Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели - Канал 5

Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели

Венс рече дека под водство на Трамп ќе има брзи напади како оној во Јемен, во случајот со бунтовничкото движење хути. 

Венс: Трамп ќе употреби воена сила само ако има јасни цели

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, им рече на дипломираните студенти на Поморската академија во Анаполис дека претседателот Доналд Трамп работи на тоа да обезбеди американските трупи да интервенираат во странство само ако има јасни цели, наместо да влегуваат, како во минатото, во „недефинирани мисии“ и „конфликти со отворен крај“.

Во своето воведно обраќање пред академиците, Венс прецизираше дека пристапот на Трамп „не значи дека ги игнорираме заканите, туку значи дека им пристапуваме на дисциплиниран начин, па ако веќе ве испраќаме во војна, тогаш го правиме тоа имајќи предвид многу дефинирани цели“.

Венс рече дека под водство на Трамп ќе има брзи напади како оној во Јемен, во случајот со бунтовничкото движење хути.

„Така треба да се користи воената моќ“, рече Венс. „Решително и со јасна цел“. /МИА

Петроглифите на австралиските Абориџини вклучени во светскоот наследство на УНЕСКО

УНЕСКО денеска  на списокот на светско наследство го вклучи локалитетот Мурујуга, на полуостровот Буруп, во Западна Австралија, кој е богат со цртежи и гравури од австралиските абориџински народи. 

Петроглифите на австралиските Абориџини вклучени во светскоот наследство на УНЕСКО

Цртежите и гравурите се врежани во карпите.

Едногласната одлука на членовите на УНЕСКО наиде на одушевување кај австралиската Влада, а народот Мардудунера е пресреќен што ова античко место, кое се нарекува „Културна средина Мурујуга“, доби заслужено место на списокот на светско наследство.

Мурујуга, во регионот Пилбара, во северозападна Западна Австралија, има повеќе од милион петроглифи, од кои некои се стари 50.000 години. Овие петроглифи се наоѓаат на полуостров каде што се наоѓаат гасни постројки и постројки за производство на експлозиви, што открива многу чувствителна врска помеѓу зачувувањето на домородната абориџинска култура и економски виталните индустрии.

-Австралиската влада е посветена на зачувување на светското наследство и заштита на културните богатства на Првите народи. Ќе се погрижиме да го заштитиме ова извонредно место сега и да го зачуваме за идните генерации, рече министерот за животна средина Мареј Ват.

Во 2020 година, британската рударска компанија Рио Тинто уништи 46.000 години стари абориџински австралиски засолништа во кањонот Јукан како дел од проширувањето на рудникот за железо.

Ново видео од инцидентот во Чаир: Сериозен говор на омраза и закани упатени кон Арсовска

Нова видео снимка од вчерашниот инцидент во скопски Чаир.

Ново видео од инцидентот во Чаир: Сериозен говор на омраза и закани упатени кон Арсовска

На видеото може да се забележи дека станува збор за сериозен говор на омраза и вербални закани кон градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Јакимовски: Министре Ристовски ти немаш проблем со мене, туку со граѓаните, не случајно избегнуваш комуникација

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски и денеска со реакција по одлуката на министерството за спорт да ја одземе салата Наум Наумовски Борче со која досега управуваше Оптина Карпош. 

Јакимовски: Министре Ристовски ти немаш проблем со мене, туку со граѓаните, не случајно избегнуваш комуникација

Јакимовски вели дека досега во салата се одржале неколку спортски настани за разлика од како што рече тврдењата на министерот Борко Ристовски дека салата не била пуштена во употреба.

YouTube video

притисни ентер