Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?
2Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
ТехнологијаВајмо наскоро почнува со тестирање на роботакси во Лондон Waymo, компанија во сопственост на Alphabet, објави дека наскоро ќе започне со тестирање на своите автономни возила во Лондон - првиот европски град што ќе лансира услуга без возач.Компанијата во соопштението наведува дека тест-возењата ќе започнат во наредните месеци, со експерти за безбедност на луѓето зад воланот. Доколку ги добие потребните дозволи од локалните и националните власти, се очекува комерцијалната услуга да започне следната година. Лондон со тоа ќе стане втор град по Токио, каде што тестирањето започна на почетокот на 2025 година. Waymo веќе ги нуди своите услуги во САД Waymo веќе има комерцијални услуги во неколку градови во САД, вклучувајќи ги Лос Анџелес, Феникс, Сан Франциско, Атланта и Остин, и планира да лансира роботски такси во Мајами и Вашингтон. Во август, компанијата доби дозвола да ги тестира своите автономни возила со безбедносни возачи во Њујорк. Лондонската флота ќе се состои од електрични Jaguar i-PACE опремени со автономниот систем Waymo Driver на Waymo. Компанијата веќе има инженерски тимови во Оксфорд и Лондон, а за одржување и логистика на флотата ќе соработува со британската компанија Moove, која обезбедува услуги за чистење, поправка и полнење на електрични возила. Во јуни, Велика Британија претстави нова регулаторна рамка која ги охрабрува инвестициите во технологијата за самостојно возење, а оваа година Лондон ја усвои и стратегијата „Визија Зеро“ со цел да се елиминираат сите фатални и сериозни сообраќајни несреќи до 2041 година. Waymo: Нашите роботски такси имаат пет пати помалку несреќи со повреди од обичните автомобили Според податоците објавени од Waymo, нивните автомобили имаат пет пати помалку несреќи со повреди од возилата управувани од луѓе и дванаесет пати помалку повреди на пешаци. Досега, нивните возила самостојно поминале повеќе од 160 милиони километри и превезле повеќе од 10 милиони патници. Waymo е дел од сегментот „Други облози“ на Alphabet, кој објави приход од 373 милиони долари во вториот квартал со загуба од 1,25 милијарди долари. Резултатите за третиот квартал ќе бидат објавени на 29 октомври. Во Лондон, Waymo би можел да се соочи со конкуренција од британскиот стартап Wayve, кој, со поддршка на SoftBank и Microsoft, планира да го започне својот пилот-проект за роботски такси следната година. За разлика од Waymo, кој користи радар, лидар и низа сензори, Wayve развива систем базиран исклучиво на камери - пристап сличен на Tesla.Тагови: Лондон роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Балкан17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во КрагуевацВообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога 17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот. Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците. Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност. Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен. -Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац . Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот. Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “. А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена. Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците? Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста.Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста за разлика од последниот кога викендов пред поликлиниката „Јане Сандански“ беше нападната екипа на Итната помош, и затоа е потребен систем што ќе овозможи во исто време и заштита на персоналот и остварување на правата на пациентите. Ова е ставот на Здружението на сестри, акушерки и техничари „За нас“ кои реагираат за целокупниот однос кон овој кадар со години наназад од страна на државата. -Ако системската поставеност ве штити во здравствените институции, вие сте во доволен број, имате доволно возила, па сте доволно екипи, па системски нема да морате продурални администрации да спроведувате и можете автономно да одлучувате, имате лиценца (како што нема за медицински сестри во државата) за да одлучиме за нешто, затоа некогаш може да одлучите за доброто на пациентот, а потоа да одговарате бидејќи никаде не пишува дека тоа сте смееле да го направите,- - Гордана Бешлиовска - Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Додека освен зголемување на бројот на здравствени работници, медицинските здруженија од Министерството за здравство бараат и задолжително физичко обезбедување во сите болници наместо реакција по секој нов инцидент, Министерот Клековски вели дека не е возможно да има обезбедување насекаде и со секоја екипа. -Ангажирање на дополнително обезбедување е оправдано, но тоа е оправдано на одредени точки. Меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно. Да, можеме да обезбедиме некои точки, но не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државата во полициска држава,- - Сашо Клековски – министер за здравство Иако годишните пријави до МВР за напад врз лекар или медицински персонал можат да се избројат на една рака, според објавени последните објавени податоци на Лекарската комора околу 70 отсто од докторите во здравството соочуваат со насилство на работно место, најчесто со вербални напади. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари Три тужби до Управниот суд се поднесени против Министерството за образование и наука поради неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. Министерката Весна Јаневска денеска посочи дека според последните пресметки, направени врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, дневниот надоместок од сегашните 140 денари би требало да се зголеми на 156 денари. Сепак, поради различните толкувања на Законот, Јаневска вели дека Министерството ќе ја чека одлуката на судот. ,,Пресметките што ние ги правевме на стапките објавени од Завод за статистика се, точно вчера проверив, тоа се 156 денари. Но, Законот е недоречен, а правниците тврдат дека тоа е така и оттаму неусогласеност и двојното толкување на законот. Веќе има пристигнато три тужби во Министерството од Управниот суд. Постапката е во тек. Како ќе одлучи судот, ние така и ќе постапиме“,– Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Студентите бараат студентскиот оброк да се зголеми на најмалку 172 денари, а исплатата да продолжи со сегашниот модел преку платежни картички, наместо со предложениот нов модел со дигитални ваучери. -Нашите пресметки покажуваат дека во овој момент, студентскиот оброк на почетокот на 2027 година треба да изнесува најмалку 172 денари. Ова не е нешто кое е наше толкување, туку ова е согласно Законот за субвенциониран оброк. Ние спроведовме анкета на која одговорија над 10.000 студенти на прашање поврзан за студентскиот оброк, вели дека над 90 посто од студентите го посочуваат токму износот од 140 денари како најголем проблем во сегашниот модел. Според предлогот на МОН, со новиот модел за субвенционирање од следната академска година, студентите ќе можат да користат 20% попуст во продавниците со кои владата ќе склучи договори. По вчерашната средба со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Јаневска најави дека ќе ги почека резултатите од дополнителните консултации меѓу студентите, но и дека ќе организира средба со претставниците на останатите студентски собранија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00