Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
ЖивотУжас во Русија: Автомобил прегази жена, па продолжи да вози преку неа (ВИДЕО)Бизарен инцидент се случил во градот Зеленодолск во Руската Република Татарстан, кога жена двапати била прегазена од автомобил.На снимката од местото на настанот се гледа жена која стои зад паркиран автомобил, а тој несовесно тргнува наназад и ја гази. Возачот, мислејќи дека е заглавен во снегот, прво дава гас, а потоа се движи напред за да се обиде повторно да ја помине „пречката“. Кога жената се обидела да стане, автомобилот повторно ја прегазил, туркајќи ја назад во снегот. Конечно, возачот на автомобилот сфатил дека нешто не е во ред и излегол од возилото за да провери за што е „заглавен“. Кога сфатил дека се работи за старица и` помогнал да стане, а таа итно била префрлена во болница каде и била укажана лекарска помош. Утврдено е дека жената за чудо поминала без никакви повреди. Возачот, за кој се верува дека има 64 години, управувал Форд Куга и наводно не го видел пешакот зад автомобилот. Надлежните отвориле истрага за инцидентот и соопштија дека сторителот бил искусен возач, но дека во последните две години бил казнет пет пати за разни сообраќајни прекршоци. Се верува дека присуството на значителни количини снег на патот помогнало да се избегне страшна трагедија, објави британски Мирор .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Хајди Клум повторно во топлесСлавната манекенка и топ модел Хајди Клум повторно привлече внимание со провокативни фотографии што ги објави на социјалните мрежи. Својата слободна недела ја поминала релаксирајќи се покрај базенот, каде што позира без горниот дел од костимот за капење во топлес , а покрај фотографијата напиша едноставно: „Неделаааа“. Клум го користи секој слободен момент за одмор и релаксација, а редовно ги почестува своите следбеници со фотографии на кои ужива во сончањето. За оние што ја следат со години, ваква глетка не претставува никакво изненадување. Манекенката и претходно има објавувано свои фотографии на кои се сонча топлес, а во минатото објаснила дека ваквиот начин на сончање е прилично вообичаен во Германија.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини-Мини-фустанот малку криеше.Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг. Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание. Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња. Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките. Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации. Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед. Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во СрбијаОрганизираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап. Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште. Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија. Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски . Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот. Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ. Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО. Но ние знаеме зошто е паниката. Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност. Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter