Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
1Скандалозната изјава на првиот човек на ФИФА: Џани Инфантино ја шокираше планетата пред почетокот на Светското првенство!
Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината
Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health
1Неверојатна глетка од Јадранското Море: Се појави кит од 70 тони, експертите открија зошто доаѓа во ова време од годината
2Алиу: Реформите во здравство добиваат европска рамка - Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health
МакедонијаВереса Димова: Криминалните пипци на ВМРО ОКГ не ги поштедиле ниту детските градинки во ШтипНетрпението и недовербата помеѓу вмровските функционери очигледно продолжува и кулуминира со смената на директорот на детската градинка Астибо.Очигледно и самиот градоначалник се сомнева во работењето на кадрите од сопствените редови, особено кога станува збор за финансиски малверзации и сомнителни трошења на народните пари. Јавноста добро ги памети скандалите што ја потресоа општината:– кражбата на нафта тешка 18 милиони денари, сомнителните набавки на опрема и реквизити во градинката Астибо, како и бројните индиции за нерегуларности во работењето. Но, едно останува заедничко за сите овие случаи , никој досега не понесе одговорност. Дека се аздисува со парите на граѓаните по институциите, доказ е и финансиската помош од речиси 10 милиони денари за детските градинки од парите на граѓаните. Јорданов е должен јавно да одговори за какви сомнежи на финансиски криминал се работи? Каква е финансиска состојба во градинките и покрај зголемените цени за престој во нив?, рече Галаба Вереса Димова –советничка од СДСМ во општина Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул, ТурцијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција.Форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства. На настанот се очекува учество на голем број компании од двете земји, кои ќе реализираат B2B и B2G средби. Бизнис форумот ќе го отворат министерот Муцунски и неговиот хомолог, министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. На маргините на форумот, министерот Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот Болат, на која се очекува да стане збор за економските односи меѓу двете земји, можностите за натамошно зголемување на трговската размена, привлекувањето инвестиции, како и за унапредувањето на севкупната економска соработка. Настанот претставува значајна можност за продлабочување на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и за воспоставување нови деловни контакти и партнерства меѓу компаниите од двете држави.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши: До 2015 година застаппеноста не била законски регулирана освен преку алаткаПроцедурата за носењето на законот за правична застапеност е запазена, најверојатно во понеделник ќе се свика продолжение, вели собранискиот спикер Африм Гаши во „Само Интервју“. На најавите на дуи дека е можно физички да го попречат носењето за законот, Гаши посочи дека демократија значи владеење на мнозинството, а на законот треба да му се даде шанса и доколку е потребно допнително ќе се менува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПовторно пожар во штипско: Огнот зафатил и три викендички - повредено едно лицеЕдно лице е повредено и во пожар кој попладнево избувнал во штипско. Зафатени биле сува трева и грмушки, но и неколку викендички, а повредено лице е сопственик на една од викенд-куќите.Пожарот како што информираше директорот на дирекцијата за заштита и спасување во моментот е изгаснат и бил во непосредна близна на местото каде и вечра имаше огнена стихија. При гаснењето на огнената стихија интервенирал еден авион на дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарникари од околните општини и од доброволното противпожарно друштво во Штип. Агелов заедно со градоначалникот на Штип Иван Јорданов го посетиле повреденото лице, кое во моментот е во болница во штип со изгореници, но е во стабилна состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook