Седум жртви во страшното невреме во Италија, Франција и Швајцарија (ВИДЕО)

Според последните податоци, најмалку седум лица загинаа во моќното невреме што ги погоди Франција, Швајцарија и Италија.

Како што објави Dailymail, во Швајцарија три лица загинаа во лизгање на земјиште предизвикано од обилни врнежи во кантонот Тичино, недалеку од границата со Италија.

Маж бил пронајден мртов во хотел во кантонот Вале, во југозападна Швајцарија. Полицијата соопшти дека тој загинал како последица на поројна поплава.

Во соседна Франција три лица во осмата и деветтата деценија од животот загинале кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓале поради невремето. Четвртиот патник во автомобилот е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот.

Во меѓувреме, реката Ноашета, недалеку од Торино на северот на Италија, се излеа од коритото по обилните дождови, што метеоролозите го споредуваат со „водена бомба“. Мостовите и главниот пат во регионот се затворени. Реката Стура се излеа во долината Ланцо во северозападна Италија.

Во Швајцарија службите за итни случаи објавија дека неколку стотици луѓе се евакуирани поради лизгање на земјиштето и поплавите во кантонот Вале. Швајцарскиот министер за надворешни работи Игнасио Касис, кој е од Тичино, рече дека тоа е „голема катастрофа“.

Ова се најлошите поплави во Швајцарија од 2000 година, кога 13 лица загинаа во лизгање на земјиштето што го уништи селото Гондо.

Македонскиот амбасадор во Тирана повикан на консултации кај министерот Муцунски за пописот

Македонскиот амбасадор во Тирана повикан на консултации кај министерот Муцунски за пописот во Албанија.

Македонскиот амбасадор во Албанија денеска е повикан на отчет пред министерот за надворешни Муцунски за пописот во Албанија.

Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека согласно законот, македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации.

Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана. – велат од МНР. Како што претходно информираа од таму, амбасадорот треба да објасни што се случувало пред и за време на спроведување на пописот, постапките на македонските институции, но и какви насоки имало МНР.

Владата утре на седница го става укинувањето на економските директори

Законските измени со кој се предвидува укинување на економските директори на Клиниките утре ќе се најдат на маса пред министрите во Влада.

Министерството за здравство, на крајот од минатата недела ги достави до Владата, а премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека тие утре ќе се најдат на владина сецница. Измените доаѓаат откако минатата недела по превземањето на функцијата во здравство, министерот Таравари ја почна „чистката“ на директори чиј мандат истекува до крајот на месецот, за останатите потребни се законски измени. Надлежните очекуваат да се стави крај на како што велат, дулазимот, и да се рационализира трошењето на средствата.

„Мора да имаме едно лице кое ќе биде одговорно и едно лице кое ќе има обврски права, но и договорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и одговорнисте и не можевме да ја локализираме одговорноста. Сега со овој потег јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорност и утре практично ќе имаме повеќе од 100тина функционери кои што се на товар на граѓаните помалку во државата. “- изјави Христијан Мицкоски – премиер.

Министерот за здравство најави ревизија на работата на сите клиники и нови смени на диркеторските позиции, но вели доколку утврдат дека некој директор добро си ја вршел работата ќе остане на функцијата. Фокус на министерството во селдната година, според Таравари и натаму останува спојување на клинички, болниците и здравствените домови да се спојат во општа болница во секој град и дигитализација на здравството.

„Некој што се добри може ќе ги задржиме. Ќе има и ревизија се надевам во сите клиники и во сите болници. “-изјави Арбен Таравари – министер за здравство.

Таравари уште на првиот ден од превземањето на функцијата почна со разрешување на економските диркетори. Досега се разрешени десетина економски директори, а меѓу нив беше и контроверзната директорка на Токсикологија Бесија Иљази, која ги потпиша 18те спорни договри за работа. Во меѓувреме дел од клиниките добија нови медицинкси дирктори.

На Токикологија е назначен професорот Андон Чибишев, екс министерот за здравство Фатмир Меџити оди на неврологија, доктор Игор Стојковски на клиниката за онкологија, а Хасан Танер ќе биде нов дикретор на клиниката за ендокринологија потврди денеска Таравари. До петок според најавите ќе се знае кој ќе биде и нов директор на ГОБ 8ми Септември, засега неофицијално извори за Канал 5 го споменуваат името на пратеникот од ВРМО –ДПМНЕ Синиша Стојаноски.

притисни ентер