Вардар против Апоел ќе бара поволен резултат и на првиот дуел

Македонскиот шампион Вардар во вторник на 14 април го игра првиот натпревар од второто коло од квалификациите од Лигата шампионите. „Црвено-црните“ ќе гостуваат кај шампионот на Кипар, Апоел.

Во пресрет на дуелот Вардар одржа и прес конкференција, на која тренерот Сергеј Андреев потенцираше дека подготовките ги почнавме пред еден месец и досега работевме четири недели. - Во овие услови, како што рече, играчите се подготвени околу 85 отсто од тоа што треба да бидат. За 100 проценти подготовка потребни се околу шест недели. Сепак од тоа што го планиравме и го одработивме јас сум задоволен. Апоел е екипа која нема ист стил на игра (дома и гости), а ние ќе одиме на поволен резултат.

Помошникот на Андреев, Александар Васовски се осврна на претстојниот ривал, кога од стручниот штаб на Вардар го следеа на сите подготвителни натпревари.
- Апоел заслужува почит. Сметам дека шансите за пласман во следната рунда се 50-50. Апоел е екипа која има настапи во група од Лигата на шампионите, но и тие имаат свои слабости. Добро ги следевме и сметам иако имаат три порази (подотовки) тие се добар тим. Знаеме дека таму не очекува полн стадион, но сепак се надеваме дека ќе го надминеме резултатот на Вардар во Лигата на шампионите од пред 10 години.

Дел од кипарскиот шампион пред пет сезони беше и сегашниот играч на Вардар, Бобан Грнчаров.

- Апоел тогаш беше силен тим. Сакам да напоменам дека шансите се 50-50 сметам дека имаат мала предност дека играле во група од Лигата на шампионите. Но, очекувам поволен резултат, со даден гол на гости.

Натпреварот Апоел – Вардар се игра во вторник во Никозија со почеток во 19 часот.

Њујоршката полиција упадна во кампусот на Универзитетот Колумбија и упаси десетици лица

Синоќа полицијата во Њујорк со дозвола од Универзитетот колумбија упадна  во универзитетската зграда Хамилтон Хол заземена од активисти кои протестираат против војната на Израел во Газа.

Универзитетот е лоциран во центарот на Њујорк во близина на Менхетн. Полицијата упадна преку вториот кат од зградата со помош на поставена рампа и растури толпа од околу 200 активисти, по што пред влезот на универзитетот дојдоа неколку полициски автобуси да ги транспортираат лицата кои беа уапсени за време на упадот. Од извештаите се дознава дека се упасени десетици демонстранти, но и дека многумина од нив не се студенти. За време на упадот полицијата употребила шок-гранати. Претседателот на сад Џо Бајден синоќа изјави дека демонстрациите треба да бидат мирни, и порача дека насилното заземање на зградите не е мирен протест, и оти тоа е погрешно“.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер