3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
ЗабаваВечерва ќе се извлекува прво коло ЛОТО 7 и ЏОКЕР на Државна лотарија Се игра за 7ка вредна над 460.000 евра и ЏОКЕР над 70.000 евра. Од вечерва ќе очекуваме да падне црвеното топче за да ги удвои категориите за 4, 5 и 6 погодоци.Вечерва од 20:00 часот, на Канал5 Телевизија, Државна лотарија ќе го емитува првото извлекување на првото коло од новата игра на среќа Лото 7, на првиот ден во 10тата година од приредување игри на среќа. Фондот за 7ка се пренесува од последното коло на претходната лото игра, дополнета со фондот за 7ка од првото коло Лото7, а тоа значи дека ќе се игра за до сега најголемата премија за 7ка која ќе вредна околу 28.300.000 денари, во зависност од финалната уплата во ова прво коло. Новата игра на среќа Лото 7 има четири категории добивки: 7ка, 6ка, 5тка и 4ка. Категоријата за 4 погодоци, од сега е фиксна и е во вредност на десет комбинации, или во моментов 200, денари. Една од новините е вклучувањето на црвено топче, без број, покрај топчињата со бројчиња. Неговото извлекување ќе значи дека се удвојуваат сумите за категориите добивки 4ка, 5ка и 6ка. Очекувањето на црвеното топче ќе внесе дополнителна возбуда Од сега се игра со нови помошни ливчиња и по нови правила кои ќе допринесат за поголеми добивки, поинтересна игра и повеќе забава. Меѓу бројните новини е можноста поедноставно да се играат скратени системи, од наведените 24 на самото помошно ливче. Новина е можноста да се уплаќа за 10 кола однапред, при што ќе се добиваат потврди за уплата за секое коло во претплата. Поедноставен е и начинот на уплата и може да се уплаќаат следни кола со приложување и скенирање на преходна уплатена потврда за уплата. Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, да побара вербална уплата или Quick Pick или пак да уплаќа со претходна потврда за уплата доколку сака да ја одигра истата комбинација/истите броеви. Поволност за Џокер играчите е што ќе можат да играат Џокер без претходна уплата за играта Лото, а наместо до 20 , ќе може од сега да уплаќаат до 50 Џокер броеви. Промените се резултат на барање подобри решенија за осовременување на Лото играта. Новините се комбинација од прифатени сугестии од играчи, резултати од анкети спроведувани на продажни места и на официјалната веб страна, искуства на други европски лотарии и комплетно иновативни решенија. Им се заблагодаруваме на сите играчи кои дадоа свој придонес со сугестии и идеи за осовременување на играта. Веруваме дека со новините во играта Лото 7 ќе одговориме на критериумите и очекувањата. Во игрите Лото7 и Џокер како и до сега може да се учествува со уплата на било кое уплатно-исплатно место на Државна лотарија ширум земјата. Играчот може да избере дали ќе уплаќа со помошно ливче, претходна потврда за уплата, да побара вербална уплата или Quick Pick. Уплатата на една Лото комбинација од седум броеви, останува иста, 20 денари, а исто така и уплатата на еден Џокер број. Под среќна ѕвезда - е слоганот на играта Лото 7, кој ќе им донесе среќа на многу играчи и чувство дека навистина застанале под среќна ѕвезда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter