Велес ќе биде домаќин на Меѓународен турнир во мешани боречки спортови ММА

 Во Велес во спортската сала „Гемиџии"на 15 март ќе се одржи Меѓународен турнир во мешани боречки спортови (ММА), на кој ќе учествуваат 40 борци од повеќе држави од Балканот, а ќе се натпреваруваат во 20 борби.

Судиите кои ќе водат грижа за правилата на ММА турнирот се дел од Светската федерација на мешани боречки спортови (WMO).

Како што информира за МИА Верица Тодоровска Дацева од Општина Велес, по тој повод вчера градоначалникот Аце Коцевски остварил работна средба со Валдет Бајрами, претседател и Томислав Белиќ, заменик претседател на „Волвс Арена", а на која разговарале за подготовките на претстојниот голем меѓународен ММА турнир во Велес.

Турнирот е поддржан од Општина Велес и од општествено одговорни компании од градот и државата, а покрај интернационалните учесници, учество ќе земат и неколку велешани.

Инаку, лани вакви меѓународни турнири во мешани боречки спортови ММА беа одржани и во Кичево и во Гостивар.

Победникот на УС Опен ја завршува кариерата со 30 години

Австрискиот тенисер Доминик Тием (30) на крајот на сезоната ќе ја заврши кариерата, дознава Салцбургер Нахрихтен, а веста ја пренесоа и големите светски медиуми.

Победникот на УС Опен во 2020 година многу рано ќе престане да игра активно, а причината за тоа се повредите.

По освојувањето на Грен слем, тој беше измачуван од бројни повреди на колкот и коленото и не можеше да го достигне нивото на кое беше во неговите најдобри денови. Во годината кога го освои УС Опен беше трет играч во светот, а сега е само на 117 место на АТП ранг листата. Покрај освојувањето на УС Опен, Тием во истата година играше и во финалето на Австралија Опен, додека во 2018 и 2019 година беше во финалето на Ролан Гарос. Во кариерата освои вкупно 17 титули, а е еден од само 11 тенисери кои ги победиле сите членови на големата тројка (Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер). Вкупно против нив остварил 16 победи.

Ги искористила замрзнатите ембриони да затрудни со мртвиот љубовник и да бара наследство

Жена од Кина, позната по презимето Ленг, имала афера со оженет бизнисмен кој загинал во сообраќајна несреќа во 2021 година.

Нејзината приказна покрена жестока јавна дебата, а сѐ започнало набргу по несреќата, пренесува SCMP.

Жената од провинцијата Гуангдонг тврдела дека нејзините јајце клетки биле оплодени со спермата на нејзиниот љубовник во приватна клиника. Развиените ембриони беа замрзнати и подоцна биле искористени за да ја забременат.

Таа во декември 2021 година родила син и му го дала името Ксиовен, а на крајот на минатата година го тужела семејството на починатиот за наследство.

Таа тврдела дека детето има право на удел во капиталот на компанијата и бенефиции за осигурување, но не можело да докаже како тоа е добиено, ниту дали љубовникот дал согласност неговата сперма да се користи во процедурата за ИВФ.

Како резултат на тоа, судот ја отфрлил тужбата, а приказната станала популарна.

Корисниците на социјалните мрежи, пред сѐ Веибо, го коментирале бизарниот случај. Поединци сметаа дека сега семејството треба да реагира.

„Се надевам дека вдовицата ќе поднесе противтужба“, напишало едно лице.

И адвокатите дале свое мислење. Така, се наведува дека процедурата за ин витро оплодување во лиценцирани клиники е легална, но дека за тоа треба да се договорат и двајцата родители - што во овој случај останало нејасно.

притисни ентер