Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
1Пукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче
2Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
1Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
ЖивотВелигден во услови на Ковид-19: И властите и Црквата апелираат да се почитуваат превентивните меркиПремиерот Спасовски во порака на Фејсбук нагласи дека Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се однесуваат на забраната за движење и за време на Велиденските празници, Во пресрет на Христовото воскресение – Велигден, премиерот Оливер Спасовски апелираше да се почитуваат мерките на Владата, да нема собири и најголемиот христијански празник верниците да го минат во кругот на семејството, а црковните лица најавуваат литургии со ограничен број на луѓе во црквите, а останатите да стојат надвор од храмовите на дефинираната раздалеченост едни од други и заштитени со маски и ракавици. Премиерот Спасовски во порака на Фејсбук нагласи дека Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се однесуваат на забраната за движење и за време на Велиденските празници, а кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин и дека тие важат за секого. – Сите граѓани и сите чинители во општеството мора да ги почитуваат мерките на Владата, а тие се јасни и недвосмислени. Забрането е движење на сите граѓани во назначените часови во работните денови, а таа забрана е целосна за периодот од петок 16 часот до вторник 05 часот. Потсетувам дека е активна и забраната за групирање на граѓаните во групи поголеми од две лица, на јавни простори. Ова се активните ограничувања, одлуки и мерки и тие остануваат на сила и за време на велигденските празници.Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин. Тие важат за секого!, пишува Спасовски. Тој посочува дека, навистина, денес поминуваме низ тешки искушенија и во однос на личните вредности и потреби и оти прв пат православните верници, наместо во храмовите, ќе треба да ги поминат Велигденските празници во своите домови. – Четерисетдневниот велигденски пост ќе го завршиме со личен подвиг во кругот на нашето семејство и во нашите домови. Велигденските пораки за победата над смртта ќе ги упатиме од дома. Преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници – напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме ЖИВОТ. Нашите животи зависат од однесувањето на сите нас – никој од нас нема право да загрози туѓ живот – а живот нема да загрозиме ако останеме дома. Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво. Народот и државата можат заедно да го спречат ширењето на вирусот, порача премиерот Спаосвски. Тој нагласи дека секоја од одлуките која се носат во овие услови е со цел да се помогне во заштита на здравјето и животот на граѓаните и колку и да се тие одлуки тешки одлуки, сепак се носат за да би дале најбрз можен ефект. – Јас знам дека сега се моменти кога за ваков христијански празник луѓето имаат и духовна потреба да отидат во храмовите, но сега овој момент на зачувувањето на здравјето и животот на граѓаните и на спречувањето на ширењето на вирусот е исто така една голема одговорност што ја имаме сите пред нас, рече Спаспвски, додавајќи дека сите анализи покажале дека доколку не се донесеше ваква одлука, многукратно ќе се зголемеше ризикот за ширење на вирусот. Затоа, тој апелираше да се почитуваат мерките, да нема никакви собири и големиот христијански празник Велигден, да го поминеме во кругот на семејството. – Честитките да си ги упатиме до нашите блиски преку телефоните. Секој од нас може своите молитви да си ги направи дома во кругот на семејството. Ова е моментот кога треба да покажеме и патриотизам и храброст, а храброст и патриотизам во овие услови е да се остане дома и да се почитуваат мерките на Владата, напиша премиерот на својот Фејсбук профил. Со слични пораки излегоа и црковните лица, кои подготвија и посебна програма за празнувањето на Велигден во услови на вонредната состојба, која предвидува секојдневни литургии, но со ограничен број на верници, а останатите да стојат надвор од храмовите на дефинираната раздалеченост едни од други и заштитени со маски и ракавици. Црковните лица велат дека се свесни за состојбата со пандемијата која го измачува целиот свет, како и нашата држава, па затоа оваа година празнувањето на спомен денот на Христовата крсна откупителна жртва и Неговото Воскресение ќе биде прилагодено во однос на реалноста со која се соочуваме. Презвитер Бобан Митевски од црквата „Св. Николај Чудотворец" во Аеродром вели не би можел да предвиди дали е можно да се собре многу народ во црквите и да се создаде турканица. – Не би можел да предвидам. Но, луѓето како што имаат потреба да бидат во редовите пред маркетите и друго, тие се и духовно жедни и имаат потреба од Бога, од присуството во храмот. Да веруваме дисциплираноста и во имањето чувство кај нашиот народ за состојбата. Всушност, апелираме на тоа, вели тој. Поради избегнување на масовно собирање, на богослужбите в недела и в понеделник ќе учествуваат само свештенослужителите. По богослужбите храмовите ќе бидат отворени за посета, поклонение, индивидуална молитва, принос. При тоа црковните лица апелираат да се почитуваат мерките за ред и пристапување, да не се прави групирање на повеќе луѓе, да се задржува потребното растојание и верниците да носат средства за заштита. Со слични предизвици се среќаваат и верниците и црквите што го чествуваат Велигден по Јулијанскиот календар во соседството. Така, Црна Гора најави дека има намера да воведе забрана за јавни собири за време на велигденските празници. Директорот на црногорската полиција Веселин Веловиќ најави дека полициските службеници ќе го контролираат почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот. – Верските служби ќе бидат служени без присуство на верници, соопшти црногорската полициска управа на Твитер, додавајќи дека полицијата ќе санкционира какво било загрозување на здравјето на луѓето. Српската православна црква бараше 60-часовен прекин на полицискиот час в недела за да им се овозможи на верниците да присуствуваат на неделната богослужба за Велигден, но Владата на Србија го отфрли ваквото барање. Водечкиот српски епидемиолог Предраг Кон на вчерашната редовна конференција рече дека барањето на СПЦ претставува „негирање на се што Србија се обидува да направи за да ги спаси животите на луѓето"./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
ЖивотНакит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукцијаОколу 300 ретки предмети и уметнички дела поврзани со руското царско семејство Романови, проценети на повеќе од 15 милиони долари, ќе бидат понудени на аукција во „Сотбис“ на 16 декември во Њујорк.Според аукциската куќа, дел од колекцијата на њујоршката галерија „A La Vieille Russie“ ќе им биде понудена на колекционери и инвеститори, пренесува ТАСС. Колекцијата вклучува предмети од широк спектар на периоди и категории, од ремек-дела на накит создадени од Карл Фаберже до слики, порцелан и сребрени предмети. Многу од лотовите се изложени на големи изложби посветени на делото на Фаберже и руската уметност во водечките светски музеи и уметнички галерии. Пред аукцијата, избрани ремек-дела ќе бидат прикажани на јавноста во Париз, Женева, Лондон и Њујорк.Тагови: накит фаберже Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПукотница, па експлозија во Шпанија- загина полицаец, друг остана без нога, настрада и полициско куче Шпански полицаец и куче трагачи беа убиени денеска, додека друг полицаец изгуби нога откако бомба скриена во ранец експлодираше по пукањето.Полициските службеници беа повикани на локација во северниот град Овиедо по пријави за пукање по семејна расправија, за време на која 17-годишно девојче беше тешко повредено, објави Дејли Меил. Полицијата и членовите на единицата за деактивирање експлозивни направи пристигнаа на местото на настанот, каде што пронајдоа ранец со експлозивна направа, за која се сомневаше дека ја оставил напаѓачот, пред влезот во зградата. Додека полицајците ракуваа со уредот, се случи експлозија, при што загина еден човек, локално идентификуван како Хуан Хозе, член на Специјалната кучешка единица. Тригодишен германски овчар по име Дани, кој му помагал за време на операцијата, исто така загинал во експлозијата, соопшти Националната полиција на Шпанија. Повредениот полицаец беше член на единицата за деактивирање експлозивни направи. Откако ја изгуби едната нога, неговата состојба остана критична. Тинејџерката повредена во пукањето останува во болница, но повеќе не е во критична состојба. Полицијата соопшти дека сè уште се обидува да го пронајде осомничениот, 64-годишен шпански државјанин за кој се вели дека има долго криминално досие, објави шпанскиот весник „Ел Паис“. Властите ја исклучија можноста за терористички мотив. ATENTADO EN ESPAÑA Un tipo le disparo a una piba de 17 años La policia fue a su casa pero ya se habia fugado Encontraron una mochila bomba y Mientras la movian a un lugar seguro explotó, matando a un policía de la unidad canina y a su perro deny Otro perdió la pierna https://t.co/eTqS1ZkMxn — ElBuni (@therealbuni) November 10, 2026 Сопругата на осомничениот веќе е уапсена како дел од полициската истрага. Властите наводно го блокирале подрачјето каде што се случила експлозијата додека се обидуваат да соберат повеќе информации. Националната полиција на Шпанија изрази сочувство за смртта на Хуан Хозе, велејќи во соопштението: „Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и сите најблиски до него“. Тие додадоа дека му посакуваат на повредениот полицаец „брзо закрепнување“. Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалните мрежи за да го изрази својот „длабок шок“ поради смртта на службеникот на Националната полиција. „Нема зборови што можат да ја ублажат болката на неговото семејство и колегите“, напиша тој. „Им ја испраќам целата моја љубов и мојата целосна поддршка на тешко повредениот полицаец. Вашата посветеност и храброст заслужуваат благодарност од целата земја“.Тагови: полицаец Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција„Имено со овој амандман предлагаме членот 13 да се избрише и амандманот се предлага во врска со укажувањата на претседателката на републиката. “„Овој закон директно се носи заради новонастанатите услови во светот по геополитичката реалност и заради тоа што се нефункционални сегашниве услови на законот. Ова е неколку пати овој закон да се менува од кога ова владеачко мнозинство е во Собранието, и претходниот пат за првпат во историјата беше искористен инструментот антикорупциска проверка и сето она коешто антикорупциската комисија го достави до Собранието ние го прифативме и го внесовме. Така да со бришењето на овој член комплетно ги прифаќаме указите од претседателката и сметаме дека непречено овој закон може да продолжи во својата постапка да биде усвоен и да го олесниме системот и да го направиме попрактичен, позаконски, потранспарентен и поцелоисходен за целата државна управа“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието. Стојаноски истакна дека измените на Законот за јавните набавки се дел од Реформската агенда и имаат за цел унапредување на системот преку воведување дигитални алатки и вештачка интелигенција, со што ќе се подобри процесот на јавни набавки, ќе се намалат ризиците од корупција и злоупотреби и ќе се поттикне реализацијата на инфраструктурните и другите проекти. „Овој закон е дел од Реформската агенда, активност којашто треба да се спроведе. Се дополнуваат надлежностите на бирото за јавни набавки во делот на дигитални алатки и вештачка интелигенција како инструменти за подобрување на процесот на јавни набавки и намалување на ризиците од корупција и други злоупотреби. Зошто на крајот од денот се носи овој закон? За да се поттикне реализацијата на проектите и оваа држава да оди напред. Еве ова е Државен завод за статистика градежништво. Тука можете да видите споредба помеѓу 29 квартали на СДС и 8 на ВМРО-ДПМНЕ, сега да видите која е разликата и зошто овој закон се менува. Кога ќе ги соберете сите 29 квартали на СДС, 14 се негативни, 15 позитивни, ВМРО-ДПМНЕ 8 квартали, 8 позитивни. Плус 14,1 просечен квартален реален раст на градежништво, а СДС во 29 квартали минус 0,2. Има вештачка интелигенција, има усогласување со планот за раст и на крајот од денот има логички работи коишто ќе го подобрат системот на распишување на тендери на јавни набавки“, дециден е Стојаноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook