Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата - Канал 5

Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата

Вера и Илија Велјанови решија да го напуштат живеењето во Неготино и се населија во кавадаречкото село Сопот.

Вера и Илија се вратија од град в село и пронајдоа мир во душата

Поговорката „Фали село, живеј во град“ не важи за овие позитивни луѓе. На седум километри од Кавадарци и девет од Неготино, тие ја живеат својата селска бајка.

Да го одживеам остатокот од животот

Се вратив од град во село да го одживеам остатокот од животот! Со овие зборови ме пречека деновиве Илија, кога ги посетив во нивниот своевиден рај.

– Како дете во далечната 1960 година, моето семејство го напушти Сопот и се настани во Скопје, градот кој беше гладен за работници, а селата се празнеа. Се индустријализираше земјата. Се отвараа големи капацитети кои побаруваа многу работници. Јас бев ученик во основно училиште и почнав да се привикнувам на градскиот живот, кој морам да признаам тешко ми паѓаше. Меѓутоа со тек на времето децата побрзо се вклопуваме во новите средини. Преку игри со врсниците од маалото и заедничките посети во паркот, зоолошката градина, во кино, потоа и во театар и на концерти, животот ми беше исполнет, разновиден и го засакав Скопје, евоцираше спомени за МИА.

Дипломирал архитектонско градежен факултет и се вработил во Неготино. Се пензионирал пред десет години. По пензионирањето одлучил да се врати во родното село.

– Со доза на задоволство, дека сум го дал мојот придонес кон заедницата и време е да го одживеам остатокот од животот во средина, каде што ќе најдам други активности кои беа одамна заборавени. Едноставно барав мир за душата! А во почетокот имав потешкотии да ја убедам сопругата дека во Сопот ќе ни биде поубаво, а Кавадарци и Неготино ни се на дофат и можеме во секој момент да одиме. Во село имаме поголем двор и услови за градина, живина, па и некоја коза. Се навикнавме на ваквиот живот многу полесно, отколку на промената од село во град. Стануваме рано и најпрво се прошетува во дворот, се дава храна на двете кучиња, па кокошките ќе се нахранат, козите исто така, па јајцата да се земат, козите да се измолзат, па градината да се ископа… И пресните производи да се стават на маса. Задоволството, верувале или не, е целосно. Домашен производ, еколошки чист, производство со сопствени раце, од своја градина, од своја стаја, од свој подрум. Во подрумот секогаш се наоѓа вино произведено од сопствени лозови насади од повеќе сорти на грозје. Секогаш во умерена физичка активност, со здрава еколошки произведена храна и користење пијалок на боговите, што друго да посака човек, кога го дал својот удел кон татковината и општеството, освен да го одживее остатокот од животот, онака како што нему најмногу му одговара и погодува, откри тој.

Избравме селски живот и не зажаливме

Мојот живот го живеев и го живеам измешан помеѓу раздвиженоста и хаосот во градска средина и смиреноста и особеностите на шареноликоста на задоволства кои ги дава селото. Ова пак беа зборовите на неговата сопруга Вера. Родена во битолско, израсната во Битола и Скопје, правник по професија.

– Паралелно со работата, а живеејќи во лозарски крај, го посадивме, првото лозје од три декари, наредната година уште два декара, на нивите од татко му. Лозјето ни беше за рекреација и за зголемување на домашниот буџет. По некоја година изградивме и сопствена куќа во Неготино. Условите за градба тогаш беа поволни, бидејќи банките одобруваа кредити под поволни услови. Тоа значеше дека ќе се врзиме за овој крај. И така стана. Кога човек ствара имот, потешки се преселбите. По 35 години работен стаж се пензионирав и Илија предложи да се настаниме во Сопот, а куќата да му ја преостапиме на синот. Тоа беше неприфатливо за мене. Навикната на живот во Битола и кратко во Скопје, се прилагодив во Неготино, да се селам во село Сопот?! Се противев, ама прифатив. Кога и децата ни се придружија, тогаш и животот на село, малку по малку, ми стана прифатлив, искрено проговори домаќинката.

Таа кажа дека е голем љубител на животни и нагласи дека тие што ги имаат во селото, им го прават животот интересен и исполнет.

– Кога мајка ми Милица ми ја даде првата коза, иако ми беше мила, ме плашеше помислата, дали ќе можам да се справам околу исхраната, чистењето, молзењето и преработката на млекото во сирење, кисело млеко и урда. По телефон се јавував кај мајка ми и таа ме подучуваше и така малку по малку сега се специјализиравме и во оваа дејност. На сопругот и моето здравје се подобри со секојдневните активности околу грижата за имотот во дворот. Домашните производи ги користиме исклучиво за сопствена консумација. Денот ни е исполнет, а задоволството од постигнат резултат ни го јача духот. Ние го избравме овој селски живот и не зажаливме, децидна е Вера.

Сопружниците се осврнаа и на одлуката на синот Трајче и снаата Суза, исто така интелектуалци, кои, како и нив, му дале предност на селскиот, пред градскиот живот.

– Нашиот наследник е дипломиран електро инженер, електро-енергетска насока. Побара работа во неколку компании што вработуваат од оваа струка. Беше спремен да прифати да работи и како работник во овие претпријатија. Сметаме дека не се создаде прилика да го искаже знаењето стекнато со студиите. Се обиде да работи преку сопствена фирма на работи според квалификацијата. Откако ги доби овластувањата за изведба на електротехнички инсталации, за проектирање и надзор над електро технички работи и го набави потребниот алат за работа, отпочна со работа. Меѓутоа, поради нелојалната конкуренција од вработени во јавни претпријатија и установи, патот кон успех беше попречуван и оневозможен и од тие причини, се посвети на работи во земјоделството. Производство на грозје, а потоа и производство на вино, регистрирана семејна винарија, беше неговиот избор за скромен живот на село, сподели Илија.

Снаата има завршено Педагошки факултет за предучилишно образование и воспитание.

– Редовно се пријавуваше во Агенцијата за вработување. Од минатата година се регистрираше како земјоделец и егзистенција за неа и семејството ќе си обезбедува од земјоделска дејност. Сепак, свесни дека образованието е неопходно, издвојуваат од скромната заработка за да им обезбедат на нивните две деца, а наши внуци, пристојно образование, давајќи им можности за посетување на курсеви по странски јазици и музичко образование. За еден ден, со сопствен труд да заработуваат во татковината или во белиот свет. Најсладок е лебот заработен со сопствениот труд! И имотот, што самиот си го стекнал, најмногу е вреден и чуван! Бог е голем!!, додаде Вера.

Не изостанаа и пофалбите за внуците Илија и Филип. Тие имаат 13 и 9 години, но веќе се вклучени во работните обврски на семејството. Стекнуваат работни навики и учат за животот.

Бабата и дедото се категорични дека сите се среќни и задоволни од животот во село

– Сопот е урбана населба со релативно добри услови за живот. Асфалирани се целосно улиците во селото, водоснабдувањето е решено преку регионалниот водовод „Лукар”. Користиме здрава планинска вода од изворите на планината Кожуф. Има канализациона мрежа и ми се чини секоја куќа е со бања и внатрешни тоалети. Електрификацијата е од далечните 50 години од минатиот век. Имаме достапност до интернет и кабелски телевизии. Организирано изнесување на комуналниот смет. И навиките на урбано живеење постепено се стекнуваат! Сопот има убава поврзаност со општинските центри Кавадарци и Неготино, рекоа Велјанови, задржувајќи се сепак и на проблемите што ги носи животот на село. Но, како што истакнаа, тие се сепак помалку и помали, во однос на придобивките што ги носи селскиот живот.

Приказната за испијанетата коза

Вистинска селска идила владее на семејниот имот на Велјанови. Со оглед на тоа што станува збор за есен и гроздоберски крај, денови по гроздобер, во дворот главно опрема и алати за винопроизводство и печење ракија. Пчелите и осите наоколу, се доказ дека грозјето е благо и ќе има извонредни производи од гроздовите зрна. Но, тука се и ќумбињата за подготовка на домашна зимница. Има и дрва за огрев, велат скромните и гостопримливи луѓе, зимата слободно може да дојде.

Напред во дворот нова современа куќа проектирана од газдата, назад стара автентична селска куќа за која се планира да биде искористена во функција на развој на селски и вински туризам.

Го регистрирав и процесот на производство на шира од грозје, а нејзиниот вкус, ветува извонреден квалитет на божествената течност.

На едно место во големата дворна површина остатоци од пресувани гроздови зрна се сушат и се мелат во сопственото млинче, се додава јачмен и пченка во мелењето, па се добива концентрирана храна за петте кози, двата прча и едното јаре. Токму со пресно комиње е поврзана и интересната семејна анегдота.

– Козата Белка легна како болна. Беше неподвижна и неконтактибилна. Не можеше да стои на нозе, не сакаше да јаде и да пие вода. Се обидуваше да крене глава, но не можеше. Се уплашивме и се загриживме, што бидна со козата. Направивме импровизирана носилка од штици и ја пренесовме во шталата. Постојано бевме загрижени за нејзината судбина и околу полноќ станав да проверам како е животното. Бев изненаден кога ја видов исправена и како јаде сено од јаслите. Тогаш сфатив дека козата се одврзала и прејала од штотуку пресувано комиње од грозје. Додуше снаата имаше право кога уште претходно коментираше дека можеби стрвното животинче претерало со комиње па се опијанило, оти се однесувало како пијан човек. Кон ова се надоврза синот, потсетувајќи дека стануваше збор за 80 проценти исферментирано комиње со голем процент на алкохол. Како и да е, оттогаш сме повнимателни и не дозволуваме некое од животните да јаде свежо комиње. Или, како што се шегуваме, не дозволуваме да се пие на голо или на суво, како што велат тиквешани кога се мајтапат. Се јаде само остатоци од комиње мешано со јачмен и пченка, па и ако има мал процент на алкохол, барем е со мезе, знаеме да се насмееме, со ведрина се присети Илија.

Бидејќи првите две кози се подарок од мајката на Вера, едната од нив го носи нејзиното име, Мила. Другата е Белка, испијанетата коза. Тука се и Злата и Рошка. Токму со Белка се поврзани бројни згоди и незгоди.

– Пролетта таа окози три јариња. Две бели како неа и едно темно како прчот. Белите веднаш ги засака и имаше мајчински инстинкт кон нив. Ги лижеше, им дозволуваше да цицаат. Третото го туркаше од себе и не му дозволуваше да се приближи. Моравме да обезбедиме шише со бебешка цуцла и ние да го храниме. Женско е, го крстивме Ѕвезда, оти има ѕвезда на челото. И погодено му е името, оти навистина е родено под среќна ѕвезда, иако несакано од мајката, најснаодливо е од сите и многу деца доаѓаат да го погалат, откри Вера.

Таа со насмевка раскажуваше и за бељите што ги правеле козите кога знаеле да се напасат од овошките или живата ограда.

Каква неправда, коментиравме со смеа кога дознавме дека во селото една коза се продава по цена од три до пет илјади денари, а прч, за девет илјади. Но, прчот печали, беше одговорот. Ех, ами и козата дава млеко, а од млекото се прави сирење и кашкавал, ама, тоа е таа судбина. Наздравивме со пресна шира и си посакавме пак да се сретнеме. Следен пат, здравје нека е, на летниковец под оревот, пред старата куќа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лидер на секта на Нов Зеланд е осуден за смрт на следбеничка- му ги чувала децата, а телото ѝ го нашле во вреќа (ВИДЕО)

Суд во Нов Зеланд осуди водач на секта на 10 години и 5 месеци затвор поради смртта на постар следбеник кој допатувал од Кина за да живее со своето семејство. 

Лидер на секта на Нов Зеланд е осуден за смрт на следбеничка- му ги чувала децата, а телото ѝ го нашле во вреќа (ВИДЕО)

Каиксиао Лиу беше прогласен за виновен за убиство од небрежност и киднапирање.

Телото на 70-годишниот Шулаи Ванг беше пронајдено во март 2024 година, завиткано во вреќи со ориз, во близина на пристаништето Галф Харбор во Окленд. Беше започната обемна истрага за убиство, која на крајот ја одведе полицијата до Лиу, пишува Би-Би-Си.

Лиу, музичар кој претходно се појави на кинеско шоу за таленти, ги негираше обвинувањата. Тој, исто така, ги отфрли тврдењата дека е водач на култ, велејќи дека привлекувал следбеници исклучиво преку својата музика.

Жртвата ги поминувала своите денови грижејќи се за своите деца

За време на судењето, судот слушна дека Ванг допатувала од кинескиот остров Хаинан во Нов Зеланд во август 2023 година. Заедно со неколку други следбеници, таа се преселила во куќата на Лиу и неговото семејство, која Лиу ја нарекувал „Ковчегот“.

Обвинителите тврдеа дека жените биле во врска на „ропство“ кон Лиу и неговото семејство и дека Лиу строго ги контролирал нивните животи. Тие го нарекувале „Господар“ или „Учител“. Ванг ги поминувала деновите грижејќи се за децата на Лиу, проучувајќи ги светите списи и садејќи зеленчук, според наводите изнесени за време на судењето.

Судот слушна дека Ванг имала тешкотии да ги следи строгите правила, веројатно поради нејзината напредна возраст, и често била казнувана. Во март 2024 година, Ванг се обидела да избега, но била фатена. Ја привеле, ѝ ја одзеле храната и водата и ѝ ја залепиле устата со селотејп за да не вреска. Таа починала.

YouTube video

Рибар го пронашол телото

Лиу, неговото семејство и неговите следбеници го оставиле телото на несреќната жена во близина на пристаништето Галф Харбор. Лиу, исто така, ги повел своите деца на патувањето за да ги искористи како „маска“.

Телото било пронајдено неколку дена подоцна од рибар. Полицијата на крајот утврдила дека вреќите со ориз во кои било завиткано телото на Ванг биле поврзани со Лиу, кој претходно купил невообичаено голема количина од таа конкретна марка ориз.

Покрај Лиу, неговата сопруга Ланјуе Сјао е осудена на 7 години и 11 месеци затвор за киднапирање и убиство од небрежност. Неговата мајка Сјиујун Ли и таткото Џингуи Лиу претходно беа прогласени за виновни за киднапирање и лошо ракување со човечки останки и ќе бидат осудени подоцна оваа година.

На изрекувањето на пресудата, адвокатот на Лиу побара полесна казна, тврдејќи дека неговиот клиент се кае и „не е водач на секта, ниту бара од луѓето да го следат“.

Судијата: Тој не покажува каење. Треба да се срамите од себе

Новозеландските медиуми објавија дека Лиу посетувал воен универзитет во Кина. Во 2011 година, тој учествувал на кинескиот натпревар за таленти „China's Got Talent“. Снимките објавени на интернет го покажуваат како пее на сцена со заврзани очи. Во 2017 година, тој се преселил во Нов Зеланд со Сјао, каде што двајцата добиле статус на постојан жител.

Лиу стекнал следбеници преку кинеските социјални медиуми, каде што објавувал религиозни дискусии, видео дневници и снимки од себе како пее. Тој исто така го започнал проектот Универзален хор, како дел од кој создал оркестарска музика со вселенски теми.

За време на судењето, сведочеше полицаец кој разговарал со еден од следбениците на Лиу. Тој рече дека жената му рекла дека „запознала луѓе преку интернет преку веб-страница за песни“ и дека ги нарекувала жителите на куќата нејзини пријатели.

При изрекувањето на пресудата, судијата Метју Даунс рече дека Лиу покажал „бездушна рамнодушност“ кон Ванг. „Поради тебе, г-ѓа Ванг почина со ужасна смрт. Не покажуваш каење. Треба да се срамиш“, истакна тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Торнадо разнесе село во Франција- десетици повредени, оштетени се 300 куќи (ВИДЕО)

Торнадо вчера го зафати селото Пома во југозападна Франција, при што беа повредени 41 лице и оштетени околу 300 домови, соопштија властите. 

Торнадо разнесе село во Франција- десетици повредени, оштетени се 300 куќи (ВИДЕО)

Бурата корнеше покриви од згради, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија и сообраќајни нарушувања, принудувајќи ги властите да откажат етапа од велосипедската трка Вуелта а Еспања.

Торнадо го зафати селото во југозападна Франција, при што беа повредени 41 лице и оштетени стотици домови, соопштија властите, објави Франс 24.

Француските власти ставија голем дел од југозападниот дел на земјата под портокалова временска тревога поради бури, при што прекините во снабдувањето со електрична енергија и сообраќаен хаос влијаеја на многу области.

Во департманот Од, властите ја откажаа третата етапа од велосипедската трка Вуелта а Еспања, која се одржуваше во областа, откако градот ги принуди велосипедистите да побараат засолниште.

Торнадото најтешко го погоди селото Пома, кое има население од околу 1.000 жители, оштетувајќи околу 300 домови и одземајќи покриви од некои.

Петнаесет повредени лица се однесени во болница.

Меѓу нив била и бремена жена која била повредена кога нејзината куќа се срушила врз неа, изјавил нејзиниот сопруг за АФП.

Француската метеоролошка служба Метео-Франс соопшти дека ветровите достигнале брзина од 117 километри на час во блиското село Арке-ан-Вал.

Бурите низ јужна Франција ги нарушија транспортните мрежи, предизвикувајќи доцнења на возовите, затворање на патиштата и доцнења и откажувања на летови на аеродромите во Бордо, Марсеј, Ница, Тулуз, па дури и во Париз на север, изјави министерот за транспорт Филип Табаро.

Властите соопштија дека околу 2.800 домови во 10 села останале без електрична енергија.

Франција во просек има неколку десетици торнада годишно.

Според податоците од метеоролошката служба Метео-Франс, влијанието на глобалното затоплување врз нивната фреквенција и интензитет сè уште не е јасно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роботски слонови ги заменија вистинските во 40 храмови во Индија- верниците поделени

Иднината пристигна и на религиозните места во Индија: роботизираните слонови почнаа да ги заменуваат живите слонови во некои храмови во обид да се спречи „суровоста кон животните“. 

Роботски слонови ги заменија вистинските во 40 храмови во Индија- верниците поделени

Роботизираните слонови се користат наместо вистински животни, кои обично се дел од религиозните служби, а машините, изградени од инженерот Прашант Пракашан од Керала, ги имитираат движењата на вистинските слонови, иако тие не можат да одат. Храмовите во Индија добија околу 40 роботизирани слонови, а организацијата за заштита на животните ПЕТА Индија ја поздравува оваа одлука.

Вештачките слонови се создадени поради загриженоста на многу организации за заштита на животните за злоупотреба и бројни опасни инциденти со слонови.

Големите машки слонови заземаат важно место во светите ритуали и церемонии во Индија со векови, а многу традиционалисти сè уште веруваат дека роботизираните слонови не припаѓаат во храмовите. Затоа, К. Махеш го изнајмува својот вистински слон за фестивали, околу 45 дена во годината. Тој верува дека слоновите се свети и прашува:

„Ако не верувате дека слоновите се свети, која е поентата на роботизиран слон во храм?“ праша тој.

Додека традиционалистите и сопствениците на слонови велат дека живите животни не можат да се заменат бидејќи тие го претставуваат божественото, активистите за права на животните вршат притисок храмовите да почнат да користат роботски слонови. Кушбу Гупта, потпретседател за политика во PETA Индија, рече дека естетската привлечност на живите слонови не го оправдува нивното врзување, тепање и одвојување од нивните семејства.

„Слоновите под стрес исто така можат да бидат опасни. Девет лица загинаа во 2024 година од повреди здобиени од беснеење слонови на фестивалите во храмовите во Керала“, рече Гупта, според ITV. Слоновите се принудени да стојат со часови на жештината, опкружени со толпи, тапани и огномет, и секој поттик може да ги активира.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер