Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија - Канал 5

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop Shop“ со Република Албанија.

Венера Азизи: Владата го изгласа пуштањето во употреба на „One Stop Shop“ со Република Албанија

Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи.

Воведувањето на системот најпрво ќе започне на граничниот премин Ќафасан, а потоа ќе биде проширено и на останатите гранични премини со Албанија. Ова ќе овозможи поедноставно, побрзо и побезбедно преминување на државната граница, особено во летниот период кога значително се зголемува фреквенцијата на патници и кога во минатото граѓаните често укажуваа на долгите чекања на граничните премини.

Потребата од вакво решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патници на граничните премини со Република Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани вкупно 4.581.724 патници, од кои дури 2.318.080 на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот „One Stop Shop“, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патници и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите, изјави Венера Азизи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџ и Амал Клуни пристигнаа на Брач, летото ќе го поминат во својата вила

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот Брач

Џорџ и Амал Клуни пристигнаа на Брач, летото ќе го поминат во својата вила

Според локалните медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал планираат летово, поточно целиот јули да го минат на Јадран во својата куќа на островот Брач во Хрватска.

Холивудскиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, утрово пристигнаа на островот Брач, каде што ќе престојуваат во својата вила во текот на наредните недели.

Според извештаите на локалните медиуми, двојката планира да остане на островот во текот на целиот јули, а можеби и до средината на август.

Додека Џорџ ќе го помине времето работејќи на своите мемоари, Амал наводно има намера да се посвети на градинарство и релаксација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Роналдо: Ова е моето последно Светско првенство

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, потврди дека ова Светско првенство е негово последно. 

Роналдо: Ова е моето последно Светско првенство

Роналдо има 41 година; тој повеќе нема да настапува на Светското првенство, додека за Европското првенство (ЕУРО) останува да видиме.

– Ова ќе биде моето последно Светско првенство. Што и да се случи, ќе си заминам со чиста совест бидејќи на репрезентацијата ѝ го дадов сето она што го имав – изјави Роналдо.

Вечерва од 21 часот во европскиот судир на гигантите Португалија на Роналдо игра против актуелниот европски шампион Шпанија.

– Да не верувавме дека можеме да го освоиме Светското првенство, немаше ни да бидеме овде. Ова беше убаво искуство и напредуваме од натпревар во натпревар. Невозможно е да се игра врвно на секој меч, што може да се види и од тимовите кои веќе се елиминирани. Тимот е смирен, добро трениравме и подготвени сме за многу тежок противник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европската комисија за системот EES: Најавени се промени поради застојот на границите

Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES .

Европската комисија за системот EES: Најавени се промени поради застојот на границите

Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламер, денес на редовната прес-конференција изјави дека Комисијата воведува дополнителна флексибилност и поддршка за членките на ЕУ во спроведувањето на системот EES со цел да се ублажат, како што изјави, привремените застои на границите.

Ламер, исто така, изјави дека ЕУ веќе работи со земјите-членки за решавање на оперативните проблеми, вклучително и недостатокот на персонал и потребата од повеќе техничка опрема на граничните премини.

Според него, придобивките од воведувањето на системот EES се веќе видливи.

„Имаме нов систем што ни помага да ги идентификуваме биометриските податоци и да ги вкрстиме. Ова не беше можно со претходниот систем, кога се користеа печати. ​​А сега, за само неколку месеци, веќе имаме 1.000 лица идентификувани како безбедносни ризици, кои како резултат на тоа не влегле во ЕУ. Сепак, секако внимателно следиме како новиот систем функционира во пракса и вложуваме максимални напори за да го ограничиме влијанието врз патниците кои доаѓаат од земји надвор од ЕУ“, рече тој.

Ламер ги отфрли наводите на новинарите дека новиот систем систематски го продолжува времето на чекање за патниците и создава проблеми и за граѓаните на ЕУ, нагласувајќи дека многу проблеми на границите постојат независно од примената на EES, додека во исто време рече дека тоа носи значајни придобивки за безбедноста на граѓаните на ЕУ.

Во случаи на пренатрупаност, националните власти имаат овластување привремено да ја суспендираат дополнителната биометриска регистрација на лице место, како што се фотографирање и земање отпечатоци од прсти, но со задолжителна имплементација на стандардни гранични контроли, забележува Ламер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер