Вардар подготвен да собира бодови во Лига Европа - Канал 5

Вардар подготвен да собира бодови во Лига Европа

Македонскиот првак Вардар со четири победи и два пораза на шест натпревари успеа да се избори за најголемиот резултат во историјата на македонскиот фудбал пласман во група од Лига Европа.

Вардар подготвен да собира бодови во Лига Европа
За сите актуелности поврзани со клубот, пред се за настапот во Лига Европа денеска беше одржана и прес конференција.

- Ми беше полесно кога играв, сега кога гледав бев напнат и нервозен, но навистина сметав дека можеме да направиме изненадување. Најзаслужни се тренерите и играчите, мило ми е за успехот особено што Македонија долго време чека на ваков успех, а на сопственикот му кажав дека треба да размислуваме ова да го правиме секоја година или секоја втора година, а не еднаш на 25 години, изјави спортскиот директор Дарко Панчев, кој и ја отвори денешната прес конференција.

Тренерот Чедомир Јаневски, кој пред само десетина дена седна на клупата на „црвено-црните“ со двата триумфа над Фенербахче даде посебен печат на пласманот во Лига Европа.

- Кога дојдов во Вардар од мене се бараше да се победува, така ќе се трудам да биде и понатаму. Наша цел е во секое натпреварување да собираме бодови, сега ќе биде потешко немаме слободни термини ќе играме среда-недела, но сметам дека е подобро да играш натпревари отколку да тренираш. Првиот дуел со Зенит е веќе брзо за три недели. Тоа е екипа со големо искуство каде тренер е Роберто Манчини. Ќе собереме информации и ќе одиме да ги гледаме, но во групата ќе одиме натпревар по натпревар, истакна Јаневски.

На прес конференцијата од редовите на играчите беше присутен Никола Глигоров, играч со најдолг стаж во „црвено-црниот“ дрес.

- За мене ова е остварување на сонот. Со својот клуб да се игра во Лига Европа, со Вардар, е нешто сосема друго. Успехот не е случаен, се должи на тригодишно макотрпно работење. Без сите, без Самсоненко, без Јаневски кој во само два дена ја подготви екипата за да се соочиме со Фенербахче, како тактички, така и психолошки. Да се добие Фенербахче со вкупен резултат 4:1, мислам дека тоа доволно говори за нас. Зенит е тим кој низ минатите години стандардно игра ЛШ, Сосиедад е петта екипа во Ла Лига, на домашен терен тешко ја добиваат дури и Реал и Барса, а исто така и Розенборг е редовен учесник во европските натпреварувања. Да не заборавиме, во последниот филтер го елиминираше ланскиот финалист во ЛЕ, Ајакс. Ова е нешто ново, предизвик за секој спортист. Да се игра цела есен во Европа е чест за секој фудбалер, изјави Глигоров.

Спортскиот директор Дарко Панчев потврди дека македонскиот репрезентативец Стефан Спировски си заминува од Вардар и ќе мине во унгарски Ференцварош, а на негово место е донесен српскиот интернационалец Вања Марковиќ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Украинските сили погодија и уништија дел од Кримскиот мост, само неколку часа откако Русија започна масивен напад врз Киев, насочен кон два клучни моста над реката Дњепар во украинскиот главен град.

Украинци урнаа дел од Кримскиот мост по руското бомбардирање на мостовите во Киев (ВИДЕО)

Руската акција беше проследена со жесток украински одговор со напади со беспилотни летала врз Кримскиот мост и голема рафинерија во Башкортостан, длабоко на руска територија, објавува Би-Би-Си.

Според најновите информации, засновани на фотографии од Крим, централниот сообраќаен дел од мостот се чини дека се срушил по нападот.

Украинските сили го нападнаа Кримскиот мост, кој го поврзува Крим со руското копно, втора ноќ по ред, предизвикувајќи прекин на сообраќајот.

Украинските канали за следење на фронтовската линија објавија снимки од експлозии над мостот, но обемот на штетата сè уште не е официјално потврден.

Објавени се неколку видеа на кои наводно се гледа урнатиот главен лак на Кримскиот мост, со тврдења дека бил уништен од украински беспилотни летала или крстосувачки ракети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

Општина Ѓорче Петров продолжува да ги зајакнува своите активности за енергетска ефикасност, зелена мобилност и одржлив локален развој, потврдувајќи ја својата определба за создавање современа и еколошки одговорна општина.

Општина Ѓорче Петров инвестира во зелена иднина преку нови енергетски иницијативи

На настанот „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност - II“, Општина Ѓорче Петров го претстави својот придонес во развојот на енергетските заедници и успешната соработка со граѓанскиот сектор и стручните организации.

Во рамки на иницијативата се издвојуваат два значајни проекти кои претставуваат конкретен чекор кон поодржлива иднина. Првиот проект се однесува на унапредување на зелената мобилност, преку поставување полнач за електрични возила на паркингот на Општина Ѓорче Петров, во партнерство со здружението „Go Green“.

Вториот проект предвидува воспоставување иновативен агри-фотоволтаичен систем во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“, преку проектот „Community Solar Garden“, во соработка со здружението „Изгрејсонце“. Со оваа иницијатива се отвораат нови можности за користење на сончевата енергија и примена на современи одржливи решенија во образовните установи.

Посебно признание беше упатено до здруженијата „Go Green“ и „Изгрејсонце“, како и до SmartAP - Лабораторијата за социјални иновации и сите партнери кои со својата стручност, посветеност и иницијативност придонесуваат за реализација на овие проекти. На настанот беа доделени и благодарници како знак на признание за нивниот придонес и успешната соработка.

Ваквите партнерства се особено важни за креирање и спроведување проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Локалната самоуправа останува посветена на поддршка на иновативни идеи, здружување на капацитетите и воспоставување соработки кои создаваат долгорочни вредности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класа

Тутунот од втора класа се откупува по цена од 370 денари, додека, пак, од трета класа по 305 денари за килограм.

Серафимовски: Започна откупот на тутун по цена од 435 денари за килограм прва класа

Започна откупот на годинешната реколта по цена од 435 денари за килограм тутун од прва класа, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски при посетата на откупниот пункт на Тутунскиот комбинат во Прилеп, кој денес има отворено 34 откупни пункта, а на кои досега се откупени повеќе од шест тони тутун.

„Очекуваме повеќе од 96 отсто од тутунот да биде откупен во прва класа, што значи дека ќе успееме да ја задржиме цената. Оваа цена е и по барање на самите тутунари“, рече министерот Серафимовски.

Тој информираше дека површините под тутун годинава се зголемени во однос на лани и изнесуваат околу 15.100 хектари, при што посочи дека се очекува род од 26 до 30 милиони килограми, кој ќе се откупува според претходно склучените договори.

„Во разговор со Сојузот на тутунари и со останатите тутунари ќе предложиме ново решение, односно зголемување на субвенцијата од 80 на 90 денари, од причина што сакаме да излеземе во пресрет на поголем дел од тутунарите и земјоделците што го предаваат својот тутун“, најави министерот Серафимовски, појаснувајќи дека ќе се предложат измени во самата програма, основната мерка и зелената нафта да бидат укинати, но затоа да добијат дополнително 10 денари субвенција на тутун.

Тутунот од втора класа се откупува по цена од 370 денари, додека, пак, од трета класа по 305 денари за килограм.

Државниот инспекторат за земјоделство е на терен од првиот ден на откупот, во наредните денови контролите ќе ги опфатат сите 317 пунктови на десетте регистрирани откупувачи во земјата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер