Ужас во Шпанија: Момче ја убило и изело својата мајка, доби 15 години затвор (ВИДЕО) - Канал 5

Ужас во Шпанија: Момче ја убило и изело својата мајка, доби 15 години затвор (ВИДЕО)

Млад маж од Шпанија е осуден на 15 години затвор откако ја убил својата мајка и ги изел нејзините остатоци.

Ужас во Шпанија: Момче ја убило и изело својата мајка, доби 15 години затвор (ВИДЕО)

Алберто Санчез Гомез (28) бил уапсен во 2019 година откако полицијата пронашла остатоци од тело во куќата на неговата мајка. Некои биле во пластични контејнери за храна.

Санчез се бранел со лудило, изјавувајќи дека имал психотична епизода за време на убиството, но судот ги отфрлил неговите аргументи и го осудиле на 15 години затвор за убиството на неговата мајка и на уште пет месеци затвор за криење на нејзините останки.

Исто така, му било наредено да му исплати 60.000 евра отштета на неговиот брат, пишува Би-Би-Си.

YouTube video

Пријателка на Марија Соледад Гомез (60) во февруари 2019 година контактирал со полицијата велејќи дека е загрижена дека не е добро. Полицајците дошле во нејзиниот дом во Мадрид и ги пронашле нејзините остатоци.

За време на судењето, се дознало дека Санчез, тогаш 26 годишен, ја задавил својата мајка за време на расправија. Потоа ја распарчил и јадел делови од нејзиното тело следните две недели, хранејќи го дури и своето куче.

Шпанските медиуми велат дека младиот човек и бил познат на полицијата по насилството врз неговата мајка и дека претходно му бил забранет пристап.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Силна ветеринарна професија значи побезбедна храна, поздрави животни и заштитено јавно здравје

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера се обрати на свеченото отворање на 11. Меѓународен научен собир „Денови на ветеринарна медицина 2026“, што се одржува во Струга во организација на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

АХВ: Силна ветеринарна професија значи побезбедна храна, поздрави животни и заштитено јавно здравје

Во своето обраќање директорот ја истакна клучната улога на ветеринарната професија во заштитата на здравјето на животните, безбедноста на храната и јавното здравје, нагласувајќи дека современите здравствени ризици бараат заеднички и координиран пристап на институциите, науката и ветеринарните професионалци.

„Нема јавно здравје без здравје на животните и нема безбедна храна без силна ветеринарна професија. Концептот ‘Едно здравје’ за Агенцијата не е само научен концепт, туку секојдневна обврска“, истакна директорот.

Посебно внимание беше посветено на актуелните епидемиолошки и епизоотиолошки предизвици и на потребата од континуиран надзор, навремено препознавање на ризиците, современа лабораториска дијагностика и брза реакција на терен.

Во ветеринарната медицина времето е фактор на безбедност. Еден навреме препознаен сомнителен случај, точна дијагноза и брза реакција можат да спречат локален проблем да прерасне во сериозна криза, беше нагласено во обраќањето.

Директорот потенцираше дека ветеринарите на терен претставуваат една од првите линии на заштита на јавното здравје. Со спречувањето и контролата на заразните болести тие истовремено ги штитат сточарството и економијата, додека преку контролата на безбедноста на храната и раното препознавање на зоонозите директно придонесуваат за заштита на здравјето на граѓаните.

Како еден од приоритетите беше истакнато и натамошното унапредување на ветеринарниот систем во земјава преку зајакнување на надзорот и дијагностичките капацитети, дигитализација, подобра размена на податоци и континуирано стручно усовршување на ветеринарните професионалци. Во таа насока, беше потенцирано стратешкото партнерство меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, особено во поврзувањето на науката со практиката и носењето одлуки засновани на научни докази и процена на ризик.

„Вложувањето во ветеринарната медицина не е трошок, туку инвестиција во здравјето, безбедноста и економската стабилност на државата. Нашата цел е да градиме систем кој нема само да реагира на кризите, туку навреме ќе ги препознава и ќе ги спречува ризиците“, порача директорот.

На крајот, тој упати благодарност до деканот на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, проф. д-р Деан Јанкулоски, до организаторите, научната и академската заедница и до ветеринарните практичари за нивниот придонес во развојот на ветеринарната медицина.

Агенцијата за храна и ветеринарство останува посветена на соработката со науката и ветеринарната професија и на унапредувањето на системот за здравствена заштита на животните и безбедност на храната, во функција на заштита на јавното здравје.

„Да бидеме чекор пред ризиците, затоа што превенцијата денес значи сигурност утре.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар

 Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар - вака Ѓорѓиевски го води Скопје!

СДСМ: Скопје остана без базен за пливачи, жичницата возела без сензори, ѓубре по градот и по брегот на Вардар

Пливачките клубови во Скопје повторно немаат каде да работат. Јавните базени се затвораат, се отвораат за камера и повторно се празнат. Децата и спортот чекаат термини што ги нема.

Град со повеќе од половина милион жители функционира како пливањето да е луксуз, а не јавна услуга.

Мицкоски сечеше ленти. Базенот во Кисела Вода беше пуштен пред камери, со градоначалникот Ѓорѓиевски покрај него, како завршен проект. Потоа објектот заврши под клуч. Нема часови. Нема тренинзи. Има празен бетон што се води како реализација.

Клековски во меѓувреме нареди празнење поради комарци. Прво полнат за снимање. Потоа празнат со изговор. Тоа не е управување со спортска инфраструктура. Тоа е доказ дека државата се третира како сцена, а објектот како реквизит.

Сè е како Скопје 2014. Зад фасадата - стиропор.

Истата логика се гледа кај жичницата на Водно. Три од четири безбедносни сензори не работеле додека се превезувале патници. Носечките и влечните сајли биле под дозволениот минимум. Производителот Допелмаер утврдил ризик гондолата да се откачи. Во Швајцарија поради еден неисправен сензор имало смрт. Кај нас не работеле три. ЈСП претходно уверуваше дека е безбедна.

Ѓорѓиевски ја објави опасноста. Не објави кој дозволил жичницата да превезува граѓани во таква состојба, кој потпишал прегледи во 2024 и 2025 година и кој сноси одговорност. Опасноста стана соопштение. Одговорноста остана без име.

Како и со водата во Гостивар. Нема одговорни, кривичните пријави стојат во фиока, а градот 10 недели е без извештај за исправноста на водата.

Нема документ, нема потпис и печат. Само зборот на арамијата Мицкоски, кој лаже кога ќе прозбори, хиперхлоричарот Тошковски и Келковски, кој од првиот ден на работа во Владата е на екскурзија.

Ова е системот околу Мицкоски. Премиер, министер, градоначалник - едниот отвора, другиот затвора, едниот полни, другиот празни, едниот снима од дрон, лепи билборд со коњ со пет нозе и се повлекува кога треба да стави потпис.

Вардар и Лепенец се загадени, а проверката оди од воздух. Кој ги загадил - резултат нема.

Ѓубрето со месеци стоеше низ градот и по брегот на Вардар. За Ѓорѓиевски тоа не е комунален проблем.

Автобусите се најавуваат во круг, тендерот се реобјавува, јавниот превоз останува ист. Градот се рекламира. Не се одржува.

СДСМ бара одговорност, не лента. Зошто базенот е затворен откако беше отворен со народни пари? Кој наредил инфраструктурата да се празни наместо да се одржува? Кој дозволил жичница да превезува патници со неисправни сензори?

Без тие одговори Скопје не добива спорт, не добива безбедност и не добива град.

Добива доказ дека власта работи за кадри и за ПР, а последиците ги остава на граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Челзи го продаде својот удел во клубот за 1,3 милијарди евра

Американскиот бизнисмен Тод Боли повеќе не е претседател ниту сосопственик на Челзи.

Претседателот на Челзи го продаде својот удел во клубот за 1,3 милијарди евра

Тој и неговиот деловен партнер Марк Волтер ги продадоа своите сопственички удели за приближно 1,3 милијарди евра, а купувач е мнозинскиот сопственик, компанијата „Клирлејк“ (Clearlake).

Со тоа, Боли и Волтер ставаат крај на својот ангажман во лондонскиот клуб. Боли и Волтер продадоа по 12,8 отсто од акциите, што значи дека „Клирлејк“ презеде нешто повеќе од 25 отсто од сопственоста. Со ова, сопственичкиот удел на американската компанија се зголеми на речиси 88 отсто.

Единствениот преостанат малцински сопственик е швајцарскиот филантроп Хансјорг Вис, со удел од 12,8 отсто.

Продажбата била реализирана поради длабоки разлики во визијата на раководството на клубот. Според информациите објавени од ESPN пред еден месец, Боли и Волтер влегле во судир со раководството на „Клирлејк“ (Clearlake) околу клучни прашања.

Тие немале усогласени ставови за стратешкиот правец на клубот, изборот на тренер, трансферната политика, како и за плановите за реновирање на стадионот „Стемфорд Бриџ“.

Конзорциум предводен од „Клирлејк“, Боли, Волтер и Вис го презеде Челзи од Роман Абрамович во мај 2022 година за 5,25 милијарди долари. Рускиот сопственик беше принуден да го продаде клубот поради санкциите од Европската Унија.

Иако оттогаш се потрошени повеќе од 1,8 милијарди евра за нови засилувања, спортските резултати не соодветствуваат на вложувањата.

Меѓу најголемите успеси во овој период се освојувањето на Конференциската лига и Светското клупско првенство во 2025 година, како и освојувањето на четвртото место во Премиер-лигата во сезоната 2024/2025. Боли поседува удел од една петтина во бејзбол-тимот „Лос Анџелес Доџерс“ и малцински удел во женскиот кошаркарски тим „Лос Анџелес Спаркс“.

Неговиот близок соработник, Марк Волтер, минатиот месец го продаде тимот „ЛА Лејкерс“ за 12,5 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер