Вести на Канал 5 во 18, 18.06.2026 - Канал 5

Вести на Канал 5 во 18, 18.06.2026

Вести на Канал 5 во 18, 18.06.2026
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

​Ако СДС се препознаа самите во талогот, тогаш сосема сигурно е дека најцрното во него се Венко Филипче и Андреј  Жерновски.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако СДС сами се препознаа во талогот, најцрното во него се Венко Филипче и Андреј Жерновски

Бидејќи Жерновски меѓународно беше и неуспешен амбасадор во обид, треба да му е јасно каков е распоредот на протоколарното седење кога станува збор за државни прослави, и е потребно барем да не се брука себе со прашањето зошто седел јавниот обвинител до премиерот.

Што се однесува до талогот, Жерновски и СДС сами се препознаа иако премиерот Мицкоски, директно не ги спомна.Но кога сме кај тоа прашање талогот во СДС се фабрика за ширење на нихилизам, омраза и жестоки поделби. Тие се против се што е прогресивно во земјата.

Тие се против сè што оди напред. Против болници, против патишта, против нов клинички центар, против инфраструктурни објекти за општините какви градиме со унгарскиот кредит, против брза железница, против покачени плати и пензии. Против дата центри, против нови инвестиции

Oмраза на СДС го труе општеството, пера кои клеветат, навредуваат. Таквата губитничка политика треба да нè повлече сите надолу. Секој млад човек да почне да се колеба, да нè прикажат дека сме сите исти кога и сме толку различни. Тој талог мора и ќе биде победен.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прави Македонија лидер во регионот

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Николоски: Одржливиот транспорт и зелената транзиција ја прави Македонија лидер во регионот

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски во обраќањето на реализација на проектот за изградба на ветерниот парк на компанијата Алказар во Штип.

Тој истакна дека оваа инвестиција е доказ за визијата за енергетска стабилност но и дека Владата посветено и партнерски работи со инвеститорите.

​" Вчера прославивме триесет и пет години на независност на Македонија. Утрото го отворивме реконструираниот Охридски аеродром, вечерта сите се забавувавме на убавата електронска музика на Дејвид Гета, денеска почнуваме ветрен парк — мислам дека подобар доказ дека државата има модерна иднина, иднина којашто е во чекор со 21-виот век. Комбинацијата на одржлив транспорт, на зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот.

​Ќе продолжиме да го поддржуване проектот, вложивме многу во изминатиот период под водство на премиерот Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, градоначалниците се тука на Штип, на Карбинци, на Радовиш, секако тимовите на Министерството за транспорт, на Катастар, Министерство за земјоделие, Министерство за животна средина. Самото тоа што денес сме тука, а за три години и ќе го пуштиме овој ветрен парк е најдобар доказ за вашата работа" - изјави заменик претседателот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Мицкоски нема никаков резултат, му останаа само „талог“ кампањата за поделба и навреди на граѓаните

Денеска СДСМ сака да реагира отворено и многу директно на вчерашниот говор на премиерот Мицкоски, ако тоа може да се нарече некаков говор. 

Жерновски: Мицкоски нема никаков резултат, му останаа само „талог“ кампањата за поделба и навреди на граѓаните

Тоа што се случи за големиот празник Илинден, истото се случи при одбележувањето на Денот на независноста. Наместо единство, наместо повикување на заедништво и прослава на државноста, повторно се активираше кампањата „Талог“ на премиерот Мицкоски.

На ден кога Македонија обележува 35 години од својата независност, Мицкоски прво повика да не се делиме, за веднаш потоа повторно да започне со поделби и, како што кажав, ја активираше неговата позната кампања „Талог“.

Она што беше приметливо е дека тој вчера директно се закани дека ќе се соочи, ќе ги натера тие од „Талогот“ да се соочат со правдата, потоа седнувајќи до државниот обвинител.

Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја.

Ние отворено зборуваме за тоа. Прво, кога се сеќавате, забранија да се говори во Собранието за мигрантите.

Потоа во Ново село физички нападнаа млади луѓе кои изнесоа транспаренти и сакаа да предупредат за сето она што се случува во Гостивар со водата за пиење.

Пред некој ден, наш советник од СДСМ беше повикан во полициската станица на распит само затоа што на Фејсбук ја бранеше политиката на земјоделците, односно ја нападна политиката на Мицкоски, визави земјоделците.

Сето тоа се случува во денешно време во земја која навидум функционира демократски, меѓутоа далеку сме од демократијата.

Сега се поставува прашањето и ние мора да дадеме одговор на тоа прашање. Зошто Мицкоски го прави сето ова? Зошто упорно и упорно инсистира на тие термини „талог“, „тиња“ и така натаму?

Одговорот е многу јасен, затоа што нема резултати буквално во ниту една област. Ниту во економијата, ниту во здравството, ниту во земјоделието, ниту во образованието, ниту во социјалата, ниту во европскиот пат на нашата држава. Буквално во секоја област ние имаме крахирање.

Значи, одговорот е многу јасен. Кога резултатите буквално во секоја област ти се тиња и кога целиот премиерски мандат ти е буквално тиња, тогаш единствено што ти преостанува да зборуваш е за тиња и талог. Меѓутоа, среќа што граѓаните тоа го прочитаа.

Она што денеска сакаме исто така да го потенцираме е фактот што живееме во една ситуација како граѓанин на оваа држава која е веќе неиздржлива.

Потрошувачката кошничка стигна до 90.000 денари со кирија.

Минималната плата е 26.000 денари и со таа сума сме заковани на дното на Европа. Цените отидоа до плафонот. Стандардот на граѓаните опаѓа, луѓето живеат сè потешко. Долгот на Мицкоски, односно политиката на Мицкоски со која ја задолжи оваа држава, изнесува 4 милијарди евра за само две години.

Мицкоски веќе изгуби 150.000 гласови, но по сето ова што го гледаме следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг и, се разбира, рејтингот на партијата и на владата.

Патриотските теми очигледно веќе не поминуваат. Тие се после две години прочитани од страна на граѓаните и затоа е интензивирањето на оваа кампања „Талог“, „тиња“ и та натаму.

Економскиот пат, како што кажав, е замрзнат. Се слави злосторник како Ратко Младиќ, спротивно на сите европски и сите човечки вредности.

Се прави како што прави неговиот ментор Вучиќ и ние тоа секогаш го потенцираме за да биде јасно каква е таа политика.

Поради таквите кампањи и политика, соседна Србија веќе застана на патот кон Европа.

За жал, Мицкоски го прави токму истото со нашата држава, затоа што кога нема Европска унија, нема ни европско обвинителство.

А, кога нема европско обвинителство, тогаш сè се решава со телефонски повик.

Така се ослободува Груевски. Така криминалната палата, Белата палата, стана одеднаш чиста. Така бодигарди кои претепуваат жени остануваат неказнети.

Така гледаме возачи и нивните министри како земаат мито. Гледаме криминални тендери за кои никој не одговара.

Меѓутоа, правдата ќе си го најде својот пат.

Има еден проблем сериозен со којшто се соочува денеска ВМРО и партијата на Мицкоски, а тоа е што таа политика веќе е прочитана од страна на граѓаните.

Граѓаните на нашата земја се спремни, се подготвени да ја бранат Македонија. Тие нема да дозволат да бидат нарекувани талог, тиња, само затоа што размислуваат поинаку од Мицкоски.

Таквата политика на крај, во секој случај, ќе биде казнета.

Сакам на крај да потенцирам дека СДСМ упорно и докрај ќе продолжи да се спротивставува на политиката на поделби, ќе продолжи понатаму да го брани правото на слободно размислување, правото на говор.

Секој граѓанин го има тоа право и ќе ја брани политиката на Европска Унија, односно иднината на нашата земја, која припаѓа на политиката на Европската унија.

Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните, а криминалците во рацете на правдата.

Граѓаните ќе победат, Македонија ќе победи.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер