Вардар и Работнички ги дознаа можните противници

Вардар и Работнички денеска на ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија ги добија своите можни противници во третото квалификациско коло во Лигата на шампиони, односно Лигата на Европа.

Македонскиот првак Вардар доколку го мине Апоел во следното коло би можел да се сретне со дански Митјиланд, додека можен противник на „романтичарите“ е Трабзонспор од Турција.

Вардар има да одигра уште 90 минути со Апоел по кипарските 0-0, но доколку успее да победи во Скопје на „Филип Втори“ во вторник во следното трето квалификациско коло ќе добие реално нешто послаб противник. Денешната ждрепка во Нион сакаше „црвено-црните“ да вкрстат со победникот од дуелот помеѓу дански Митјиланд и шампионот на Гибралтар Линколн.

На првиот натпревар во Данска натпреварот заврши со минимални 1-0, но Митјиланд и натаму е огромен фаворит во однос на аматерите од Гибралтар, па речиси сигурно ќе биде противник на Вардар во третото коло, нормално под услов нашиот првак да го елиминира Апоел.
Вардар ако мине во следната рунда, тогаш ќе го преземе фаворитскиот статус на Апоел и првиот натпревар би го играл на гостински терен на 28 или 29 јули, а реваншот во Скопје би бил седум дена подоцна.

Во Лигата на Европа, Работнички најпрво ќе мора да го анулира вчерашниот минимален пораз од 1-0 на гостувањето кај Јелгава, за да се избори за пласман во третото квалификациско коло и дуел со подобриот од Трабзонспор и Диферданж.
Турскиот тим по првиот натпревар води со минимално 1-0 и на реваншот во Луксембург останува голем фаворит за место во следната рунда. Доколку „романтичарите“ обезбедат место во третото коло тогаш првиот натпревар го играат во Скопје на 30 јули, а реваншот за седум дена на теренот на противникот.


Македонија се соочува со недостаток на сирупот „Оспен“

Со месеци го нема сирупот Оспен за деца како и дел од лековите за алергија и астма, алармираат педијатрите и родитилеите.

Педијатарката Мира Атанасова вели дека во одредени состојби каде поради зголемено АСО кај децата од бактериска инфекција и со препорака на реваматолог дека детето треба да пие Оспен сируп.

Родителите често заминуваат во други земји или нарачуваат да им се купи сирупот, бидејќи ретко кога може да се најде во Македонија. Доктор Атанасова вели дека поради одредена здравствена состојба оспенот е повеќе од потребен.

Во разговор со МАЛМЕД рекоа дека разговарале со производителот во наредниот период да има сируп Оспен. ОД МАЛМЕД објаснуваат дека дефицит со овој сируп има во цела Европа.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

притисни ентер