Валенсија застана зад својот играч, соочен со сериозни обвиненија за силување - Канал 5

Валенсија застана зад својот играч, соочен со сериозни обвиненија за силување

Фудбалерите на Валенсија синоќа претрпеа пораз од 1:0 од Ваљадолид, со што стигнаа на последното, 20. место во поредокот во Ла Лига.

Валенсија застана зад својот играч, соочен со сериозни обвиненија за силување

Лилјаците на тој начин ја продолжија серијата од три последователни првенствени порази, додека во последните девет кола остварија само една победа. Заедно со катастрофалните изданија на теренот, најтешките денови ги доживува и нивниот напаѓач Рафа Мир.

27-годишниот фудбалер заврши во притвор на 3 септември, откако жена го обвини за сексуален напад. Наводниот инцидент се случил во домот на Мир по ноќно излегување. Мир бил приведен, а откако бил сослушан пред судија бил пуштен на слобода, но му бил одземен пасошот и му било забрането да се приближува до оштетената.

Во ноќта од саботата кон неделата, по натпреварот помеѓу Валенсија и Виљареал, Рафа Мир бил во друштво на својот пријател Пабло Јара и две жени. Едната го обвини него, а другата неговиот пријател. Во текот на ноќта двете не пријавиле ништо во полиција, туку тоа го направиле во неделата, откако отишле во болница. Двајцата фудбалери се приведени и задржани по 48 часа, додека не се појават пред истражниот судија.

Ниту една од жените, ниту нивните адвокати, не дале јавни изјави, зашто луѓето кои се жалат на сексуален напад имаат право на доживотна анонимност во Шпанија. Мир ги отфрли обвинувањата, а Валенсија објави соопштение во кое ја нагласува „цврстата осуда на сите видови насилство“, но и „презумпцијата на невиност воспоставена од правниот систем“. Сепак, клубот покрена дисциплинска постапка бидејќи неговото однесување во слободното време не било професионално и го суспендирале на два натпревари со парична казна.

„Рафа Мир силно ги негира работите за кои го обвинувате“, рече адвокатот на Мир во изјавата. „Неодамна започнатиот правен процес ќе послужи за расчистување на спорниот настан и ќе се докаже дека обвинувањата се лажни“, се додава. Во изјавата по апсењето, напаѓачот на Валенсија рече дека сака само да ја докаже својата невиност.

„Актот на недисциплина мора да има последици. Не само за него, туку и за соблекувалната. Исто така, мораме да разбереме дека секој може да згреши, може да има ден кога не ги прави работите како што треба, но логично е дека треба да му дадеме втора шанса, му кажав на Рафа дека тоа беше големо разочарување за мене, но се надевам дека тоа му помогна да научи некои работи и да го цени она што го прави и клубот во кој е“, изјави тренерот на Валенсија, Рубен Бараја. .

Мир е шпански напаѓач кој летово се врати во Валенсија на позајмица од Севиља. Тој дојде од младинската академија на Валенсија, а дебитираше за Шишмише во ноември 2015 година кога имаше само 18 години. Во јануари 2018 година беше купен од Вулверхемптон за кого играше само четири пати, а клубот го испрати на бројни позајмици.

Тој освои сребрен медал со Шпанија на Олимписките игри во Токио 2021 година и се приклучи на Севиља тоа лето. По три сезони во Андалусија, Мир побара да се врати во Валенсија, па летово клубовите се договорија за позајмица со опција за откуп на договорот. Во моментов се сослушуваат сведоците и се собира целосна документација, а судењето би можело да започне дури за една година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер