Велики Четврток во нашата историја

Денеска, на ден Велики Четврток, освен за обичаите кои се дел од празнувањето на нашиот народ, би било полезно, да се потсетиме и на мачеништвото на Свети Кипријан Слепченски.

Денеска, на ден Велики Четврток, освен за обичаите кои се дел од празнувањето на нашиот народ, би било полезно, да се потсетиме и на мачеништвото на Свети Кипријан Слепченски, кого Арнаутските разбојници го спалиле токму на Велики Четврток во 1780 год. во манастирот „Свети Јован Претеча" во демирхисарско Слепче.

Храбриот игумен Кипријан, кој и покрај свирепото мачење, во ниту еден момент не отстапил од доверената му обител, по тридневно страдање, се упокоил на Велигден 30-ти април – датум на кој секоја година МПЦ-ОА го празнува неговиот спомен.

Во 2017 година, како дел од програмата за одбележување на 50-годишнината од обновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква, Свети Кипријан Слепченски и официјално беше прогласен за Светител.

Оттогаш, секоја година на 30-ти април, манастирот „Свети Јован Претеча" во демирхисарско Слепче, на едно место го собира верниот народ, монаштвото и свештенството од земјава и регионот, како и претставници на науката, академијата, културата и воопшто љубители на словото и уметноста кои се вклучени во богатата празнична програма.

Овогодинешната програма за прослава на Свети Кипријан Слепченски ќе започне на 29-ти април (понеделник) со вечерна богослужба во 16 часот на која учество ќе земат свештени лица и верници од цела Македонија, а на 30-ти април, се очекува во Слепче да пристигнат делегации на монаштво и свештенство од сите манастири во нашата земја.

На утрената богослужба во манастирот, за прв пат ќе биде поставен кивотот (ковчегот) со светите мошти на Свети Кипријан, кои засекогаш ќе останат изложени во храмот. Исто така, ќе бидат истакнати и бајраците кои се специјално иконопишани за големата литија со која ќе биде заокружен богослужбениот дел од програмата, а кон која ќе се придружат и повеќе мешани хорови од земјава.

Во рамките на програмата, пред храмот е предвиден и рецитал за кој свое присуство најавија многу поддржувачи на науката, црквата, академијата, културата и воопшто љубители на словото и уметноста.

Рециталот ќе се изведува во шест етапи со наратор, со изведувачи од Македонската филхармонија како и странски изведувачи од филхармониите на Берлин и Виена, а учество ќе земат и уметници од Битолскиот и Прилепскиот театар, како и м-р протопсалт од Софиската и Македонската генеза на неумско пеење.

Како заокружување на прославата ќе се служи трпеза на љубовта на три места во манастирскиот комплекс.

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија

Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии.

„Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии. Ако го дозволиме тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од Првомајскиот пикник што денеска се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој ги повика граѓаните и сите прогресивни сили во земјата, кога ќе излезат на гласање на 8-ми мај да имаат предвид дека преголема моќ за десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ ќе претставува сериозна закана за иднината на земјата.

„Ако десничарска партија како ВМРО добие таква моќ, со сите државни ресурси на располагање, може да се соочиме со крајот на нашата европска перспектива. ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата до недоглед како што тоа го правеше Груевски. Затоа, во среда, една недела од денеска, сме исправени пред уште една голема одлука – дали ќе го дадеме нашиот глас за да одиме напред, во европска иднина, или ќе гласаме за да се вратиме назад и да го вратиме режимот кој нѐ гушеше 11 години“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ им порача на граѓаните дека ова се исклучително важни избори за европската иднина на државата.

„Гласот ЗА е глас за сигурна, безбедна и европска иднина на Македонија. Гласот ЗА е глас за инвестиции во иднината на земјата, не за жални врби, стиропор и фонтани. Со гласот ЗА ќе обезбедиме подобри услови за живот тука, во Македонија, за нашите деца, внуци и идните генерации да си останат дома и тука да си ја бараат среќата. Друга татковина ние немаме“, рече Ковачевски.

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања.

Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.

Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата. Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. /МИА

Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот каде престојувал осомничениот 36-годишник во Скопје била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 56,40 грама и 15 семки кои потекнуваат од растение кое припаѓа на растителниот род канабис, еден шприц со остатоци од хашиш смола, едно полиетиленско пакување со наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 10,40 грама, пет полиетиленски пакувања со психотропна супстанца – амфетамин со вкупна нето маса од 5,13 грама и едно полиетиленско пакување со психотропна супстанца MDMA со вкупна нето маса од 0,45 грама. Дрогата и психотропните супстанции зедно со три дигитални ваги биле пронајдени и одземени од овластени службени лица, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

притисни ентер