3Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
РакометВардар „брка“ победа против Киелце за останување на лидерската позиција Ракометарите на Вардар во сабота го пречекуваат Киелце во рамките на 6 коло од Б групата во Лигата на шампионите. „Црвено-црните" ќе се обидат повторно да се вратат на победничките патеки и да останат на лидерското место на табелата. Тренерот Раул Гонзалес очекува неизвесен дуел, но верува дека со џцврста одбрана и поддршка од публиката може да се дојде до победата - Се уште сме во добра ситуација затоа што сме прво место во групата, имаме осум бода. Сега играме многу важен натпревар за нас, во Скопје, ќе ни треба помош од цела сала од публиката, играме против многу добра екипа со многу добар тренер. Мораме да се спремаме за натпреварот затоа што ќе бидеме во уште подобра положба ќе имаме 10 бода на првото место. Треба да играме подобро во одбрана, затоа што тие имаат многу добри контри, досега не бевме добри во одбрана. Мора да бидеме многу агресивни затоа што го имаат најдобриот пивот во светот, Хулен Агинагалде. изјави тренерот на Вардар на денешната прес-конференција. Десниот бек Алекс Душебаев смета дека двата бода од овој меч се многу важни за понатамошниот тек во ЛШ. - Мислам дека знаеме се, дека ова е важен натпревар дека противникот е еден од најдобрите на светот, минатата година играше на фајнл-фор турнирот. Знам дека ќе биде тешко, но ние ќе играме со нашата публика со навивачите и мораме да победиме. Овој натпревар е многу важен за понатаму за следната фаза, мора да му ги земеме овие два бода на Киелце. Тие се добра и спремна екипа, за нас важно е да не правиме грешки и тие да не можат да прават контра напади. Мора и одбраната да биде подобра, не бевме добри на последниот натпревар, рече Душебаев. Главните проблеми со кои се соочува Вардар во моментов се проблемите со повредите на некои од играчите. Со сигурност нема да играат Стојанче Стоилов и Александр Деревен. На списокот на повредени се уште неколкумина, а по утрешниот тренинг ќе се знае кои ќе бидат подготвени за настап. Лани Вардар двапати играше со Киелце во рамките од четврт-финалето на Лигата на шампоните. На двата натпревари тогаш Полјаците беа подобри (22:20 и 33:31). Натпреварот е закажан за в сабота во 17:30 часот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нови еколошки алатки за почист и уреден градДенес беа промовирани новите еколошки алатки на ЈП „Комуналец“, наменети за поефикасно и современо одржување на градските зелени површини.Новата опрема ќе придонесе за полесно, побрзо и поеколошко одржување на Градскиот парк „Љупчо Шкартов“, создавајќи почисто и поубаво место за сите граѓани, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМосква: Подготвени сме за нови идеи за мир во Украина, но само ако ја одразуваат реалноста на теренРусија е подготвена да разгледа нови американски предлози за прекин на војната во Украина, но тие мора да ја земат предвид состојбата на терен и руските барања, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.Според него, комуникацијата меѓу Москва и Вашингтон продолжува на повеќе нивоа, вклучително и меѓу владините структури и безбедносните служби. Тој оцени дека американската страна во одредени моменти покажала „конструктивен пристап“ и поголемо разбирање за руските позиции, но додаде дека напредокот ќе зависи и од влијанието на Вашингтон врз Киев и европските сојузници. Русија во моментов контролира околу една петтина од украинската територија, а Москва инсистира секој мировен договор да ја земе предвид сегашната состојба на фронтот. Украина, пак, останува на ставот дека договор кој би ја легализирал руската окупација е неприфатлив..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаОфицијална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот МицкоскиМинистерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржан вчера во Пустец на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, поради тоа што не била интонирана химната на Албанија, покрај македонската.Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол. - Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. “, пишува во реакцијата на албанското минстерство. Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа и присуствувал на Фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор, што се одржал под негово покровителство. Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook