ВАДА може да поднесе жалба на одлуката во случајот со допингот кај Синер - Канал 5

ВАДА може да поднесе жалба на одлуката во случајот со допингот кај Синер

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ќе ја разгледа можноста за жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) на одлуката да не го дисквалификува Јаник Синер поради два позитивни допинг теста во март оваа година.

ВАДА може да поднесе жалба на одлуката во случајот со допингот кај Синер

- Како и во другите случаи, ние внимателно ќе ја разгледаме оваа одлука и ќе го задржиме правото на жалба до CAS доколку е потребно, се вели во соопштението на ВАДА.

Независен трибунал пресуди дека забранетата супстанцијата влегла во телото на тенисерот преку анаболичен стероид купен од неговиот фитнес тренер и користен од физиотерапевтот на Синер за лекување на исеченица на прстот. Забележано е дека лекарот го третирал спортистот без ракавици.

И покрај ослободената пресуда во случајот со допинг, Синер ќе ги загуби паричните награди и ранг-поени за турнирот од серијата Мастерс во Индијан Велс (САД), на кој стигна до полуфиналето. Натпреварот се одржа од 6 до 17 март.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава, ја води СДС кон исчезнување и и штети на Македонија

​Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија.

Петрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава, ја води СДС кон исчезнување и и штети на Македонија

Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење.

Почитувани,

Дали е можно некој да е подготвен до тој степен да распродаде се свое, се македонско, дали е можно некој безусловно да прифаќа диктати од официјална Софија за внесување на Бугари во Уставот, притоа знаејќи дека барањата не сопираат тука, односно дека истите удираат и по македонскиот идентитет, историја.

Да, можно е, и на тоа сведочиме секојдневно, го гледаме Филипче како слугува на официјална Софија, кој се однесува како специјален претставник на бугарската политика во Македонија. Токму тоа го гледаме од човекот кој може да се нарече секако само не политичар кој се грижи за Македонија и граѓаните.

Полтронскиот однос на Филипче кон Бугарија му се удира секојдневно од глава.

За разлика од Филипче и раководството на СДС, ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става сопствената држава Македонија пред се останато. Потоа јасно работи за доброто на секој еден граѓанин во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ јасно чекори кон исполнување на европските вредности, нивната секојдневна употреба.

YouTube video

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младеновска: „Твоја држава, твоја шанса“: Плати што го следат животот, економија што работи за луѓето

Вистината е дека македонската економија се распаѓа -  граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари.

Младеновска: „Твоја држава, твоја шанса“:  Плати што го следат животот, економија што работи за луѓето

На средина од годината нема пари во буџетот, веќе е испразнет. Дури и планираниот годишен дефицит е веќе пробиен за над 18 милиони евра.

Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема. Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Само за криминални тендери има пари. Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори.

СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за малкумина привилегирани.

Правично е државната поддршка да ја добиваат компании што носат резултати и придонесуваат во економијата, а не фирми што се блиски до власта и напредуваат по партиска линија.

Затоа предвидуваме строга ревизија на секои 18 месеци, на секоја мерка.

Ако компанијата не испорачува резултати, ако нема ефект врз продуктивноста, средствата ќе се пренасочуваат кај поуспешни корисници.

Предвидуваме долгорочна поддршка и следење на компаниите што се извозно ориентирани и имаат потенцијал за раст, преку Развојната банка на Македонија.

Економијата мора да се развива во сите региони. Затоа ќе развиваме индустриски кластери според локалните потенцијали.

Финансиската поддршка за компаниите ќе биде условена со обука на работниците, воведување стандарди и пристап до нови пазари.

Праведно е пари да се даваат за успех, а не за преживување.

Економијата не е бројка на хартија, тоа е платата што работникот ја носи дома, пензијата на пензионерот, цената на храната и сметките - достоинството на секое семејство.

Затоа, во нашата платформа, за работниците создаваме шанса за повисоки плати и достоинствен живот.

Минималната плата автоматски ќе се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите.

Ако профитот на компанијата расте, ќе мора да расте и платата на работникот.

Така е правично.

Твоја држава, твоја шанса!

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата

Изјава за медиуми на премиерот Мицкоски од пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден.

Мицкоски од Илинден: Владата со поддршка за приватниот сектор, колку е поуспешен бизнисот, толку е посилна државата

„Почитувани претставници на медиумите

Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно.

Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух.

Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција, за мене луѓето коишто влегуваат во вакви инвестиции се во суштина најголемите патриоти коишто обезбедуваат едно работно место повеќе, коишто се грижат да обезбедат плата повеќе во месецот, така што ние како Влада секогаш ќе бидеме на страната на бизнисот коишто секогаш се труди да направи повеќе.

Колку е поуспешен бизнисот толку е и државата поуспешна, тоа јас сум го кажал многупати, а колку е државата пак поуспешна тогаш и бизнисот е повреден, тоа е отприлика како двонасочна улица, така што за мене претставува чест и благодарност до сопственикот на објектот, овде за денеска што ме покани да свечено го отвориме овој објект.

Благодарам и до градоначалникот на Општина Илинден којшто како институција застана целосно позади реализацијата на оваа инвестиција и се разбира уште многу инвестиции да се множат во периодот којшто следи.

Ви благодарам.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер