Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел - Канал 5

Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел

Митрополитот Повардарски Агатангел денеска упати Велигденско послание до православните христијани обраќајќи им се со Возљубени духовни чеда.

Велигденско послание на Митрополитот Повардарски Агатангел

– Божјата порака за мир и добрина меѓу човештвото, на ниту еден начин не можела да биде помрачена и затскриена. Бог посакал да победи љубовта во овој свет и Неговиот триумф се покажал во воскресението и прославата на Исуса Христа. Пораката на Воскреснатиот Господ Исус Христос се состои во тоа дека животот е посилен од смртта, дека светлината е посјајна од мракот,порача митрополитот Повардарски Агатангел.

Тој потсети дека како човештво, постојано и без прекин сме соочени со болестите.

-Денес е најбитно да не ја изгубиме верата и довербата во Бога, Кој е лекар на душите и телата човечки. Болеста понекогаш го отвора нашиот поглед за вистината, а скриеното го прави очигледно. Таа е еден од оние знаци на стварноста, кои поттикнуваат на исправање на погрешните и наивни поимања за животот. Болеста го побива нашиот себичен однос кон светот и кон ближниот. Светот не постои само за лично уживање и лакомо искористување на неговите дарови и богатства. Болеста го буди човекот од заспаноста и длабокиот сон и ги руши неговите илузии и лажни претстави за животот. Таа го остри нашиот слух, за да може подобро да го чуеме гласот на Светиот Дух, Кој Единствен е во можност правилно да нè поучи за нас самите и за целокупната стварност. Среќата, понекогаш, знае да биде лажна, но несреќата секогаш е вистинита. Болеста, и секоја друга несреќа, нè открива пред нас самите, какви навистина сме. Мнозина од нас, при тешки и навидум безизлезни ситуации, осознаваме дека внатре, во себе, сме изградиле христијанство без крст, сме креирале приватна религиозност со замислен „Бог", кому ние му ги диктираме условите и прописите за неговото однесување. Болеста, и секоја друга несреќа и товар, нè поттикнуваат на анализа на личното постоење, и во таа смисла, болничката постела станува учителка на животот. Здравиот човек ја чувствува пријатноста на живеењето. Се потпира на таа угодност, се потпира на животната сила и на личното здравје. Но, клучна точка е кога ќе настапи неволјата и несреќата. Тогаш, наеднаш и неочекувано, од темел се менува сè,потсети Владиката Агатангел.

Драги браќа и сестри Македонци во овие тешки моменти за нас и за целото човештво нека Воскресне Господ во длабочините на нашите души за да ја сетиме силата и убавината на денешниот ден и на денешната прослава. Милостиво нека ни дарува да ја сетиме радоста на Неговите ученици кога за првпат со свои очи Го виделе Воскреснатиот Спасител. Нека се отворат портите на нашите срца со единствениот клуч кој го облагородува животот човечки и преку кој ни се подава спасоносниот мир. Преку овој дар, за кој секодневно жеднееме, нека се смири секој човек, нека бидат прегрнати сите народи плод на љубовта.

Toј обраќајќи со драги браќа и сестри Македонци, им порача од светлоста на Христовото Воскресение да си простиме еден на друг.

– Ви посакувам многу радост и љубов, а Божјиот благослов постојано нека биде со Вас во овие тешки и неизвесни денови. Преку нашите очистени срца да ја согледаме светлината на Божјата љубов. Која го осветлува патот кон вечното спасение. Радоста на Воскреснатиот Христос нека нè сплоти и соедини во единствена спасоносна заедница, која ќе биде утеха и прибежиште за нашите идни генерации. Иднината нека ни биде исполнета со помирување, покајание и преумување. Да го искористиме ова време за прочистување на нашата совест и за освежување на нашето паметење, бидејќи само на тој начин можеме да го чекориме патот на вистинската преобразба која ќе нè приближи на Божјата светост. И покрај тешкотиите, маките и страдањата, со кои деновиве се соочуваме како човечка цивилизација, не смееме да престанеме во нашите срца да ја негуваме надежта и крепоста. Благодарение на нив сите тешкотии и овоземни проблеми ќе ги гледаме од една повисока перспектива.. Ваквото наше духовно усмерување во чекор е пратено и охрабрувано од Воскреснатиот Христос. Бог нека ги чува нашите семејства и со Својата спасоносна прегратка нека ги штити и закрилува македонскиот народ, Македонската православна црква – Охридска архиепископија и нашата љубена татковина.Христос Воскресе Навистина Воскресе!, порача Владиката Повардарски Агатангел.

Воскресението на Христос не е само еден историски настан, туку тоа во себе ја содржи силата која може да го преобрази светот. И само преку верата во Воскресението можеме да ја доживееме оваа сила и светлина, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови.

Се молам татковски од длабочините на моето срце, светлината и радоста на Воскресението Христово да го исполнат целиот свет, да се исполниме со вера, надеж и љубов за подобро утре, и што поскоро да нѐ одмине ова страдање, од кое никој не е поштеден. Светлината Христова да ги просветли сите.

Воедно Владиката Повардарски Агатангел ги информира православните христијани, дека поради пандемијата со корона вирусот (КОВИД 19), иако црквите ќе бидат отворени, во нив ќе служат само свештениците.

-Затоа, за да ја почувствувате Воскресенската радост која ги осветлува срцата и душите, Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните, кои ќе го означат Христовото Воскресение, со запалени осветени црковни свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на Вашите балкони, Вашите дворови или пак, во Вашите дневни простории и громогласно да ја запеете Воскресенската песна „Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им подари".

Честитајќи ви го празникот преку електронските медиуми Ве поздравувам со најрадосниот христијански поздрав Христос Воскресна. Бог да го благослови Македонскиот народ и нашата света држава.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна порача митрополитот Повардарски Агатангел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Пилотот на хеликоптерот кој помогна во спасувањето на Михаел Шумахер по сериозната несреќа при скијање во француските Алпи, за прв пат јавно проговори за деталите од драматичната операција што се случи на 29 декември во Мерибел.

Проговори пилотот, кој го спасувал Шумахер по несреќата- откриени се нови детали за трагедијата

Јаник Даинезе, тогашниот пилот на хеликоптерот за итни случаи на SAF Hélicoptères, откри дека го знаел идентитетот на повредениот човек пред полетувањето. Затоа, од самиот почеток беа воведени посебни мерки на претпазливост, а на членовите на екипажот им беше кажано да ги отстранат микрофоните и GoPro камерите за да избегнат снимање што би можело да ја загрози приватноста на легендарниот возач на Формула 1.

Дополнително обезбедување беше присутно и на местото на несреќата. Луѓето што го придружуваа Шумахер се погрижија областа да биде затворена и никој да не може да снима фотографии или видеа што подоцна би можеле да протечат во јавноста.

Даинезе ја опиша и атмосферата за време на летот, нагласувајќи дека во хеликоптерот владеела целосна тишина бидејќи сите биле фокусирани на задачите што ги имале.

- Секако, го чувствував притисокот внатре. Луѓето го обожаваа како бог, иако не бев фан на Формула 1 - рече пилотот.

Летот до Универзитетската болница во Гренобл траел околу 25 минути, по што Шумахер бил предаден на лекарите.

Дајнезе открил дека подоцна, за време на вториот лет до истата болница, сфатил колку вниманието на јавноста било насочено кон легендарниот спортист. Кога пристигнал, нашол автобуси, црвени знамиња и голем број луѓе, а болничкиот комплекс го потсетил, како што рекол, на патека од Формула 1.

Случајот останал под строга тајност со години. Минатата година, тројца мажи беа осудени во Германија за обид за уцена на семејството Шумахер, користејќи снимки направени по несреќата.

Од неговата фатална несреќа на скијање, семејството на легендарниот возач строго ја чува неговата приватност, а информациите за неговата здравствена состојба речиси никогаш не стигнуваат до јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Според два извори од индустријата, украинските напади со беспилотни летала врз руските рафинерии го намалиле капацитетот на Русија за преработка на нафта за приближно 30 отсто.

Украинските напади драстично ги намалуваат руските нафтени капацитети

Украинските удари врз руските рафинерии дополнително ги отежнуваат напорите на Москва да се справи со недостигот на гориво на домашниот пазар, и тоа во време кога Русија продолжува да испорачува дизел на меѓународните пазари, согласно договорот со американскиот претседател Доналд Трамп.

Украина ги зачести нападите врз руските рафинерии од крајот на октомври, откако пропадна предложениот договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

Значителен пад

Според извори од индустријата и официјални претставници, во текот на изминатата недела, украинските напади го попречиле работењето и предизвикале вонредни ситуации во девет од 35-те големи руски рафинерии.

Извори од индустријата наведуваат дека вкупниот дневен капацитет на руските рафинерии погодени од напади со беспилотни летала од крајот на октомври – вклучително и три големи постројки во централна Русија – изнесува приближно 300.000 тони (2,2 милиони барели). Ова е во контекст на вкупниот примарен капацитет за преработка на нафта во Русија, кој изнесува околу 930.000 тони дневно.

До крајот на октомври, руските рафинерии преработувале приближно 700.000 тони (пет милиони барели) сурова нафта дневно, наведуваат изворите.

Според проценките на изворите, реалното намалување на преработката на сурова нафта во руските рафинерии би можело да достигне и до 200.000 тони дневно. Меѓу погодените постројки се рафинериите во Рјазањ, Јарослављ и во областите долж реката Волга.

Постојани напади

Гувернерот на Ленинградската област изјави дека во понеделникот, во ноќен напад, украински беспилотен летало ја погодило рафинеријата за нафта „Кириши“ – втората по големина во Русија – при што избувнал пожар. Тој додаде дека во нападот загинала една жена.

Во напис објавен во вторникот во рускиот дневен весник „Комерсант“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина ги игнорира повиците на Трамп за прекин на нападите врз руските енергетски цели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Киев продолжува со нападите врз цели поврзани со рускиот нафтен сектор, како одговор на руските напади врз енергетските капацитети. Тој посочи дека украинските електрани, енергетските мрежи, системите за греење и водоснабдување се под постојан напад и дека Москва одбива да ја намали ескалацијата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Предлог законот за јавни набавки попладнево стаса на дневен ред во Собранието, откако владеачкото мнозинство го отрфли предлогот на СДСМ тој да биде повлечен.. 

Власта го одби барањето на СДСМ, предлог – законот за јавни набавки да биде повлечен од дневен ред

Дејан Трајкоски е во Парламентот..

Дејан, откако вчера претседателката Сиљановска стави вето на еден член од предлог законот, мнозинството експресно реагираше...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер