Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
2Мицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот
3Евроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за Македонија
ФудбалВардар замина за Сан СебастијанЕкспедицијата на Вардар составена од фудбалерите, стручниот штаб и дел од раководството, утринава се упатија кон шпанскиот град Сан Себастијан, Шпанија каде што утре „црвено-црните“ ќе го играат натпреварот од четвртото коло од групната фаза од Лигата на Европа против екипата на Реал Сосиедад.Со овој натпревар ќе стартува вториот дел од групната фаза од Лигата на Европа. Во првиот дел Вардар не освои ниту еден бод, со надеж дека тоа ќе го сторат на последните три натпревари во групата „Л“. Предвидено е вардарци некаде околу пладне да пристигнат во Сан Себастијан. Во 18:30 „црвено-црните“ ќе одржат прес конференција, а во 19 часот ќе биде официјалниот тренинг на стадионот „Аноета“ каде што ќе се игра натпреварот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаЈанчев: Општина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, ИталијаОпштина Кавадарци беше домаќин на делегација од Општина Маида, Италија, предводена од градоначалникот, при што се одржа средба на која се разговараше за можностите за воспоставување и унапредување на меѓуопштинската соработка.Посебен акцент беше ставен на размената на искуства и добри практики во областа на лозарството, винарството и винскиот туризам, како и на можностите за соработка во културата и промоцијата на локалните потенцијали. Кавадарци, како центар на Тиквешкиот вински регион, има богата традиција во лозарството и производството на вино, што претставува одлична основа за поврзување и заеднички иницијативи со општини од Италија, земја со истакната винска и културна традиција. Оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на пријателските односи, размена на знаења и искуства и отворање нови можности за идни заеднички проекти во интерес на граѓаните на двете општини, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМицкоски: Во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионотДенеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот.Денеска во Црна Гора очекувам значајни пораки и плодни дискусии за европската перспектива на регионот, со посебен акцент на македонскиот пат кон Европската Унија и посветеноста на Владата на реформите и европските интеграции, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес, посветен на европската интеграција на Западен Балкан. Во фокусот се европската перспектива на регионот, реформите и заедничките предизвици на патот кон Европската Унија, со очекување за конкретни резултати и силна поддршка за европската иднина на Македонија, објави премиерот Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаЕвроамбасадорот Рокас најави милионски вложувања во инфраструктурата и можен раст на фондовите за МакедонијаЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро времеЕвропската унија инвестира стотици милиони евра во енергетската, дигиталната, патната и железничката инфраструктурна поврзаност на Македонија со Европа бидејќи ја гледа како своја идна членка во што е можно поскоро време – порача евроамбасадорот во земјава – Михалис Рокас. Тој најави дека износот од 750 милиони евра од Планот за раст наменети за земјава наскоро може да се зголеми, како и дека освен веќе доделените 65 милиони евра, дополнителни 40 милиони преку Европскиот мировен фонд може да ни бидат доделени за зајакнување на македонските воени капацитети. - Овде во Македонија, сите заеднички вложуваме напори и се надевам дека многу наскоро ќе можеме да ги направиме одлучувачките чекори за отворање на преговорите за пристапување, за да можеме да чекориме кон она што треба да биде заедничка иднина под еден покрив – покривот на Европската Унија,- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија. Германската амбасадорка во земјава – Петра Дрекслер, ја пофали земјава за проактивен пристап кон европската безбедност, особено преку континуираната поддршка за Украина, но како што рече, независно судство претставува темел за целокупната отпорност. -Исто така, треба да имате предвид дека функционалното и независно судство претставува темел и предуслов за сè друго; зашто, без судски интегритет и владеење на правото, нема вистински да се воспостави институционалната доверба неопходна за долгорочна отпорност,- - Петра Дрекслер, амбасадор на Германија во Македонија. Вицепремиерот и министер за транспорт – Александар Николоски изјави дека стратешките за ЕУ Коридори 8 и 10 како патните така и железничките, активно се градат, што освен од економска, како што вели, се значајни и за политичката стабилност на земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00