Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
1Синдикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор
3Ѓорѓиевски: Голем инвестициски бран во Скопје, проектот Лимак за намалување на сообраќајниот метеж...
КултураВечерна, утрена и Света архијерејска Литургија во Бигорскиот скит, посветен на солунските браќаВечерна, утрена и Света архијерејска Литургија во Бигорскиот скит, посветен на солунските браќа Кирил и Методиј, во селото Битуше.Со благослов на Неговото преосвештенство епископот Антаниски г. Партениј, Свештената бигорска Обител, информираше дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите рамноапостолни сесловенски просветители и учители, солунските браќа Кирил и Методиј, 24 мај, во Бигорскиот скит посветен на солунските браќа, во селото Битуше, ќе се отслужи, вечерна, утрена и Света архијерејска Литургија. Во петок, на 23 мај, со почеток во 18 часот ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба на којашто ќе претстои владиката Партениј. Во сабота, на 24 мај, во 8 часот ќе започне Утрената богослужба а во 9 часот ќе се отслужи Света архијерејска Литургија со која ќе чиноначалствува Епископот Антаниски г. Партениј. - Во храмот, кој сè уште се наоѓа во фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом. По завршувањето на богослужбите, во дворот на скитот ќе се одржи културно-уметничка програма. На Светата Литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, епископот Антаниски г. Партениј, односно братството на Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино, стои во објавата на Бигорски манастир. Од година во година сè поголем е бројот на оние кои присуствуваат на Светата архијерејска Литургија во овој скит, оддавајќи им почит на сесловенските просветители. Скитот посветен на солунските браќа Кирил и Методиј се наоѓа на висорамнината под планината Крчин, над долнореканското живописно село Битуше, општина Маврово и Ростуше. Темелите беа осветени и поставени на 31 мај 2014 година, а првата литургија беше одржана на 24 мај 2017 година. Иницијативата за градење и идејното решение беа на владиката Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, кој има голема љубов и почит кон светите браќата Кирил и Методиј.Тагови: Бигорскиот манастир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Супер Марио Брос“ од 1985 година продаден за астрономска сумаКопија од играта „Супер Марио Брос“. од првата серија за конзолата Nintendo Entertainment System (NES) е продадена на аукција за фантастични 96.875 долари. Аукциската куќа Heritage Auctions објави дека со ова се поставени два светски рекорди - за копија на играта од првата продукциска серија и за отворена видео игра со целосно зачувано оригинално пакување. Што го прави овој примерок посебен? Станува збор за американско издание од 1985 година, препознатливо по мат налепницата на кутијата. Примерокот доби вкупна оцена на PSA од 9,0. Самата кутија беше оценета со 8,5, кертриџот 9,2, а рачниот 9,0. Според каталогот на аукциите, овој пример ја дели највисоката оценка меѓу четири познати целосни примери на истата варијанта во записите на PSA. Продадена е на 20 ноември, првиот ден од дводневната аукција на видео игри. „Ознаката „complete-in-box'“ значи дека кутијата е отворена и играта е искористена, но пакувањето сè уште го содржи кертриџот, упатствата и сè друго што купувачот го добил кога играта била продадена на мало“, соопшти аукциската куќа. Во оваа категорија копијата постави рекорд. Како вториот „Супер Марио“ постигна уште повисока цена? Најскапиот предмет на истата аукција била неотворена копија од играта „Супер Марио Брос“ од втората продукциска серија, со сјајна налепница и PSA рејтинг од 8,5. Оваа копија била продадена за 131.250 долари. Вкупно три копии од играта беа меѓу десетте најскапи предмети на аукцијата, кои беа продадени за околу 2,52 милиони долари. „Возбудливо е да се види како интересот на колекционерите за овие исклучително ретки рани NES игри продолжува да расте. Тешко е да се прецени важноста на играта „Супер Марио Брос“. „Тоа е игра за домашна конзола, а колекционерите јасно го препознаваат нејзиното место во историјата на видео игрите“, рече Еван Мајзингил, директор за прифаќање на видео игри во „Херитиџ аукшнс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Папрадишки пишииВо петок (20.11.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Вело Марковски.Состојки за денешниот рецепт: 1 кг. брашно 1 коцка квасец 1 лажичка сол млака вода по потреба масло за пржење Прилог: сирење мед Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиндикатот на културата протестира пред Уставниот суд, кој одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор Синдикатот на културата денеска излезе на протест пред Уставниот суд.Кој треба да одлучува за уставноста и законитоста на колективниот договор за култура. Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи. Синдикатот бара судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39