2Сузуки го претстави најмалиот електричен автомобил во Европа, цената ќе биде под 20.000 евра (ВИДЕО)
СветВаршава е многу лута на Москва, го повика рускиот амбасадорПолска ќе побара објаснување од Москва за „новото нарушување на воздушниот простор“ со руска крстосувачка ракета лансирана во Украина и ќе го покани рускиот амбасадор да зборува, соопшти полското Министерство за надворешни работи.Русија рано утринава накратко го наруши воздушниот простор на Полска - околу 40 секунди - со крстаречка ракета лансирана кон цели во западна Украина, објавија полските вооружени сили. „Полска ќе побара објаснување од Руската Федерација во врска со новото нарушување на воздушниот простор на земјата“, изјави портпаролот на министерството Павел Вронски. Заменик министерот за надворешни работи попладне најави дека „министерот Радослав Сикорски ќе го покани на интервју амбасадорот на Руската Федерација за информации и објаснување“. „Останатите наши потези ќе зависат од овие објаснувања и информации“, изјави Анджеј Шејна за ТВ Полсат њуз. „Не е првпат проектил од Руската Федерација да навлезе на полска територија. Колку што знаеме, ова е трет пат“, нагласи тој. Сличен инцидент се случи во декември кога руска ракета навлезе во полскиот воздушен простор пред да го напушти во правец на Украина по неколку минути. Во декември 2022 година, друга руска крстосувачка ракета КХ-55, способна да носи нуклеарни боеви глави, падна врз Полска, но нејзините останки не беа пронајдени дури во април 2023 година од случаен минувач во шума во близина на Бидгошч на северот на земјата, околу 500 км од источната граница на земјата, членки на НАТО. Во ноември 2022 година, украинска ракета падна врз полското село Пржеводов, во близина на границата со Украина, при што загинаа двајца цивили. Падот на проектил врз полско село предизвика стравувања дека и НАТО може да биде вовлечена во конфликтот и голема ескалација на војната во Украина. Полска е заштитена со обврската за колективна одбрана на Атлантската алијанса.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПекол во Египет: Се запали цистерна, десетици загинати (ВИДЕО)Најмалку 30 лица загинаа, а најмалку 15 се повредени кога возило што превезувало нафтени производи се преврте и се запали на голема обиколница во Египет, соопшти денес египетското Министерство за здравство.Пожарот избувнал на обиколницата, во близина на метро станицата Ел Кавмија, во Гиза, во поширокото подрачје на Каиро, а екипи на цивилната одбрана и противпожарната служба веднаш биле испратени на местото на настанот за да го изгаснат пожарот и да спречат негово ширење на околните возила и области, известува Масарви. Според египетските медиуми, пожарот зафатил цистерна со нафта, а пламен и густ чад се прошириле над областа Варак. Сведоци изјавиле дека пожарот се проширил и на други возила. ⚡️BREAKING: Inferno in Egypt A fuel tanker veered off the road near Cairo, crashed into a concrete barrier and overturned, sparking a massive fire. More than 20 people were killed in the crash, while another 15 were taken to hospital with injuries of varying severity. — NEXTA (@nexta_tv) November 25, 2026 Полицијата и спасувачките служби излегле на местото на настанот откако бил пријавен пожарот, додека пожарникарите интензивно работеле на локализирање на пожарот. И тешка механизација била распоредена за отстранување на остатоците од урнатите возила и санирање на местото на несреќата.Тагови: Египет цистерна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаѓар и Зеленски си ги одмерија силите- играа одбојка (ВИДЕО)Унгарскиот премиер Петер Маѓар сподели еден необичен момент од неговата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи.„Вака започна сè, кога одеднаш игравме одбојка со млади Унгарци и украинскиот претседател во Берегово, во лицеумот Лајош Кошут“, напиша Маѓар. И Володимир Зеленски зборуваше за заедничката посета на училиштето. Покрај спортскиот натпревар, двајцата политичари разговараа со учениците и наставниот кадар. Според украинскиот претседател, средното училиште има повеќе од еден век историја и во моментов го посетуваат над 500 деца, вклучувајќи ученици во инклузивни паралелки. Наставата се одржува на унгарски јазик, додека децата учат и украински и англиски јазик. Зеленски, исто така, потсети дека во Будимпешта има училиште каде што украинските деца се образуваат на својот мајчин јазик. „Таквото меѓусебно почитување е важно за нашите односи и мора да биде основа на целата наша соработка“, рече украинскиот претседател. Зеленски го истакна фактот дека училиштето продолжува да се модернизира и покрај тековната војна. Училниците се реконструираат, а децата имаат услови за образование, личен развој и спорт. Украинскиот претседател им се заблагодари на наставниците за нивните напори и не ги заборави учесниците во одбојкарскиот натпревар. „И, секако, им се заблагодарувам на двата тима за одличната игра“, додаде Зеленски.Тагови: Володимир Зеленски Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаЃорѓиевски: Обезбедуваме сместување, правна и психолошка помош за жртвите на семејно насилствоНа денешната панел дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“,се обрати градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски .На денешната панел дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилство“, во организација од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се обрати градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој најави дека и во текот на наредната година ќе продолжи отворањето на нови локации за привремено згрижување на жртвите на семејно насилство и посочи дека градот веќе го направил првиот чекор со обезбедување целосно опремен стан за привремен престој на жртвите, нагласувајќи дека институционалната поддршка и создавањето безбедно засолниште се од особено значење за лицата кои се соочуваат со семејно насилство. „Првиот чекор што го обезбедиме да обезбедиме стан во којшто ќе бидат сместувани привремено жртвите на семејно насилство, и мислам дека тоа беше добар чекор, дали тоа целосно ги решава проблемите, не ги решава, но многу е важно во овој процес да тие коишто се кревки, да знаат дека имаат на кого да се потпрат токму заради тоа ќе продолжиме наредната година во обезбедување на повеќе позиции вакви, секако тоа се локации коишто се недостапни за очите на јавноста но се целосно опремени од страна на градот Скопје“, рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски посочи дека покрај обезбедувањето привремено сместување за жртвите на семејно насилство, градот Скопје обезбедува правна и психолошка поддршка и истакна дека поддршката опфаќа транспорт, логистичка помош, разговори со стручно лице и пакети со храна, а преку соработка со приватни компании се работи и на нивно вклучување на пазарот на трудот. „Во меѓувреме со сите невладини организации коишто пружаат ваков тип на услуги соработуваме и даваме финансиска поддршка за да можат што поголем број на вакви случаеви да бидат опфатени и пак ќе споменам многу е важно во тие моменти да знаат дека имаат на кого да се потпрат. Вториот чекор којшто го преземаме, бидејќи не е доволно само некого да го згрижите и да му обезбедите привремено сместување, обезбедуваме правна и психолошка поддршка како град Скопје, нешто што исто така ние го воведовме како новитет, а не беше за жал пракса години наназад во градот Скопје и третиот чекор којшто го преземаме, остваруваме контакти со приватните сопственици коишто ги пласираат таквиот тип на жртви на семејно насилство на пазарот на трудот, и тука е еден комплиментарен процес, заокружен циклус на којшто практично од моментот на пружање на рака и помош во прва фаза каде што обезбедуваме и транспорт за истите жртви, обезбедување на поддршка логистичка со еден службеник да разговараат затоа што и тоа е многу важно, обезбедување пакети на храна и подоцна пласирање на пазарот на трудот“, посочи Ѓорѓиевски,се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37