Вардар отпатува за Полска - Канал 5

Вардар отпатува за Полска

Ракометарите на Вардар попладнево отпатуваа за Полска каде в недела го играат реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Вардар отпатува за Полска
Во позитивна атмосфера „вардарци“ ќе се обидат да го изненадат ривалот Киелце, кој на првиот дуел во сабоата во Скопје победи со 22:20. Негативата не е недостижна, а во осминафиналето Киелце дома загуби од Монпеље со два разлика, но имаше поголема предност од првиот дуел.

Вардар ќе патува до Краков со авион, а потоа со автобус до Киелце. За Полска тргнаа сите ракометари со кои располага тренерот Раул Гонзалес, кој в недела наутро ќе реши кои 16 ќе му се спротивстават на силниот ривал.

„Црвено-црните“ утре ќе одржат тренинг во Киелце. Натпреварот ќе го суди данската двојка Мартин Гјелдинг и Мадс Хансен, додека делегати ќе бидат Дагфин Вилангер од Норвешка и Антонио Гулао од Португалија.

Дуелот Киелце – Вардар се игра в недела со почеток од 15:30 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фрлена бомба врз домот на помошник управител на затворскиот систем во Црна Гора

Утринава во дворот на домот на Небојша Јанковиќ, помошник управител на црногорската Управа за извршување на кривични санкции (УИКС), експлодираше бомба.

Фрлена бомба врз домот на помошник управител на затворскиот систем во Црна Гора

Во експлозијата целосно е уништен неговиот автомобил „Волво“, кој бил паркиран пред куќата во подгоричката населба Златица, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“.

Според неофицијални информации, експлозивната направа била активирана околу 04:00 часот наутро, а полицијата веднаш била известена. Полицијата, во соработка со надлежното државно обвинителство во Подгорица, го истражува случајот, а во тек е и увид на лице место.

Полицијата го поврзува нападот со неговата работа

Црногорската полиција најави реакција на нападот, спроведена во координација со разузнавачките и безбедносните служби, како и со вработените во затворскиот систем. Тие истакнаа дека на овој инцидент не гледаат само како на напад врз јавен функционер, туку како на удар врз владеењето на правото и борбата против организираниот криминал.

Од полицијата додаваат дека нападот врз Јанковиќ го поврзуваат со неговите професионални должности и улогата во раководењето со затворскиот систем во Спуж.

„Управата на полицијата му дава целосна поддршка на нашиот колега, со јасна порака дека сите расположливи ресурси ќе бидат насочени кон заштита на полициските службеници и вработените во УИКС, кои чесно ги извршуваат своите должности и задачи. Понатаму, ваквите криминални обиди за заплашување поединци нема да ја ослабат пошироката, сеопфатна борба против криминалот“, наведуваат од полицијата.

„Сите понатамошни процесни, истражни и дејствија за утврдување на фактите ќе се спроведуваат во соработка со Основното државно обвинителство во Подгорица, кое ја презеде надлежноста над овој случај, а кој се однесува на кривичните дела предизвикување општа опасност и недозволено поседување и носење оружје и експлозивни материи“, се додава во соопштението. Од полицијата најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек и резултатите од истрагата.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“

Граѓаните на Србија наскоро повторно ќе излезат на гласачки места - на 27 декември, кога ќе изберат нов претседател.

Претседателскиот кандидат на Студентската листа е Радомир Саичиќ: „Горд сум што ми ја дадоа довербата“

Официјалните кандидатури се очекуваат во наредните денови, а додека тоа не се случи, шпекулациите за одредени имиња што би можеле да се најдат на гласачкото ливче продолжуваат.

- Пред точно 24 часа беа објавени претседателските избори, но денес стоиме пред вас со името на кандидатот - рекоа тие на почетокот на медиумската конференција на Студентската листа.

- Влегуваме во овие избори многу поподготвени и поискусни. Нашите контролори ќе сторат сè за да се осигурат дека секој глас е заштитен - рекоа тие. - Сакавме да предложиме човек чија поддршка никогаш не беше декларативна. Сакавме некој што беше со нас од самиот почеток. Се надеваме дека граѓаните ќе ја препознаат кај нашиот кандидат подготвеноста да се држи до принципите што го изградија секој наш успех во неговата работа - нагласија тие. Претседателскиот кандидат е Радомир Саичиќ.

- Сега имаме можност слободата за која се боревме да ја претвориме во трајна промена. Владата и судовите мора повторно да ја заработат довербата на народот. Ќе се залагам за суверена Србија во која секој граѓанин ќе живее со достоинство - рече Саичиќ.

- Ние ги почитуваме и институтите за управување во Црна Гора, имаме најдобри можни односи со нашиот народ. Не гледам никакви противречности таму. Она што мислам дека е обврска на новата влада е да го обедини српскиот народ, а не да создава поделби - рече тој како одговор на новинарско прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

Не била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси.

АКТ на СДСМ објави документ: Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нови документи.

Скандалот со влезот на Алта банка во Македонија и бизнис шемите на ВМРО со СНС се проширува.

Во Србија истрагата за Алта банка води кон нови приведени, нови осомничени.

Освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, веќе во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“ Белград.

Се сомничи, дека заедно со Мацура извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка од околу 17 милиони евра. Според медиумите во соседна Србија околу 370 милиони евра никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно книжени.

Имињата на овие луѓе кои се веќе приведени, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија.

Еве го изводот со информации од Централниот регистар:

Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија.

Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје.

Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време.

Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија.

Јавноста веќе знае, Давор Мацура, е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола а ја кипи и ЗОИЛ Македонија за 1.7 милиони евра.

Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО.

Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски.

Прашањето е зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо?

Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност?

Затоа Христијан Мицкоски вчера побегна од одговор на прашањето од претседателот Филипче за тоа со кого го правел дилот за влезот на Алта банка.

Нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – Член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер