Вечерва големото финале на „Сокол“ 2026! - Канал 5

Вечерва големото финале на „Сокол“ 2026!

По речиси еден месец исполнет со жестоки дуели, спектакуларни голови, пресврти и натпревари за паметење, вечерва доаѓа моментот кој сите го чекаа – големото финале на XXII Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“2026!

Вечерва големото финале на „Сокол“ 2026!

На легендарното игралиште „Сокол“ во Карпош 1, Скопје, од 20:30 часот, еден против друг ќе излезат Мега Лифтови и Руди Компани – двете екипи кои успеаја да го изодат најтешкиот пат и да стигнат до последниот меч на турнирот, објави Прв.

ФИНАЛЕ: МЕГА ЛИФТОВИ – РУДИ КОМПАНИ 🕣20:30 часот 📍Игралиште „Сокол“, Карпош 1 – Скопје

Покрај престижниот трофеј, победникот ќе освои 500.000 денари, додека второпласираниот тим ќе добие 250.000 денари. Третото место носи 120.000, а четвртото 60.000 денари и многу други индивидуални награди.

Но вечерва парите паѓаат во втор план.

Остануваат само еден натпревар, еден пехар и една шанса да се запише името меѓу победниците на еден од најпрепознатливите турнири во мал фудбал во Македонија. Организаторите за изданието во 2026 година најавија награден фонд од над 1,3 милиони денари.

Мега Лифтови и Руди Компани во текот на турнирот минаа низ големи предизвици, но кога беше најважно – покажаа карактер и стигнаа до мечот во кој нема поправен испит.

🔥50... односно последните минути на турнирот ќе решат сè. Кој ќе го издржи притисокот? Кој ќе стане херој? Кој ќе го крене пехарот високо над Скопје?

Вечерва сите патишта водат кон „Сокол“ – Мега Лифтови и Руди Компани во битка за трофејот и 500.000 денари!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на здравствената установа во Бардовци

Вчера попладне било пронајдено тело на мртов човек во близина на здравствена установа во Бардовци.

Тело на мртов човек е пронајдено покрај оградата на  здравствената установа во Бардовци

„На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Карпош е пријавено дека во канал во близина на ограда од јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а лешот е подигнат и даден на обдукција.“, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Никола Јокиќ би можел да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА следното лето.

Никола Јокиќ добива најголем договор во историјата на НБА?

Имено, доколку остане со Денвер Нагетс, според сегашните проекции, српскиот центар би можел да добие околу 360 милиони долари во текот на пет години. Сепак, Кевин О'Конор го предупредува тимот на Колорадо дека неговиот престој не треба да се зема здраво за готово!

Трократниот МВП на НБА не потпиша продолжување на договорот, а зад тоа стои идејата дека ќе добие историска плата следната сезона. Сето ова е наведено ако остане во Денвер. Јокиќ можеше да потпише минимум четири години оваа година и да добие бројка од 278 милиони долари, но - реши да почека.

- Мојата идеја е да потпишам следното лето и да останам во Денвер до крајот на кариерата - изјави Јокиќ ова лето.

Сепак, засега сè се базира на шпекулации, но треба да очекуваме Никола Јокиќ да остане во Денвер до крајот на својата НБА кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку осум загинати и 12 повредени во тешка автобуска несреќа во Бразил

Најмалку осум лица загинаа, а 12 се повредени кога автобус се преврте во близина на градот Иракувара, во бразилската држава Баија. 

Најмалку осум загинати и 12 повредени во тешка автобуска несреќа во Бразил

Еден од повредените подоцна почина во болница, соопштија локалните власти.

Автобуската несреќа се случила во петокот вечерта, на околу 15 километри од Иракувара, Бразил. Автобусот патувал од Форталеза, во државата Сеара, до Палмас, во државата Токантинс, објави „Глобо“.

Спасувачките екипи извлекле три тела од остатоците, додека уште четири биле пронајдени откако автобусот бил подигнат. Меѓу загинатите има двајца мажи, жена и дете.

Повредените биле згрижени на местото на настанот. Дванаесет лица биле однесени во Регионалната болница во Сеабра, а уште едно било згрижено во градската болница во Иракувара.

Двајцата возачи на автобус не биле повредени. Причината за несреќата сè уште не е утврдена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер