Венс за преговорите за Украина: Свесни се дека ќе го загубат Доњецк - Канал 5

Венс за преговорите за Украина: Свесни се дека ќе го загубат Доњецк

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение, објави денес британската веб-страница UnHerd.

Венс за преговорите за Украина: Свесни се дека ќе го загубат Доњецк

Во интервју за оваа веб-страница, тој рече дека напредокот се состои во фактот дека сите прашања сега се дискутираат отворено.

„Она што го видовме од украинската и руската страна во изминатите неколку недели е вистинско разбирање за тоа што не е за кое се преговара, како и за прашањата за кои се преговара“, нагласи американскиот потпретседател.

Венс изјави дека Русите сакаат територијална контрола врз регионот Донецк, додека Украинците го гледаат тоа како сериозно безбедносно прашање.

Како што истакна американскиот функционер, украинските претставници, сепак, приватно признаа дека веројатно ќе го изгубат регионот Доњецк на крајот, но додадоа дека тоа би можело да се случи за 12 месеци, или можеби дури и подоцна.

Според Венс, затоа прашањето за територијалните отстапки е значајна пречка во преговорите.

Како што изјави тој, контролата врз нуклеарната централа Запорожје и статусот на Украинците што живеат на окупираните територии, како и прашањето за обновата на Украина, остануваат теми на преговори.

Ванс додаде дека се поставува прашањето кој ќе ја контролира нуклеарната централа, дали може да се управува заеднички и дали треба да ја контролираат една или повеќе страни.

Специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, коментирајќи ги разговорите со украинската страна во Флорида, посочи дека фокусот е на четири клучни документи, објави агенцијата УНИАН.

Тоа се развој на план од 20 точки, координација на ставовите за безбедносните гаранции, особено од САД, и понатамошен развој на план за економски напредок на Украина.

Специјалниот претставник на Кремљ, Кирил Дмитриев, од друга страна, не даде коментар по посетата на Мајами, но изјави дека следната средба треба да биде во Москва, потсети украинската агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер