Весна Јаневска „На кавга со Иван“ - Канал 5

Весна Јаневска „На кавга со Иван“

Утре во емисијата „На кавга со Иван“ гостува министерката за образование Весна Јаневска

Весна Јаневска „На кавга со Иван“

Утре во оригиналното шоу НА КАВГА СО ИВАН, гостува Министерката за образование Весна Јаневска...

Ќе се исфрлат ли логика, етика и филозофија клучни за креирање на логичкото мислење? Ако да, ќе се уфрлат ли следните три предмети: ChatGPT за глупаци, брзи објави на ТикТок и Канва за напредни корисници?

Како дојдовме да интонирањето на химната стане политичко прашање?

Претходната влада сакаше да го избрише предметот Историја, а дали оваа ќе му дозволи на Касами да ја заборави историјата од АСНОМ во Тетово менувајќи ги имињата на улиците?

Имаме вишок наставници- но зошто не и вишок првенци на генерација?

Дали лошата политичка и општествена култура е поради лошите оценки?

Утре во 21.30 час. на YouTube каналот на Канал 5 и во 23.00 час. на Канал 5 ТВ.

АД МЕПСО: Дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа.

АД МЕПСО: Дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО.

-Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО.

Оттаму информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.

-Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија, посочуваат од АД МЕПСО.

Ноќеска поголемиот дел од државата краткотрајно остана без напојување со електрична енергија.

Пет лица загинаа во пад на два цивилни хеликоптера во Финска

Неколку лица загинаа во Финска откако два цивилни хеликоптера со пет патници се судрија во воздух и се урнаа, соопшти полицијата.

Пет лица загинаа во пад на два цивилни хеликоптера во Финска

Според плановите на летот, едниот од хеликоптерите превезувал две лица, а другиот три.

„Во несреќата загинаа неколку лица. Точниот број на жртви и идентитетот на патниците сè уште се утврдуваат“, соопшти финската полиција.

Меѓутоа, естонската јавна телевизија ERR, пренесена од ДПА, објави дека се верува дека сите пет патници загинале.

Несреќата се случила напладне во југозападна Финска.

Според истражителите, хеликоптерите патувале од естонскиот главен град Талин до финскиот аеродром.

Истражителите пронајдоа остатоци од два хеликоптера во шумска област северно од Турку.

Причината за несреќата останува нејасна.

Медиумите наведуваат дека патниците биле бизнисмени.

Очевидец интервјуиран од финскиот весник „Илталехти“ изјави дека видел како еден од хеликоптерите маневрира и го удрил другиот хеликоптер. /МИА

Вицегувернерката Нацевска на јубилеј на АЦИ Македонија

Народната банка спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати

Вицегувернерката Нацевска на јубилеј на АЦИ Македонија

„Народната банка посветено работеше во изминатиот период и спроведе значајни реформски процеси за поставување на домашните финансиски пазари. И во иднина, ќе остане активен двигател и поддржувач на реформските процеси за унапредување на домашните финансиски пазари, во тесна соработка со сите релевантни банкарски здруженија, државните институции и со останатите чинители на домашните финансиски пазари. Нашата цел е да создадеме посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување, кое ќе го поддржи економскиот раст и ќе придонесе за просперитетот на нашата земја“. Ова беше посочено од страна на вицегувернерката Емилија Нацевска во поздравното обраќање на 30-тото јубилејно Годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ Македонија.

Домашните финансиски пазари се клучната алка во спроведувањето на монетарната политика, па затоа Народната банка уште од монетарното осамостојување активно соработува со банките со цел воспоставување на функционален, ликвиден и транспарентен девизен пазар и пазар на пари. Истовремено, Народната банка активно го поддржува примарниот пазар на државни хартии од вредност на којшто се формира т.н. безризична крива на принос, значајна за развој на останатите сегменти од финансиските пазари, при што го воспостави и секундарниот пазар на државни хартии од вредност. Воспоставувањето и континуираниот развој на овие пазари овозможи ефикасно спроведување на интервентната политика на Народната банка за одржување на стабилноста на девизниот курс на домашната валута, поефикасна трансмисија на сигналите на монетарната политика и посигурно и поевтино позајмување на финансиски средства помеѓу учесниците на пазарите. Сето тоа придонесе за постепено јакнење и одржување на стабилноста на домашниот финансиски сектор во функција на континуирана поддршка на економската активност на фирмите и домаќинствата.

„Во контекст на пошироките развојни процеси во финансискиот сектор, сакам да истакнам едно значајно достигнување оваа година, кое ја рефлектира заедничката заложба на Народната банка, банките и другите релевантни институции, прифаќањето на нашата земја во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). За граѓаните, компаниите, но и институциите, ова значи можност за подигнување на нивото на финансискиот квалитет и стабилност, што дополнително ќе го зајакне целокупниот економски амбиент, отворајќи простор за натамошен развој и продлабочување на тргувањето на домашните, но и на меѓународните пазари“, посочи вицегувернерката Нацевска во обраќањето.

Во таа насока, беше истакнато дека Народната банка активно го следи процесот на подготовка на банките за пристапување во СЕПА шемата за кредитен трансфер, обезбедувајќи континуирана техничка и стручна поддршка. „Иако процесот е долг и најраниот датум за прифаќање на банките од новите земји членки е 6 октомври 2025 година, со задоволство можам да споделам дека една банка веќе поднесе апликација за членство до Европскиот совет за плаќања, а повеќето банки се во напредна фаза на подготовка. Ова е јасен сигнал дека сме на добар пат – со одговорен пристап, стратешка визија и соработка меѓу институциите – да се вградиме рамноправно во европскиот финансиски простор.“ посочи Нацевска.

Соработка на Народната банка со АЦИ Македонија е од почетоците на здружението во 1996 година, кое беше основано на иницијатива и со поддршка на Народната банка. Здружението АЦИ Македонија ги обединува претставниците на банкарскиот сектор коишто работат на домашните финансиски пазари и претставува платформа за развивање добри професионални односи, зголемување на меѓусебната доверба, размена на искуства и постојана професионална едукација на вработените во банкарскиот сектор. Здружението во 2001 година стан дел од меѓународното семејство на здружение на банкарски работници на финансиските пазари, кое оваа година прославува исто така значаен јубилеј, односно 70 години постоење. Едукацијата и промовирањето на етичко однесување на овој сегмент на банкарски професионалци и во иднина ќе биде во фокусот на активностите на Народната банка како партнер на здружението АЦИ Македонија.

притисни ентер