактивно и позитивно кон работата.

Здравје

Продолжете да работите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мало вознемирување поврзано со вашето семејство накратко ќе ве потресе , но вашата врска и натаму е квалитетна.

Кариера

Одвнатре ќе бидете нетрпеливи за да ги докажете своите проценки , но сепак цел ден ќе мора да слушате други.

Здравје

Мал душевен немир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хајди Клум повторно провоцира

Легендарната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно ги воодушеви фановите со фотки во бикини коие се чиста провокација. 

Фото: Хајди Клум повторно провоцира

Летото е во полн ек, што значи дека Хајди Клум сè уште има време да ги покаже различните модели на костими за капење што ги подготвила за ова лето.

Појавувањето на фаталната русокоса е чиста провокација, градите ќе и излетаат од бикинито.

Позната по своите заводливи облини и по тоа што нема проблем да се разголи пред своите обожаватели, манекенката Хајди Клум повторно го почести светот со жешки летни фотографии.

Неодамна беше фотографирана на островот Сент Бартелеми, а благо кажано, со своето издание таа ја разгори фантазијата на многумина.

За време на фотографирањето, познатата убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење.

За време на снимањето, славната убавица носеше бикини што едвај ги покриваше нејзините интимни делови, особено бујните гради кои се закануваа дека ќе „изѕирнат“ од горниот дел на овој провокативен костим за капење.

Фотографиите се проширија на социјалните мрежи со брзината на светлината, а јавноста имаше можност да ужива во заводливите облини на славниот топ-модел од 90-тите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер