ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
1ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
СветВенс: „Фантазија“ е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САДПотпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека секој план за запирање на војната на Русија во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет и да биде прифатлив за двете страни.Во исто време, Венс рече дека е „фантазија“ да се помисли дека Украина може да победи ако САД му дадат на Киев повеќе пари или оружје или воведат повеќе санкции врз Русија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот откри нов мировен план за Украина, кој ќе ѝ даде на Русија уште повеќе територијални отстапки отколку што моментално контролира, ќе ја повлече Украина од членството во НАТО и ќе ја ограничи големината на вооружените сили на Украина. Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да го прифати планот. Од своја страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски во вчерашното обраќање изјави дека планот ја става Украина пред „многу тежок избор - или губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеалиДенес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода.ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ-ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали Денес го одбележуваме почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор. На 11 октомври 1941 година во Прилеп и Куманово, Македонците храбро го кренаа првиот удар за слобода. Денес им се поклонуваме на храбрите борци и на нивните идеали за слобода. Благодарение на нивната пожртвуваност, денес ние живееме во слободна татковина. На овој голем ден ја славиме решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање самостојна и независна држава. Тие идеали и денес нe водат во создавањето подобра сегашност и подобра иднина за генерациите што доаѓаат. ВМРО-ДПМНЕ непоколебливо го следи заветот што го оставија храбрите борци. Обединети и сплотени, да го продолжиме стремежот на борците од НОБ за да имаме попросперитетна Македонија, да го вложиме своето знаење и труд во негувањето и развојот на нашата татковина. Се залагаме за зачувување, развој и напредок на македонската држава, за да обезбедиме подобра иднина за сите наши граѓани. Да ги пренесеме идеалите на младите генерации и самата идеја да се живее и расте во сопствена, самостојна и независна држава. Нека е честит 11 Октомври, Денот на народното востание! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНезависен синдикат на полицијата :Реакција на нападите за полициска бруталност[⛔️] Независниот синдикат на полицијата најостро ги осудува обидите за политичка манупулација и ставањето на етнички предзнак на борбата против недозволената трговија со дрога.[👮♂️] Имено, од информациите со кои располагаме како синдикат, се работи за полициска акција во која осомничените лица најпрво се обидуваат да ги прегазат колегите, потоа го одземаат службеното оружје на еден од колегите, за на крај додека се даваат во бегство предизвикуваат неколку сообраќајни незгоди на автопатот Скопје - Тетово од каде се здобиваат со повреди и каде по дополнителна проверка е пронајдена дрогата. [❗️] Апсолутно ирелевантен е фактот што се по националност колегите кои постапуваат и го ставаат својот живот во ризик поради спречување на ваквиот тип на сериозен криминал кој нема етничка граница. Секако ги повикуваме сите релевантни структури да извршат внимателна проверка и контрола на настанот и постапувањето на колегите, додека политичките партии да се воздржат од заземање на страната на криминалот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври Денес го одбележуваме 11 Октомври, Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја, симбол на храброста, непокорот и решителноста на народот да се избори за слобода, достоинство и сопствена иднина.Овој празник нè потсетува на вредностите врз кои се гради едно демократско и праведно општество, слободата, солидарноста, меѓусебното почитување и заедништвото. Тоа се вредности кои и денес треба да бидат наша водилка во градењето на државата и во создавањето подобра иднина за генерациите што доаѓаат. Наша обврска е со почит да го чуваме споменот на сите оние кои се бореле и се жртвувале за слободата, а нивната храброст да ја преточиме во одговорност, единство и посветеност кон демократскиот развој, владеењето на правото и европската иднина на нашата земја. Само преку заедништво, заемна почит и почитување на различностите можеме да изградиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво вреднуван и ќе има можност да придонесе кон заедничкиот напредок. Нека 11 Октомври биде потсетник дека слободата и достоинството се вредности што треба постојано да ги негуваме и браниме. На сите граѓани им го честитам 11 Октомври, Денот на народното востание, со желби за мир, благосостојба и просперитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00