Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“ - Канал 5

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста.

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“

На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел.

„No Finish Line Skopje“ не е трка за медал, туку настан во кој секој изминат километар претставува чекор кон помош за Детската болница „Козле“. Учесниците можат да трчаат или да пешачат, а секој нивен чекор има хуманитарно значење.

Општина Аеродром продолжува да го поддржува спортот и настаните што ги поврзуваат граѓаните и создаваат позитивна енергија во заедницата.

Во следните 100 часа, Аеродром ќе биде место за спорт, дружење и хуманост со заедничка цел - секој чекор да значи помош и надеж за оние на кои им е најпотребна.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите

Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија.

Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието.

Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите.

Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси.

Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка.

Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

„Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месеци

На 08.09.2026 во 14:15 часот на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Ф.Р.(50) од Тетово.

Приведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месеци

Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дела по член 144 став 5 во врска со ставовите 1 и 4 од Кривичниот законик.

Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Пуштена е во употреба спортската сала „Џексон“ во Општина Штип

Изјава за медиуми на премиерот Мицкоски од пуштање во употреба на спортска сала во Општина Штип.

Мицкоски: Пуштена е во употреба спортската сала „Џексон“ во Општина Штип

„Добар ден и од мене.

Денеска сме во Штип за многу убави работи. Првата беше официјалниот почеток на инсталирањето на ветерниот парк — инвестиција која, кога ќе биде заокружена во трите фази (а очекувам третата фаза да започне на почетокот од следната година), ќе биде во вредност од над половина милијарда американски долари. Како што слушнавте и на самиот настан од инвеститорот, тоа не е прв и последен проект, туку ќе следат и други проекти во коишто тие се заинтересирани да инвестираат.

Понатаму, ова е вториот проект којшто денеска официјално го пуштаме во употреба. Тоа е овој спортски центар, оваа спортска сала којашто ќе биде дом — убеден сум — на многу македонски репрезентативци, на многу деца коишто ќе прераснат во идни македонски репрезентативци. Нешто што му требаше на градот. Овој проект го започнавме уште на почетокот од мандатот на оваа Влада и еве конечно го завршуваме, го ставаме во функција.

И она коешто, би рекол, како страничен настан, но не помалку важен, беше потпишувањето на спонзорството помеѓу компанијата „Алказар Енерџи Партнерс“ и Кошаркарскиот клуб од Штип. Така што, кога постои синергија помеѓу бизнисот, локалната заедница, граѓаните и општината, се создаваат убави дела.

Така што еве, можам уште еднаш да кажам дека сум пресреќен што денеска во Штип присуствував на овие настани, а на штипјани, на младите штипјани, на спортистите коишто се од овој град им посакувам многу спортски успеси, многу победи да постигнуваат во овој спортски објект, а ние како Влада продолжуваме и во иднина да се посветиме на она коешто значи испорака кон граѓаните.

Оние коишто знаат само да измислуваат и лажно да клеветат, ќе продолжат. Но она коешто останува е она коешто граѓаните денеска можат јасно да го видат — промена од една руина во еден репрезентативен, би рекол европски спортски објект.

Ви благодарам.“ -изјави Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер