Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
1Макрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ
3Потпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во Загреб
ТехнологијаВештачката интелигенција може да го земени и пилотот на моќниот воен авион Ф-16 (ВИДЕО)Извршен е пробниот лет на авионот Ф-16 на американското воено воздухопловство, кој беше контролиран од вештачка интелигенција.Целта на американската војска е до 2028 година да има 1.000 борбени авиони без екипаж, објави Дејли Меил. Пробниот лет на американскиот авион Ф-16 бил извршен во базата на американското воено воздухопловство во Калифорнија, каде се обучува новата генерација на вештачка интелигенција, со план САД да имаат флота од 1.000 борбени авиони кои нема да бидат управувани од луѓе до 2028 година, според новинарите на Асошиетед прес на кои им било дадено право да присуствуваат на летот. Секретарот на американските воздухопловни сили Френк Кендал седнал во авионот управуван од вештачка интелигенција за да покаже дека нема ризик, а подоцна изјавил дека е „безбедносен ризик“ да се лета без вештачка интелигенција. Авионот Ф-16 со име „Виста“, под контрола на вештачката интелигенција, летал со брзина од околу 880 километри на час, изведувајќи маневри во трка со друг авион контролиран од човек. На крајот на летото, Кендал изјавил дека ќе верува во способноста на ВИ да одлучи дали ќе користи оружје во војна, но и дека секогаш ќе има човечки надзор кога станува збор за употребата на оружје. Авионот „Виста“ работи така што прво учи врз основа на милиони податоци собрани во симулаторот, по што ги тестира своите заклучоци во вистински лет. АП пренесува дека и Кина има авиони со вештачка интелигенција, но сепак не ги тестира надвор од симулаторите. Имало повеќе од десет вакви пробни летови од минатата година, а вештачката интелигенција учи толку брзо што веќе почнува да победува некои авиони на натпревари со човечки екипаж. Пилотите за АП изјавија дека се свесни дека можеби ја тренираат нивната замена, но и дека не би сакале да се најдат на небото против противнички авион контролиран од вештачка интелигенција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМакрон воведува забрана за социјални мрежи за помлади од 15 години- го бара истото за сите земји во ЕУ Францускиот претседател Емануел Макрон побара од Европската комисија да ја поддржи забраната на социјалните мрежи за деца под 15 години во ЕУ. Неговата канцеларија објави дека тој се одлучил за тој потег откако Франција не успеа да воведе свој закон, пишува Ројтерс. Писмо до Урсула фон дер Лајен Во писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од 29 август, Макрон изјави дека воведувањето забрана на ниво на целата Унија станало итно. Тој нагласи дека новото законодавство на ЕУ е неопходно бидејќи францускиот Уставен совет го отфрли националниот закон ова лето, непосредно пред да стапи на сила во септември. „Верувам дека сега е потребно да се оди чекор понатаму и да се воведе единствена забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години преку новата европска законска рамка. На тој начин би ги заштитиле сите деца во Унијата“, напиша Макрон во писмо до кое дошле Ројтерс и други медиуми. Поделени ставови во Европа Откако Австралија воведе таква забрана минатата година, неколку европски земји размислуваат за слични ограничувања. Причината е растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз менталното здравје и безбедноста на младите луѓе. Сепак, некои земји, особено оние во Скандинавија, веруваат дека одлуката треба да ја донесат родителите. Приоритетот на Макрон и плановите на Комисијата За Макрон, ова прашање стана приоритет во последната година од неговиот претседателски мандат, пред изборите во 2027 година. Тој веќе некое време лобира кај другите влади на ЕУ да ги поддржат овие ограничувања. Тој исто така најави дека, без оглед на исходот на европско ниво, Франција ќе го финализира законот што Уставниот совет го поништи, иако политичката фрагментација во парламентот и тешките преговори за буџетот би можеле да го отежнат неговото усвојување. Фон дер Лајен уште во јули изјави дека Европската унија ќе преземе чекори за ограничување на пристапот до социјалните мрежи за најмладите во сите 27 земји-членки. Таа се осврна на предлозите на двајца автори кои препорачуваат воведување систем по возрасни групи. Според тој модел, децата под 13 години би имале само ограничен надгледуван пристап, додека ограничувањата постепено би се ублажувале со возраста. Макрон, од друга страна, се залага за построг пристап и повикува на целосна забрана за користење на социјалните мрежи до 15-годишна возраст. Тој го испраќа своето барање пред говорот за состојбата на Унијата што Фон дер Лајен ќе го одржи во Европскиот парламент на крајот од овој месец.Тагови: Емануел Макрон социјални мрежи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПожар прави пустош низ Црна Гора- од чадот, не се гледа патот (ВИДЕО)Возач кој вчера се враќал од Жабљак испратил на познатата Инстаграм страница „Подгорица Тајм Машин“ загрижувачки информации за пожарите во областа Шавник.Како што наведува, активни пожари може да се видат на неколку локации низ Цена Гора, додека голем дел од теренот веќе е зафатен од пламен и претрпел значителна штета. „Оган гори насекаде. Огромни пожари, а голем дел од областа веќе е изгорен. Она што најмногу ме вознемирува е што не видов ниту едно противпожарно возило по целиот пат, ниту пак некоја сериозна акција за ставање на пожарот под контрола и спречување на уште поголема штета“, наведува читателот. View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) Тој додава дека сцените на кои наишол се многу вознемирувачки и дека е тажно да се гледа како пожарот ги проголтува шумата и природните пејзажи. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни, да не палат оган на отворено и веднаш да пријават секој пожар што ќе го забележат кај надлежните служби.Тагови: пожар Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишан Договор за соработка меѓу Државниот архив на Македонија и Хрватскиот државен архив во ЗагребВчера, во Загреб, директорот на Државниот архив на Македонија, м-р Димитар Богески, и директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура, свечено потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции. На настанот присуствуваше и амбасадорот на Република Македонија во Република Хрватска, д-р Драган Ѓурчевски. Со овој договор се отвора широк простор за реализација на заеднички изложби, стручни работилници, предавања, како и за непосредна размена на кадри и искуства. Посебен акцент е ставен врз процесите на дигитализација, заштита, обработка, конзервација и реставрација на архивскиот материјал. Размената на искуства во областа на дигитализацијата е од особено значење за модернизација на архивската дејност, овозможувајќи современо чување и поголема достапност на историското и културното наследство за пошироката јавност. Државниот архив упатува посебна благодарност до амбасадорот д-р Драган Ѓурчевски за неговото несебично залагање и поддршка во успешната реализација на оваа значајна иницијатива. Државен Архив на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook