Василевски: Упадот во собранието беше командуван од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Го разоткри ли обвинетиот Александар Василевски Нинџа целото сценарио и режисери на упадот во Собранието на 27-ми април?

Сведочејќи пред судот Нинџа тврди дека сите наредби тој ден ги добивал директно координативно оперативен штаб во ВМРО ДПМНЕ составен од видни партиски функционери при што ги споменува Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Митко Чавков како и сега притворениот екс директор на УБК, Владимир Атанасовски.

„Во 12.30 часот ми се јави Владимир Атанасовски. Ми рече да бидам во Скопје оти имало сознанија дека СДСМ нешто спрема и да чекам да ми се јави Бошкоски. Добиените информации беа дека СДСМ ќе избира претседател на Собранието. Ми се јави Спиро Ристовски и ми кажа да одам во штабот. Имав контакт и со Сашо Мијалков, кој ме викна и ми кажа ‘дојди во база‘. Базата беа хотелот ‘Мериот‘ и штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, тврди во сведочењето Василевски.

Според неговото сведочење околу 18 часот, токму во моменти кога во Собранието Талат Џафери се избира за претседател, влегол во штабот на ВМРО ДПМНЕ.

„Стасав на осми. Лево е тоалетот, на крајот е чајната кујна, а има и други простории. Мобилниот го оставив на столче, влегов во салата, а внатре не беше Мијалков, туку имаше други луѓе. Го забележав командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, односно Билјана Бришковска, Кирил Божиновски, Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески. Имаше пуштено ТВ-приемник и на ТВ Нова гледаа што се случува во Собрание. Седнав на една маса, а тие збореа на мобилните телефони. Бришковска комуницираше со Трајко Вељаноски и тој ѝ даваше насоки за состојбата внатре. Јанакиески и Ристовски комуницираа со Бетмен, а Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети да дојдат во Скопје по директива на ВМРО-ДПМНЕ. Чавков комуницираше со тогашниот началник на СВР, Ивица Вучевски, и Митко Пешов. По некое време во штабот дојде и Владимир Атанасовски“, откри за првпат пред судот обвинетиот Нинџа.

Како директен наредбодавател за отворање на вратите од Собранието, обвинетиот Нинџа ја посочува екс заменик министерката Биљана Бришковски.

„Бришковска му се јави на Трајко и му кажа да се отворат вратите на Собранието. Јас бев известен од директорот Владимир Атанасовски околу 19.15 часот да одам на терен и да го известувам за тоа што се случува“, тврди Нинџа.

Тој сведочи и дека во штабот бил присутен и шефот на кабинетот на претседателот Иванов, Борис Јосифовски кој рекол дека во секој момент може да биде прогласена воена состојба.

„Сето тоа што се случи на 27 април беше координирано, а како што масата се движеше кон Собранието, наредбите беа сѐ подиректни“, тврдеше обвинетиот.

Според Нинџа, оперативци на УБК биле внатре во Собрание и ја следеле ситуација, како и план како да се извлечат од собраниска зграда.

„Кај 19 часот пешки тргнав кон Собранието. Го видов началникот на Петтата управа Никола Бошкоски, Борислав Богдановски од управата и други. Лицата веќе беа влезени во Собранието. Застанавме кај Градска болница, ја надгледувавме ситуацијата. Му свртевме на Никола Митревски – Кољо. На Никола Бошкоски му јавивме дека внатре тепаат пратеници. Бошкоски ни кажа дека има луѓе за прикриени операции и отворен прозор на првиот кат, за евакуација на фантомките“, сведочи Нинџа.

Во Жена парк, како што сведочеше пред судот, се сретнал со Горан Грујовски кој наводно му кажал дека внатре има луѓе и од военото разузнавање и дека секој момент ќе биде прогласена воена состојба, но дека кратко потоа Грујовски добил повик дека како што рече Нинџа „некој друг ја презел контролата“.

„Подоцна уште еден повик доби Грујевски: ’Вонредна состојба нема да има! Под притисок на странски фактор кај претседателот Иванов!”, рече Нинџа.

Пред судот Нинџа рече дека сето ова што денеска го изнесе досега го раскажал само пред Јавното обвинителство за организиран криминал.

Најмалку петмина уапсени пред белоруската амбасада во Москва

Најмалку пет лица се уапсени за време на вечерашниот протест пред белоруската амбасада во Москва.

По двочасовните мирни протести против резултатите од претседателските избори во Белорусија, руската полиција растури група од 200 демонстранти и уапси најмалку пет лица, јавува ТАСС.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, избувнаа протести во целата земја.

За време на тридневните протести во Минск и другите белоруски градови, едно лице загина, а повеќе од 6.000 лица се уапсени.

Малолетната ќерка на Моника Белучи стана заштитен лик на Долче и Габана

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза - тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, која се чини дека има светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители - иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

\

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

- Ве молам, јас сè уште немам 16 години ... Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

Шпанија забрзано гради болница поради зголемениот број заболени од корона

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шпанија денеска се зголеми за скоро 1.700, а во овие бројки не е опфатен Мадрид, кој не даде информации заради технички проблеми.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест недели, Шпанија се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Иако просечниот дневен број на заразени лица бил помалку од 150 во јуни, околу 1.500 нови случаи се регистрираат секој ден во првите 12 дена од август.

Како резултат, војската брзо гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на Арагон, регион кој сега е жариште на коронавирусот.

притисни ентер